По улиците на град во Холандија дефилира парада од – гуски (ВИДЕО) - Канал 5

По улиците на град во Холандија дефилира парада од – гуски (ВИДЕО)

Во Холандија, поконкретно во градот Валкенбург, за време на божикните празници двапати неделно се одржува магична парада.

По улиците на град во Холандија дефилира парада од – гуски (ВИДЕО)

Низ градот дефилира и фантастична поворка на учесници на карневалот која не е често видена насекаде, објави Телеграф.

De Ganzenfanfare е традиција која потекнува од Холандија и настанала благодарение на одгледувањето гуски. Добро познатата парада на гуски се одржува секоја година, неколку пати, за време на фестивали и празници во неколку европски градови во Белгија и Данска, како и во родната Холандија. Во Каатшеувел во Холандија, постои дури и тематски парк Ефтелинг: неколку пати на ден околу него се организираат Ganzenfanfare или гускини паради.

YouTube video

Една таква традиционална парада се одржува и во Валкенбург, низ чии улици маршираше јато гуски.

Секој ден, јато гуски маршира низ улиците на градот, често придружени од локалното население и туристите. Оваа необична поворка стана сакана традиција: иако потеклото на парадата е нејасно, се верува дека започнала спонтано, при што гуските едноставно следеле редовна рута.

@matadornetwork A parade like no other 🎊 in Valkenburg, the geese take center stage daily 🦢 Each day, a flock of geese marches through the town's streets, often accompanied by locals and tourists alike. This unusual procession has become a beloved tradition, adding a touch of whimsy to the town's atmosphere. While the exact origins of the parade are unclear, it's believed to have started organically, with the geese simply following a regular route. Regardless of its history, the Goose Parade is a delightful sight that captures the hearts of all who witness it. 🎥 @Mela Valkenburg 📍 Valkenburg, Netherlands #netherlands #parades #parade #visitnetherlands #Valkenburg #goose #geese ♬ original sound - Matador | Travel + Adventure

Тулуските гуски припаѓаат на најголемите видови гуски и тие го обиколуваат градот, предводени од костимирана личност која ги насочува низ улиците. Оваа необична група е придружувана од човек кој свири перкусии. Гуските шетаат по пазари, трговски центри, паркови, дури и низ црквата и минуваат низ одделенија во здравствените установи.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Ѓорчевска ја дозна противничката во првото коло на Вимблдон

Детскиот сон стана „јаве“ – Лина Ѓорческа е првата македонка во историјата која ќе истрча на „Светиот тревник“ и тоа, ниту помалку, ниту повеќе – на теренот број 1. на најстариот и најпрестижен светски тениски турнир, Гренд Слемот – Вимблдон.

Ѓорчевска ја дозна противничката во првото коло на Вимблдон

„Ниту е лесно, ниту има поддршка, но горда сум што, иако доаѓам од мала земја, сум единствената во историјата“ – порача македонската тенисерка по квалификациската победа над италијанката Луција Бронзети со 6-1, односно 6-2 во сетови...

-За мене, лично, навистина сум горда што сум, иако доаѓам од мала земја, горда сум што сум единствената во историјата, мислам и на жените и мажите, ова навистина е остварување на сонот за мене. Но, како што кажавте, доаѓајќи од мала земја, мора да се справите со многу работи, не е лесно. Првенствено за тренинг, за терени, и за пари исто така, нели? Мораш се да направиш сам, како што јас правам се сама. Значи, не е лесно, но кога ќе стигнете тука, навистина е 100% повеќе. - Лина Ѓорческа – Тенисерка

„Овој успех е најголемиот во тениската историја на Македонија, а знам колку време Лина го чекаше овој момент“ – порача поранешниот АТП – тенисер Предраг Русески. До Гренд Слем е вели е тешко да се стигне, особено поради несоодветната инфраструктура и финансиска поддршка во Македонија, па се надева дека овој успех ќе ги разбуди институциите. Но, вели овој подвиг сега носи нов моментум, па на оние деца, кои сонуваат со рекетот во рака, Ѓорческа им покажа дека соништата можат да си ги остварат.

-Таа логистика, таа неинфраструктура во Македонија, финансиите се секогаш главен проблем и многу е поголемо чувството на успех и поголемо задоволство кога ќе се направи ваков резултат од една мала земја.Треба да се дочека можноста, вредно да се работи, да се верува на тренерот, да се верува на својата игра, поддршката од родителите и најблиските е секако таа која те следи и те носи низ целата кариера, и верувам дека ако си констатен и веруваш во својот успех, кога – тогаш, Господ ќе ти ја даде таа среќа. Многу сум среќен за Лина, и за Лабуд, нејзиниот тренер, знам дека вредно и долго работат заедно. - Предраг Русески – Поранешен АТП тенисер

Министерот за Спорт – Борко Ристовски за Канал 5 вели дека подвигот на Ѓорческа е важен за македонскиот спорт и особено ќе влијае врз младите. Што се однесува до финансиската поддршка, вели најголемиот дел од средствата во тениската федерација се слеваат од државата. Тенисот е скап, индивидуален спорт за кој има поддршка, но не и финансирање.

Ѓорчевска на Вимблдон, единствениот турнир со митски статус и природна трева ќе истрча во понеделник, а противничка ќе и биде минатогодишната финалистика на Вимболдон, американката Аманда Анисимова која е шеста на АТП листата и важи за голме фаворит и годинава. времето на почетокот мечот, допрва ќе прецизира, во зависност и од останатите натпревари.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Над 120 македонски уметници ќе настапат во 15 градови за 35 години независност

Повеќе од 120 домашни уметници ќе бидат дел од голем музичко-сценски спектакл со кој ќе се одбележат 35 години од независноста на Македонија.

Над 120 македонски уметници ќе настапат во 15 градови за 35 години независност

Перформансот ќе се изведува на отворено во 14 до 15 градови низ земјата во август и септември. Проектот е замислен како уметничко патување низ најзначајните моменти од изминатите три и пол децении, а не како класично хронолошко претставување на политичките и општествените настани.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Аларм од народниот правобранител: Пациенти со тешки кривични дела лесно бегаат од Демир Хисар

Во вондреден надзор во психијатриската болница Демир Хисар е посебно забележано дека лицата кои покрај психолошкото нарушување имаат и тешки кривични дека, не се под посебен надзор и често бегаат од болницата.

 Аларм од народниот правобранител: Пациенти со тешки кривични дела лесно бегаат од Демир Хисар

Проблемот со обезбдувањето на лицата со психичи заболувања кои се сметстни во судските одделенија во психијатриските болници се најдоа и во извештајот на народниот правобранител во делот на местата за лишуање од слобода, полициските станици, казнено поправните домови и психијтриските установи. Во вондреден надзор во психијатриската болница Демир Хисар е посебно забележано дека лицата кои покрај психолошкото нарушување имаат и тешки кривични дека, не се под посебен надзор и често бегаат од болницата.

Канал 5 во серија прилози ја работи оваа тема каде што вработени од болниците велат дека и покрај малиот број на вработени за лекување не можат да бидат и полицијаци и да ги контролираат. Александар Пандов првиот човек на упрвата за извршување на санкции потври дека со новите измени на законот ќе биде ставено да има во овие установи затворска полиција. Исто од канцеларијата на народниот правобранител објанија дека има пренатрупаност во затвоите и многу често притворите и оние кои се во затвор се заедно.

Во полициските станици е потврдено дека нема доволно униформирани полицајци и во поголем дел од станиците нема посебни простории за сослушување на деца.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер