Многу еуфорија во Скопје пред натпреварот со Шкотска, околу 4000 шкотски навивачи дојдоа за натпреварот
1Многу еуфорија во Скопје пред натпреварот со Шкотска, околу 4000 шкотски навивачи дојдоа за натпреварот
БалканПо убиството во Ново Место, словенечкиот премиер свика вонреден состанок, двајца министри поднесоа оставкиПремиерот на Словенија, Роберт Голоб свика кризен состанок по насилната смрт на жител на Ново Место, на кој министерката за правда Андреја Катич и министерот за внатрешни работи Боштјан Поклукар понудија оставки, а Голоб ги прифати,.Премиерот на Словенија, Роберт Голоб свика кризен состанок по насилната смрт на жител на Ново Место, на кој министерката за правда Андреја Катич и министерот за внатрешни работи Боштјан Поклукар понудија оставки, а Голоб ги прифати, јавија словенечките медиуми. На седницата на Советот за национална безбедност беше донесена одлука за зголемување на присуството на полицијата во Ново Место, испраќање дополнителни сили таму од други делови на Словенија и активирање на специјални полициски единици доколку е потребно. Премиерот Голоб свика кризен состанок утрово во 10 часот. На состанокот беа поканети министерката за правда Андреја Катич, министерот за внатрешни работи Боштјан Поклукар, министерот за труд, семејство, социјални работи и еднакви можности Лука Месец, главниот државен обвинител Катарина Бергант, претседателот на Врховниот суд Миодраг Ѓорѓевиќ и главниот директор на полицијата Дамјан Петрич. Министерката Катич веќе по пристигнувањето на состанокот изјави дека ќе ја понуди својата оставка. По состанокот, премиерот Голоб се обрати до јавноста: „Министрите одговорни за клучните области ги понудија своите оставки, а јас ги прифатив. Во наредните денови ќе предложам нов министер за правда“ Министерката во оставка Андреја Катич изрази сочувство до семејството и пријателите на жртвата. Боштјан Поклукар изјави дека остро го осудува вчерашниот настан. „Секое насилство во општеството е целосно неприфатливо. Преземам целосна објективна одговорност и поднесувам оставка.“ Голоб додаде дека и министерката Катич и министерот Поклукар ги понудиле своите оставки дури и пред кризниот состанок и дека „состанокот бил наменет исклучиво за разгледување на мерките и сценаријата за подобрување на безбедноста“. На повиците на опозицијата со кои се бара оставка од целата влада, Голоб одговори: „Моето заминување не може да го врати мојот татко во живот. Министрите ја презедоа одговорноста. Моето заминување би било бегство од одговорноста - сакам да ја преземам за да може животот, не само во Долењска, туку и во цела Словенија, да биде побезбеден во иднина.“ Во ноќта од петок кон сабота во центарот на Ново Место се случи напад врз граѓанин кој претрпел сериозни повреди на главата, а подоцна починал во болница. Нападот се случи во саботата околу 2:30 часот наутро, кога маж дошол во бар на улицата Розманова за да го земе својот син, кој му се јавил бидејќи му се заканила група Роми. Според првичните информации, мажот бил претепан од групата, но полицијата досега уапсила 20-годишен осомничен припадник на росмка заедница, јавија словенечките медиуми Тагови: словенија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаМногу еуфорија во Скопје пред натпреварот со Шкотска, околу 4000 шкотски навивачи дојдоа за натпреваротШкотските навивачи ги освоија улиците на Скопје. Не очекува ли жешка атмосфера вечерва на арената Тодор Проески, на дуелот мегу Макеоднија и Шкотска.Каква беше денеска атмосферата во Скопје, каде видливо беше присуството на таканаречената Тартан арми. Какви се очекувањата на шкмотските навивачи? Скопје вечерва носи возбудлива атмосфера и поради уште еден настан традиционалната Бела ноќ. Што всушност носи нејзината програма, која најавено е дека ке трае до 3 часот по полноќ? Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиДијалог со Софија па патоказ за ЕУ- дали Скопје и Софија ќе најдат решение за деблокада на европскиот пат?15:05Мицкоски: Капиталните проекти ќе го подобрат животот на скопјани12:41Посебен режим на сообраќај во Скопје поради фудбалски натпревар на арената „Тодор Проески“09:30Лајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела18:00Лајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела15:16
Дијалог со Софија па патоказ за ЕУ- дали Скопје и Софија ќе најдат решение за деблокада на европскиот пат?15:05
Лајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела18:00
Лајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела15:16
МакедонијаЦентарот на градот е исполнет со навивачи, Скопје живее во фудбалски ритамСкопје денеска живее во фудбалски ритам. Неколку часа пред дуелот Македонија – Шкотска, центарот на градот е исполнет со навивачи од двете репрезентации, со песна, добро расположение и позитивна атмосфера пред вечерашната пресметка. Највпечатливи, како и секогаш, се гостите. Шкотите во препознатлив стил – со килтови, знамиња и песна – уште од претпладне ја загреваа атмосферата низ скопските улици. Добро расположение и кај македонските навивачи. Со надеж дека домашниот терен ќе донесе пресврт, тие очекуваат Македонија да ја прекине лошата серија и да стигне до првиот позитивен резултат. За македонската репрезентација ова е можност пред домашната публика да го поправи впечатокот по поразите од Швајцарија и Словенија. Вечерва од 20 часот и 45 минути, атмосферата од скопските улици ќе се пресели на трибините на Националната арена „Тодор Проески“. Таму прогнозите ќе завршат, а ќе почне борбата за првата победа во групата. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаЛишен од слобода велешанец, пронајдена дрога и пари, следува пријаваНа 02.10.2026 во 18:00 часот во Велес, полициски службеници од Отсек за недозволена трговија со дрога при СВР Велес, го лишија од слобода Н.М.(42) од Велес. Имено, тој бил забележан како на неколку места остава пакувања со бела грутчеста материја и при преглед на местата во негово присуство, биле пронајдени и одземени бела прашкаста материја, бела грутчеста материја, кафена грутчеста материја и дигитална вага, а при преглед кај Н.М. биле пронајдени и одземени пари. Исто така, по издадена судска наредба од Основен суд Велес, бил извршен претрес во дом и помошни простории на Н.М., каде биле пронајдени и одземени пари. Тој бил задржан во полициска станица, известен е јавен обвинител и по документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.Тагови: дрога Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook