ТОК бара инспекција на Алта банка и на одговорните лица во НБС поради можен одлив на пари во странство.
1ТОК бара инспекција на Алта банка и на одговорните лица во НБС поради можен одлив на пари во странство.
БалканПо тепачка, потона сплав на Сава, евакуирани 114 лица30 минути по полноќ потона сплав на реката Сава во Белград. Околу 114 малолетници биле евакуирани, а за среќа нема повредени. Десетина завршиле на прегледи во брзата помош, а потоа биле пуштени дома. Двајца на 17 години во Воено медицинската академија биле хоспитализирани и поради големо количество на алкохол. Според сведоштвата на гостите од сплавот за српските медиуми се започнало по полноќ кога настанало метеж на сплавот „Картел“ кога обезбедувањето почнало да им кажува на гостите да го напуштат сплавот без образложение. View this post on Instagram A post shared by MediaPortal (@mediaportaltv) Одеднаш настанало стампедо од луѓе на мостот и сплавот почнал да тоне. „Мене ме избркаа прв од сплавот. Не знам која беше причината. Јас ги прашав: Зошто ме бркате? Не сакаа да ми дадат одговор, туку само ме избркаа. Откако мене ме избркаа, избркаа уште десет луѓе и тука почна некоја расправа и тепачка. Настана судир со обезбедувањето и почна некоја општа тепачка со обезбедувањето.И оденднаш сите почнаа да излегуваат од сплавот јас бев напред и гледав се што се случуваше. И ги туркаа сите оние 50 и не можеа да поминат колку се буткаа едни со други. И почна да тоне и да пука мостот и сите почнаа да пливаат да вриштат и Бог да чува навистина беше страшно. Мислите дека почнаа да ве бркаат зошто знаеле дека сплавот ќе почне да тоне? Најверојатно да и поради тоа и заради големиот број на луѓе на сплавот и најверојатно поради тепачката. Според изјавите од брзата помош дојавата била дека прво имало тепачка на сплавот се направило метеж и сплавот почнал да тоне. Голем дел од гостите кои биле малолетни од паника почнале да скокаат во водата и да пливаат кон брегот. Денеска во реката беше дел од потонатиот сплав, а околу него сведочеа и фотографиите на изгубени чизми, ташни и обелка на гостите кои синоќа наместо забава добија спасувачка мисија. View this post on Instagram A post shared by MOJ BEOGRAD (@moj_beo_grad_) Во акцијата за спасување учествувала речната полиција, жандармеријата, како и 25 припадници на противпожарната и спасувачката единица. И минатата новогодишната ноќ во Белград потона сплавот „Фристајлер“, поради што беа уапсени одговорните за неговото менаџирање, бидејќи дозволиле присуство на поголем број луѓе од капицитетите на објектот.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЗабаваФото: Сабаленка ужива во тангаСабаленка позира во танга, објавата од плажа собра над 300.000 лајкови. Белоруската тенисерка Арина Сабаленка е на заслужен одмор по исцрпувачката сезона. По исцрпувачката натпреварувачка година, втората тенисерка во светот, Арина Сабаленка, одлучи да направи пауза од турнирите и да замине на одмор, од каде што редовно ги известува своите фанови. Нејзината најнова објава од плажа, на која носи танга, предизвика огромна реакција на социјалните мрежи, собирајќи над 300.000 допаѓања во рекордно време. Во описот на фотографијата, белоруската тенисерка накратко наведе дека слободното време го поминува комбинирајќи релаксација на сонце со повремени тренинзи. Кон крајот на сезоната, таа ја загуби водечката позиција на ВТА-листата, која ја презеде Елена Рибакина.Тагови: Арина Сабаленка Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ФудбалСупер дерби на „Алијана арената “во Минхен – Борусија му „украде“ бод на БаернФудбалерите на Баерн и Борусија Дортмунд во германското супер дерби одиграа без победник 2:2 , во рамките на 8. коло од Бундеслигата. Милионерите од Дортмунд успеаја да надоместат негатива во самиот финиш.Се чинеше дека Баварците ќе го задржат водството, но Фабио Силва го замолкна Минхен во 89-тата минута и му донесе голем бод на Дортмунд. Првото полувреме го одбележа поништен гол на Џоб Белингем, како и неколку добри шанси на двете страни. Во 34-тата минута, Дортмунд ја затресе мрежата преку англискиот играч за врска, но голот беше поништен по прегледување на снимката (ВАР) поради офсајд. Четири минути подоцна, Баерн ја казни пропуштената шанса на ривалот, откако Конрад Лајмер најдобро реагираше на одбиената топка и им донесе водство на домаќините. Дортмунд потоа успеа да возврати. Во 60-тата минута, Карни Чуквуемека ја испрати топката во шеснаесетникот, а Серу Гираси го совлада голманот со прецизен удар во долниот лев агол и го израмни резултатот. Шест минути подоцна, Баерн повторно поведе. Хари Кејн ја упати топката со глава пред голот, а Дајо Упамекано се најде на вистинското место и погоди за 2:1. Претходно, Англичанецот имаше можност да постигне гол од пенал, но во 56-тата минута ја погоди пречката. Кејн повторно беше блиску до погодок во 75-тата минута, но неговиот удар заврши во стативата. Кога се чинеше дека Баерн сепак ќе го задржи водството, на сцена стапи Фабио Силва. Во 89-тата минута, Португалецот ја искористи топката што стигна до него во шеснаесетникот и со прецизен удар во долниот лев агол ги постави конечните 2:2. Баерн имаше уште една голема шанса во судиското надополнување, но ударот на Ленарт Карл заврши во пречката. Така, Дортмунд успеа да избегне пораз во Минхен, додека домаќинот може да жали за пропуштените шанси и испуштеното водство.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Автомобилизам„Bentley Torcal“ го помина тестот од еден милион километри„Bentley“ го подложи својот прв електричен теренец, „Torcal“, на ригорозна програма за тестирање во должина од над еден милион километри, со цел да се осигура целосна доверливост на возилото пред тоа да стигне до купувачите. Програмата вклучуваше возење во екстремни услови – од температури од -38°C во Шведска, па сè до горештини кои надминуваат 40°C во пустински предели – како и искачувања на Pikes Peak, при што беа достигнати надморски височини од над 4.200 метри. Првата верзија што ќе се појави на пазарот, Torcal First Edition, ќе располага со 876 коњски сили и 1.350 Nm вртежен момент. Ова ниво на перформанси е резултат на опсежен процес на тестирање и валидација. Со овој извештај за тестирањето, Bentley се надоврзува на претходните најави во врска со името на моделот, неговото производство во фабриката во Crewe, како и дизајнот на ентериерот. Три специјализирани тима — задолжени за електричната архитектура, интеграцијата на софтверот и тестирањето — работеа паралелно на развојот. Од Bentley истакнуваат дека оваа структура била клучна за создавање функционален електронски екосистем. Инженерите имале пристап до повеќе од 90 проценти од деловите уште во фазата на валидација на физичкиот дизајн. Ова им овозможило да ги скенираат реалните компоненти со ласер и да ги споредат со CAD податоците, без да чекаат да биде готов целосниот прототип, пренесува Index. На тој начин, тие го забрзале процесот на добивање повратни информации за дизајнот, пред финализирањето на алатите за производство. Батеријата „Торкал“ (Torkal) тежи приближно 625 килограми и има густина на енергија што надминува 180 Wh/kg. На тој начин, Bentley го усогласи досегот на возилото со вкупната маса на SUV-моделот, која изнесува околу 2.795 килограми. Батерискиот пакет функционира на архитектура од 800 волти и има бруто-капацитет од 113,3 kWh, од кои 109,0 kWh се достапни за користење. Моќноста на полнење преку брзи DC-полначи достигнува 400 kW. Производителот наведува дека, во оптимални услови, полнењето од 10 до 80 проценти трае 16 минути. Со овие спецификации, „Торкал“ се натпреварува со други водечки електрични возила опремени со системи од 800 волти. Безбедноста на батеријата е обезбедена преку композитен штит од удари, а самата единица е дизајнирана да биде отпорна на пожар во траење од два часа. Во случај на термички инцидент, батеријата е конструирана така што го спречува ширењето на пламенот и појавата на експлозија во текот на тој временски период. За време на тестирањето на долниот дел од возилото, челичен проектил со тежина од 111 грама и дијаметар од 30 милиметри бил испукан кон куќиштето на батеријата со брзина поголема од 160 km/h. Програмата за валидација на батеријата опфати и тестови за корозија во услови на прскање со солен раствор, како и проценки на издржливоста во различни средини. Од Bentley наведуваат дека овие мерки гарантираат оти батерискиот пакет е во согласност со глобалните безбедносни стандарди, токму во моментот кога првичните модели од серијата „First Edition“ влегуваат во фазата на нарачување и распределба до купувачите.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиНБРМ: Банкарскиот систем е стабилен и отпорен, а сите банки во земјава се под непосреден супервизорски надзор15:00ЈО: Се бара нов краткотраен притвор од 48 часа за осомничените за разбојништвата со смртни последици во Ѓорче11:48Признание пред судот: Дашковски ја призна вината за палењето на дипломатските возила - дејствувал сам без туѓо влијание15:00Последен ден кампања за вториот круг на локланите избори во Брвеница 15:00Кривична пријава за „измама“ против две лица, навеле повеќе лица да инвестираат во лажна интернет платформа11:37
НБРМ: Банкарскиот систем е стабилен и отпорен, а сите банки во земјава се под непосреден супервизорски надзор15:00
ЈО: Се бара нов краткотраен притвор од 48 часа за осомничените за разбојништвата со смртни последици во Ѓорче11:48
Признание пред судот: Дашковски ја призна вината за палењето на дипломатските возила - дејствувал сам без туѓо влијание15:00
Кривична пријава за „измама“ против две лица, навеле повеќе лица да инвестираат во лажна интернет платформа11:37