Превентивни активности на СВР Штип и СВР Велес за меѓуврсничко насилство, безбеден сообраќај и заштита од кражби
1Превентивни активности на СВР Штип и СВР Велес за меѓуврсничко насилство, безбеден сообраќај и заштита од кражби
3За шест часа контролирани 870 возила – утврдени 73 неправилности кај возилата и 186 прекршоци кај возачите
ФормулаПо точно седум години од тешката несреќа, Шумахер комуницира само со очитеПоминаа седум години од ужасната несреќа што го снајде Михаел Шумахер додека скијал на француските Алпи.Седумкратниот шампион во Формула 1 се симнувал по необележаниот дел од патеката во одморалиштето Мерибел и изгубил контрола над скиите, паднал и ја удри главата во карпа. Од тој несреќен 29 декември 2013 година, многу малку се знае за здравјето на Шумахер, а информациите доаѓаат претежно од извори блиски до семејството, а не од самото семејство. Шумахер веднаш по несреќата со хеликоптер е пренесен во најблиската болница, каде лекарите утврдиле дека неговата состојба е критична. Тој е пренесен во Гренобл, Франција, каде што бил подложен на две операции, по што е ставен во индуцирана кома за да се зачува што е можно повеќе од функцијата на мозокот. Набргу потоа, на 3 јануари, на роденденот на Мајкл, неговата портпаролка Сабине Кем изјави за новинарите собрани пред болницата во Гренобл дека семејството нема да каже ниту збор за состојбата на Мајкл. Ова создаде многу шпекулации за неговата состојба, дури и дека со текот на годините самиот Мајкл го замолил семејството да не им ги соопштува на јавноста информациите за неговата состојба. Во јуни 2014 година, Шумахер излезе од индуцираната кома, а неговата портпаролка потврди дека може да слушне и да одговори на допир. Исто така е објавено дека Шумахер ја напушта болницата во Гренобл и го продолжува закрепнувањето во неговиот дом на Женевското езеро. Иако не е познато каде е Мајкл денес, за неговата моментална локација неодамна зборуваше поранешната сопруга на Флавиус Бриаторе, Елизабета Грегорачи. Бријаторе е поранешен шеф на тимот на Рено, од времето кога Шумахер возеше за Ферари, додека Грегорачи е модел и телевизиска sвезда. „Мајкл е преселен во Шпанија и неговата сопруга изгради болница во куќата“, рече Грегорачи. Шпанските медиуми објавија информација дека семејството Шумахер е во Мајорка во Вила Јасмин. Ја купила сопругата на Шумахер, Корина во 2017 година од претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез. Без разлика дали Шумахер е на Балеарите или не, малку се знае за неговата состојба. И кога тоа е случај, тогаш луѓето како Грегорачи добиваат важност. "Шумахер не зборува. Тој комуницира само со очите. Само на три лица им е дозволено да го видат", додаде поранешната сопруга на Бријаторе во италијанска ТВ-емисија. Од споменатата 2014 година, Шумахер е буден и минува низ процес на рехабилитација, но исто така малку се знае за него.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаПревентивни активности на СВР Штип и СВР Велес за меѓуврсничко насилство, безбеден сообраќај и заштита од кражбиВо рамки на активностите беше поделен печатен едукативен материјал.На 09.11.2026 полициски службеници од полициска станица Штип одржаa едукативно предавање во ООУ „Ванчо Прќе“ во Штип на учениците од шесто и седмо одделение на тема „Меѓуврсничко насилство-Булин и Сајбербулинг“ при што им беа појаснети сите елементи на насилство помеѓу учениците,како да ги препознаат и каде да го пријават секој вид на насилство. На 09.11.2026 на повеќе локации во Централно градско подрачје во Штип и Кочани полициски службеници од полициските станици за безбедност на патниот сообраќај Штип и Кочани спроведоа превентивни активности од областа на сообраќајот, под мотото „Стави појас“ и „Не користи мобилен додека управуваш со моторно возило”. За време на спроведувањето на активностите на возачите им беше укажано за задолжителната обврска од носење сигурносни појаси при возење, односно да не користат мобилен телефон додека управуваат возило. Исто така, им беше укажано и за санкциите што произлегуваат од непочитување на законските одредби, а на возачите дополнително им беа поделени и печатени едукативни материјали, изработени со поддршка од Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата. На 09.11.2026 полициски службеници од Полициска станица за безбедност на патниот сообраќај при СВР Велес, реализираа превентивна активност на тема „Не користи мобилен телефон додека возиш“. На возачите им беше укажано за ризикот што го преземаат за сопствената, но и безбедноста на останатите учесници во сообраќајот при користење мобилен телефон додека управуваат возило. Полициски службеници од Отсекот за превенција при СВР Велес реализираа сообраќајни превентивни активности во рамки на кампањата „Безбеден град“, со цел информирање и едукација на сите учесници во сообраќајот за начинот на функционирање на системот и неговата улога во навремено откривање и санкционирање на сообраќајни прекршоци. На подрачје на Неготино пак, беше спроведена сообраќајна превентивна активност на тема „Алкохолот не ти е пријател“, во рамки на која полициските службеници им ја потенцираа на возачите за потребата за свесност и одговорност, да не управуваат возила под дејство на алкохол, со оглед на тоа дека алкохолот сериозно ги намалува возачките вештини, ги нарушува психомоторните способности и претставува сериозна закана по нивната и безбедноста на останатите учесници во сообраќајот. Полициски службеници од ОВР Кавадарци, за учениците од ООУ „Пере Тошев“ одржаа едукативно предавање за заштита од врсничко и сајбер насилство. Учениците се запознаа со различните форми на насилничко однесување, облиците и начините на манифестирање на овие девијантни појави, но и за последиците што може да се појават. Полициски службеници од Полициско одделение Чашка, во селата Лисиче, Голозинци и Горно Врановци, општина Чашка, реализираа превентивна активност на тема „Заштити го својот дом“. Во рамки на активноста преку непосредна комуникација, граѓаните добија совети како да се заштитат од различни форми на кражби, да ги заштитат своите домови и да внимаваат на своите лични предмети. На подрачје на Демир Капија пак, беше реализирана превентивна активност за заштита од измами, при што полициските службеници остварија кратки едукативни средби со жителите, на кои им беше укажано за начините како да се заштитат од различни видови на измами, да внимаваат при комуникација со непознати и да не оставаат свои лични податоци. Во рамки на активностите беше поделен печатен едукативен материјал.Тагови: мвр Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МетеоУтре променливо облачно со сончеви периодиВремето утре ќе биде променливо облачно со сончеви периоди.По одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 9, а максималната ќе достигне од 11 до 15 степени. Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 7, а максималната ќе достигне до 14 степени. До сабота времето ќе биде релативно топло со повремени локални врнежи од дожд. По одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла. Во недела поради продор на постудена воздушна маса од север ќе има заладување и стабилизирање на времето. Ќе дува слаб до умерен, а во петок повремено засилен до силен ветер од јужен правец.Тагови: облачно Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаЗа шест часа контролирани 870 возила – утврдени 73 неправилности кај возилата и 186 прекршоци кај возачитеЗа сите констатирани неправилности и прекршоци преземени се соодветни мерки согласно законските прописи.На 06.11.2026 година, во периодот од 14:00 до 20:00 часот, на територијата на целата држава, Секторот за сообраќајни работи при Министерството за внатрешни работи спроведе општа акциска контрола на возачи и возила, насочена кон зголемување на безбедноста во сообраќајот и откривање на неправилности и прекршоци. Во рамки на контролата биле контролирани вкупно 870 возила, при што констатирани се 73 неправилности во однос на возилата. Од нив, 48 возила биле упатени на технички преглед, при што кај 37 е утврдена техничка неисправност. Во однос на возачите, констатирани се 186 прекршоци, од кои најголем дел се однесуваат на користење мобилен телефон при управување со возило, некористење сигурносен појас, непрописно паркирање и други прекршоци. Дополнително, евидентирани се и три случаи на кривичното дело „безобѕирно управување со моторно возило“, согласно член 297-а од Кривичниот законик, како и 137 прекршоци од друг вид. За сите констатирани неправилности и прекршоци преземени се соодветни мерки согласно законските прописи. Министерството за внатрешни работи продолжува со спроведување на сообраќајни контроли и апелира до возачите редовно да ја проверуваат техничката исправност на возилата, да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и да придонесат за побезбеден сообраќај.Тагови: прекршоци Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook