По три дена пожарот на прилепската градска депонија кај Алинци целосно е изгаснат - Канал 5

По три дена пожарот на прилепската градска депонија кај Алинци целосно е изгаснат

Пожарот на прилепската градска депонија кај Алинци е целосно изгаснат. Пожарот беснееше три дена на депонијата, информираат од ЈКП „Комуналец“ и од прилепската локална самоуправа.

По три дена пожарот на прилепската градска депонија кај Алинци целосно е изгаснат

Според надлежните, ова беше досега еден од најголемите пожари предизвикан од непознат сторител. По три дена, со пожртвувана борба со огнот, кој се закануваше да се прошири и на останатите ламели, вработените од прилепската противпожарна заштита, од ЈКП „Комуналец“, од Дирекцијата за заштита и спасување, од голем број општествено одговорни компании, успеаја целосно да ја изгаснат депонијата, објаснуваат од ЈКП „Комуналец“.

- Изразуваме благодарност до сите компании кои освен човечките ресурси на располагање ја ставија и својата градежна механизација, цистерни и транспортни товарни возила. Територијалната противпожарна единица како и секогаш беше на врвот на својата задача, подготвена и за најголемиот ризик. Со овој најголем предизвикан пожар досега на депонијата во Алинци, се потврдува фактот дека Регионалното депонирање на отпадот е спасот за сите општини во Македонија, со претходен модел на селекција на отпадот на местото на настанување, и вложување на општините во Инсталации за управување со отпад, информираат од ЈКП „Комуналец“ и од прилепската локална самоуправа.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Приведена охриѓанка ткако ја нападнала 72-годишната свекрва

Полицијата  вчера привела 34 годишна жена откако ја нападнала свекрвата во семјниот дом. 

Приведена охриѓанка ткако ја нападнала 72-годишната свекрва

- На 14.08.2026 година во 09:40 часот полициски службеници од СВР Охрид од слобода ја лишиле Т.Д.(34) од охридско село, постапувајќи по претходна пријава дека во семејниот дом физички ја нападнала нејзината 72 годишна свекрва, соопштија од полицијата во дневниот билтен.

По целосно документирање ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Пожар од Босна и Херцеговина премина во Хрватска, ангажирани воени авиони и канадери

Пожар на отворено, кој избувна во Босна и Херцеговина, утринава се прошири на хрватската страна на планината Динара, соопшти Хрватската противпожарна заедница.

Пожар од Босна и Херцеговина премина во Хрватска, ангажирани  воени авиони и канадери

Противпожарниот центар на Шибенско-книнската жупанија го откри пожарот преку систем за видеонадзор. Противпожарни единици веднаш биле упатени на местото на настанот.

Во гаснењето на пожарот моментално се вклучени 37 пожарникари со 19 возила, тие доаѓаат од Интервентната противпожарна единица на Шибеник, Јавната противпожарна единица (JVP) на Книн, како и од доброволните противпожарни друштва (DVD) на Книн, Кијево и Свети Јурај Кистање.

На терен е присутен и окружниот командант на противпожарните служби.

Во гаснењето на пожарот вклучена е и војската Хрватската противпожарна заедница соопшти дека, заклучно со 10:00 часот утрово, 26 припадници на противпожарниот вод на Хрватската војска се распоредени за да им се придружат на пожарникарите на терен.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Се откажува ли Милан од Леао?

Милан се откажува од  Португалецот Леао?

Се откажува ли Милан од Леао?

Италијанскиот фудбалски гигант Милан одлучил да го намали обештеувањето за својата ѕвезда на 50 милиони евра.

Рафаел Леао би можел да го напушти Милан пред затворањето на преодниот рок.

„Кориере дело Спорт“ пренесува дека тренерот Рубен Аморим не го вклучува во своите планови и дека клубот веќе го известил тимот на играчот за тоа. Наводно, Милан е подготвен да прифати понуда која, вклучувајќи ги и бонусите, би достигнала околу 50 милиони евра

. Галатасарај би можел повторно да се обиде да го ангажира португалскиот фудбалер, откако Габриел Мартинели го одби трансферот во Истанбул.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер