По трет пат ТРЧАЈ БЕ во Битола - Канал 5

По трет пат ТРЧАЈ БЕ во Битола

– Битола е подготвена за најголемиот спортски настан кој ја очекува на 12-ти септември, а тоа е третото издание на трката Трчај бе. 

По трет пат ТРЧАЈ БЕ во Битола

Оваа трка за толку кратка историја од само три години, добива меѓународно значење. Битола е домаќин на Балканско првенство во полумаратон. Тоа значи врвни атлетичари од повеќе земји и домашни вљубеници во трчањето ќе трчаат на патеката долга 21 километар.

– Ќе биде и големо и масовно издание. Освен 5К и 10К трките, за прв пат ќе имаме и полумаратон, 21К кој ќе биде всушност Балканско првенство во полумаратон, кое го организираме во соработка со АФМ. Довербата која ни е дадена за организација е голем комплимент за нас. Од тие причини ја очекуваме цела македонска и балканска тркачка елита, но и голем број рекреативци, истакна Никола Димитровски, директор на трката.

Битола веќе неколку месеци интензивно се подготвува да ги дочека учесниците и гостите од 20-тина држави, кои во градот под Пелистер по трет пат ќе направат празник на трчањето. Се подготвува и придружна програма, која ќе направи вистински спортско-забавен хепенинг во градот. Во градот нема веќе слободно хотелско сместување, заради големиот број на гости и натпреварувачи, но и препознавањето на овој настан како компаниска тим билдинг активност, така што бројни компании со своите вработени одамна го испланирале овој викенд за Битола.

– Во Трчај бе, бројни спонзори препознаа проект кој е интересен за нивна презентација и таа поддршка е значајна за да се изведе квалитетно овој голем и масовен настан. Убаво е кога гледате како компаниите и граѓаните се свесни што ова носи за градот и како настан, но и како концепт кој носи профит во многу придружни сектори, освен туризмот, додава Димитровски.

Оваа година, во кампањата за трката беа вклучени и 15 студенти од тренинг-програмата за графички дизајн на Monday Learning кои одговорија на предизвикот да го визуелизираат победоносното „јас" на овогодинешното издание на ТРЧАЈ БЕ. Така, во градот осамнаа бројни постери инспирирани од кампањата „И ти си победник".

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Спортски автомобил во кој возачот седи како мотоциклист (ФОТО)

„Sanrivatti One“ е хипер автомобил со V10 мотор од 800 КС и необична положба за возење.

Спортски автомобил во кој возачот седи како мотоциклист (ФОТО)

„Sanrivatti One“ е нов хипер автомобил дизајниран исклучиво за возење на тркачки патеки, а неговата најголема карактеристика не е моторот, туку сосема поинаква положба за возење.

Наместо вообичаената положба за седење, возачот „лежи“ на стомак, со рацете испружени кон воланот и нозете повлечени назад кон педалите.

Проектот го презентираше Сантијаго Санчез Риверо, кој го нарече овој аранжман „Apex Position“.

Инспирацијата доаѓа од мотоциклистичките трки, а целта е да му се обезбеди на возачот значително подобро видно поле.

Според конструкторите, вертикалното видно поле е 28 степени, додека кај хипер автомобилот што се користи за споредба е 15,5 степени.

И покрај својата необична позиција, „Sanrivatti One“ задржува класичен волан и педали, наместо џојстици што се користат во некои експериментални тркачки автомобили.

Бидејќи овој автомобил е без преседан, купувачите ќе мора да поминат низ посебна програма за обука. Санчез Риверо планира да организира еден вид клуб каде што сопствениците ќе научат како да го возат автомобилот.

Под каросеријата инспирирана од борбен авион се наоѓа атмосферски 5,5-литарски „Judd V10“ мотор. Целната моќност е 800 КС при 9.000 вртежи во минута, со околу 700 Nm вртежен момент.

Моќта се пренесува на тркалата преку секвенцијален шестстепен менувач „Hewland“.

Конструкцијата е базирана на карбонски монокок, а целната тежина без течности е само 1.100 кг. Дизајнираната максимална брзина е 322 км/ч.

Важно е да се напомене дека сите горенаведени бројки се целни вредности засега, бидејќи развојот, тестирањето и хомологацијата се уште се во тек.

Првите испораки до клиентите не се очекуваат до 2030 година. Дотогаш, малиот тим зад проектот ќе треба да докаже дека необичната положба на возење всушност носи предности на тркачката патека.

Извор: Б92

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Насилни судири во Берлин: Полицијата ги удира демонстрантите (ВИДЕО)

Нов протест на иницијативата „Gen Z regelt“ во Берлин во саботата навечер доведе до судири меѓу демонстрантите и полицијата.

Насилни судири во Берлин: Полицијата ги удира демонстрантите (ВИДЕО)

Видео објавено на социјалната мрежа „X“ покажува како полицијата турка и совладува група млади луѓе во вагон на метрото.

Според полициските податоци, околу 1.200 луѓе поминале низ западниот дел на Берлин во еден момент, иако собирот бил регистриран само за 100 учесници.

Колоната тргнала околу 17 часот од Савињи Плејс во областа Шарлоттенбург, поминала по Курфирстендам и се разотишла на станицата Халенсе, објавува Тагесшпигел .

Портпаролката на полицијата изјави во недела наутро дека 20 лица се привремено уапсени, вклучително и за поставување огномет, отпор при апсење и напад на полицајци.

Поднесени се 28 кривични пријави, вклучително и за нарушување на јавниот ред, напад на службени лица и кршење на прописите за експлозиви.

Тројца полицајци се повредени, додека полицијата не даде информации за повредени демонстранти.

Портпаролката додаде дека податоците сè уште се обработуваат и дека бројките би можеле да се променат.

Обид за пробивање на полицискиот кордон

Како што објави полицијата на својот „WhatsApp“ канал, учесниците се обиделе да го пробијат полицискиот кордон на чело на колоната пред да тргнат.

Полицијата ги запрела со туркање и удирање со тупаници.

На теренот имало околу 700 полицајци, а колоната била запрена неколку пати за време на нејзиното движење.

На митингот биле извикувани слогани против Израел и германскиот канцелар Фридрих Мерц, додека полицијата изјави дека неколку пати биле скандирани и слогани против полицијата.

Тагесшпигел пишува дека биле видени палестински и курдски знамиња и дека митингот не бил исклучиво студентски протест, бидејќи присуствувале и левичарски групи и пропалестински активисти.

Организаторите го опишаа митингот како мирен и се дистанцираа од насилство и екстремизам.

Портпаролката на полицијата рече дека протестот бил во голема мера мирен и дека нема оштетени продавници на Курфирстендам.

Најавен е европски штрајк на младите

Иницијативата „Gen Z regelt“ протестира против лошите услови во училиштата, задолжителната воена служба и намалувањата на универзитетите и социјалното осигурување.

На крајот на октомври, таа организираше протести во повеќе од 30 германски градови, а во Берлин, околу 5.000 луѓе се собраа пред Бранденбуршката порта, според полициските податоци.

Најавен е европски штрајк на младите за 20 ноември, а организаторите пријавија 15.000 учесници само во Берлин.

Се очекуваат протести и во Франција, Италија, Шпанија, Белгија и Обединетото Кралство.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Американски министер: Наследникот на Хуанг треба да биде надвор од „Nvidia“

Министерот за финансии на САД, Скот Бесент, во неделата изјави дека „Nvidia“ треба да бара нов извршен директор надвор од компанијата. Неговата изјава доаѓа откако основачот Јенсен Хуанг поднесе оставка минатата недела. 

Американски министер: Наследникот на Хуанг  треба да биде надвор од „Nvidia“

„Одборот на директори треба да гледа надвор од компанијата кога бара ново раководство. Со оглед на сè што се случи, потребни се фундаментални промени“, изјави Бесент за „Fox News“.

По заминувањето на Хуанг, американскиот претседател Доналд Трамп го препорача Тим Кук, за нов извршен директор на американскиот производител на чипови.

Регулаторни пропусти

Бесент го пофали Хуанг како иноватор, но нагласи дека технолошкото водство не може да биде изговор за непочитување на прописите. Тој, исто така, истакна дека федералните регулатори од Канцеларијата на контролорот на валутата (OCC), која ги надгледува националните банки, ќе ги отстранат директорите во финансискиот сектор без одлагање поради слични пропусти во надзорот.

Министерот праша дали „Nvidia“ ги игнорира предупредувањата поврзани со фиктивните компании во Сингапур. Тој истакна дека компанијата престанала да објавува одредени регионални бројки за продажба откако приходите во Кина паднаа, додека продажбата во Сингапур нагло се зголеми. Тој цитираше извештаи дека само 1 процент од чиповите што се продаваат во земјата останале таму.

Позадина на оставката

Јенсен Хуанг поднесе оставка на 12 ноември откако ја водеше „Nvidia“ повеќе од три децении. На неговата оставка ѝ претходеше признание за вонбрачна афера со Алис Хуанг. Таа е поранешна извршна директорка на сингапурската компанија „Megaspeed“ и медиумите ја поврзуваат со кинеската разузнавачка служба.

Бесент ги отфрли шпекулациите за шпионажа како „измислици“. Тој рече дека негова примарна загриженост е дали корпоративната култура на „Nvidia“ охрабрува „очигледно нелегална продажба“ за вештачко зголемување на профитот. Тој побара од одборот и надворешниот правен советник да му дадат одговори во рок од 10 дена.

Извор: Индекс.хр

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер