По три години во бегство, Илиевски се предаде на италијанската полиција / Обновен

По три години во бегство, кралот на фудбалските местенки Христијан Илиевски е во притвор.

Веднаш по слетувањето на аеродромот во Бергамо, тој самиот и се предал на полицијата. „Циганскиот бос“ од Македонија, како што го нарекуваат италијанските медиуми, е првообвинет во случајот „Калчо скомезе“ за местење на фудбалски натпревари во италијанските лиги.

Властите во Италија скандалот го обелоденија во 2012 година, но се досега Илиевски не и беше достапен на истрагата. Според обвинението против него напишано на 120 страници, тој се товари за 40 наместени натпревари во Италија во периодот од 2009 до 2011 година. Во неговата мрежа биле вклучени 30 професионални фудбалери и 130 членови кои помагале во организацијата. Центарот на криминалната група бил Сингапур, а се оперирало и преку Македонија, Унгарија и Швајцарија.

Најатрактивно име кое се споменуваше како инволвирано во овој скандал беше Антонио Конте – актуелниот селектор на Италија, а како соработници на Илиевски се споменуваат уште и познатите фудбалски имиња како Стефано Маури, Кристиано Дони, Маури Брешан, Џузепе Сињори.

Според италијанските медиуми, организацијата заработила два милиона евра само од мечот Лече - Лацио, од кои 400.000 му биле дадени на капитенот на Лацио Стефано Маури како мито.

Дел од осомничените фудбалери веќе беа изведени пред обвинителството во Италија, дел сеуште се во притвор. Сега се чека да пропее и Илиевски, оти тој изјавил дека е подготвен да соработува со истражните органи.

Инаку по стилот на „обработка“ и начинот на работа на Македонецот, во Италија се појави и книга под наслов „Методот Илиевски“ која беше експресно распродадена, а се однесува токму на местенките и начинот на кој оваа група „оперирала“ со екипите и играчите.


Се огласи Бајден по налогот за апсење на Нетанјаху од МКС: Не е исто

Барањето на обвинителот на Меѓународниот кривичен суд (МКС) да издаде налог за апсење на израелските лидери е „безобразно“ и САД не се согласуваат со споредбата меѓу Израел и Хамас, изјави американскиот претседател Џо Бајден.

„Да бидам јасен, што и да се обидува да имплицира овој обвинител, нема изедначување на Израел и Хамас“, рече тој, пренесе Ројтерс.

Пресудите за апсење на МКС може да ги загрозат напорите за постигнување прекин на огнот, договор за заложници и зголемување на хуманитарната помош за Газа, рече државниот секретар Ентони Блинкен.

„Го отфрламе наводот на обвинителот со изедначување на Израел со Хамас“, нагласи Блинкен, пренесува Ројтерс.

Главниот обвинител на МКС, Карим Кан, претходно денеска изјави дека се поднесени налози за апсење против Нетанјаху и министерот за одбрана Јоав Галант под обвинение за „предизвикување истребување, поттикнување глад како метод на војна, вклучително и негирање хуманитарна помош и намерно таргетирање на цивили во конфликтот“.

Освен тоа, денеска судот побара апсење на лидерите на Хамас – Јахја Синвар, Мохамед Деиф и Исмаил Ханије.

Тројцата се обвинети за „истребување, убиство, земање заложници, силување и сексуален напад“.

Родителите преплашени по нападот со нож во училиште во Кина- најмалку две лица загинале

Најмалку две лица загинаа, а 10 се повредени во напад со нож во основно училиште во кинеската провинција Џиангкси.

Полицијата соопшти дека жената (45) го извршила нападот употребувајќи нож за салата. Во меѓувреме била уапсена.

Нападот се случил околу пладне по локално време, но се уште не е познато дали меѓу жртвите има и деца.

По веста за нападот, родителите веднаш се упатиле кон училиштето и го опишале својот страв и шок.

„Дознав околу пладне, бев многу шокиран. Моето дете е петто одделение и безбедно си стигна дома, но училиштето не нѝ извести за ништо и сѐ чува во тајност. Се враќам да го утешам детето и да дознаам што точно се случило“, рече еден родител за Би-Би-Си.

Друг татко рекол дека е многу исплашен и дека не се исплашени само децата, туку и возрасните.

"Наставниците добро реагираа - веднаш објавија фотографии од децата во родителската група, рекоа дека децата се безбедни и веднаш ја заклучија вратата. Ги замолија родителите да дојдат да ги земат", рекол друг татко.

Тој додаде дека наставниците им рекле дека нападот е под истрага и дека не знаат повеќе детали.

Официјално: Ливерпул најде замена за Клоп, од 1 јуни на неговото место доаѓа Арне Слот

Денови на промени во Ливерпул.

Откако Јирген Клоп го одигра својот последен меч со „црвените“ во неделата против Вулверхемптон Вандерерс, клубот денеска откри дека негов официјален наследник ќе биде долгогодишниот шеф на стручниот штаб на Феенорд, Арне Слот.

Тој ќе ги преземе своите обврски на 1 јуни 2024 година, а Ливерпул успеа да се договори со Феенорд за сите детали.

Специјалистот со холандско потекло пристигнува во Ливерпул по големиот успех во Феенорд, каде што го предводеше тимот до титулата во 2023 година, а двапати беше прогласен за тренер на годината во Ередивизие.

Годинава го освои холандскиот куп со Феенорд, откако тимот во финалето го совлада НЕЦ Најмеген со минимален резултат.

Покрај тоа, Слот во текот на кариерата беше тренер на АЗ Алкмар со кого што го освои второто место, веднаш зад Ајакс со кого беше израмнет по бодови, но не и во гол разлика.

Тој ќе стане и првиот шеф на стручниот штаб на Ливерпул кој доаѓа од Холандија, а всушност ќе започне со работа во јули за време на подготовките.

притисни ентер