Над 141.000 лица во Македонија живеат со дијабетес: Раното откривање може да спречи тешки компликации
1Над 141.000 лица во Македонија живеат со дијабетес: Раното откривање може да спречи тешки компликации
ЖивотПо стапките на војникот Фредерик Доџет на Дојранскиот фронтФредерик Доџет е само едeн од 10.000 војници на Британската војска кои ги загубиле животите во Првата светска војна борејќи се на Македонскиот фронт. Загинал 1917 година во борбите на овој фронт кај Дојран. Речиси 100 години подоцна неговиот сонародник командантот на британската 104. Бригада за логистичка поддршка бригадниот генерал Сајмон Хачингс инспириран од ова сознание ќе покрене студиска тура за 85 офицери и подофицери да ја истражат за нив непознатата Македонија и позициите низ кои минувал фронтот познат и како Солунски фронт. Догет потекнува токму од неговото родно место во Вилшир во Јужна Англија - Ја започнавме нашата студија за бојното поле во Барџ Ин на улицата Хани во Вилтшир, каде што живееше и работеше Фредерик пред да му се приклучи на 7. Баталјон од Вилтширскиот полк во 1915-тата на 19 години. Првично бил испратен во Франција каде што не искусиле акција, па затоа биле испратени во Солун при крајот на 1915-та. Полкот бил распределен на десната бочна страна на Британската линија и ги нападнале позициите на Бугарите О1 и О2 на 24-25 април 1917. Војникот Доџет е внесен во воените дневници како исчезнат кој се верува дека погинал во акција ноќта на 24 април 1917. Тој посочува дека Здружението за Солунскиот фронт во Британија е малку познато здружение кое се занимава со проучување на Првата светска војна, а оние кои се бореле на овој фронт биле во сенка на воените дејствија на Западниот фронт. - Токму затоа сакав да дојдам тука за да им одадам почит на британските војници кои се бореле во вашата земја, но исто така и да ги научиме лекции кои се релевантни и денес за нашето воено дејствување. Поставив и крст за помен на гробот на Доџет и истурив малку пиво направено во Барџ Ин на надгробната плоча во негова чест., вели Хачингс. Од оваа прва посетата треба да произлезат пишани материјали подготвени од членовите на оваа воена студиска делегација. Тој очекува и други единици од британската војна да покажат интерес да дојдат во Македонија за проучување на борбените позиции од Првата светска војна. Свечена воена вечера во чест на згинатите војници Бригадниот генерал Хачингс заедно со амбасадорот на Велика Британија во земјава Чарлс Гарет ја споделува потребата од органиизрање комеморативен настан од поголеми размери во Македонија во рамки на одбележувањето на 100-годишнината од крајот на Првата светска војна и со цел да им се одаде почит на сите оние војници кои се бореле и загинале на овој фронт. Во чест на британските и другите војници кои загинале на овој фронт тие ја финализираа студиската посета со свечена воена вечера организирана на падините крај Дојран во ова историско место на која беа поканети и претставници на Армијата на Македонија и на локалните власти. Тој се надева дека воспоставените контакти ќе отворат простор и за партнерство со АРМ. Во организирањето на оваа студиска тура која опфаќа истражување на борбените дејствија од двете страни на некогашниот Македонски фронт на македонска и на грчка територија Хачингс и нивните војници имаа помош од британскиот историчар и претседател на Здружението за Солунскиот фронт и на Империјалниот воен музеј од Лондон Алан Вејкфилд. Македонскиот фронт во сенката на боиштето во Западна Европа Алан Вејкфилд веќе неколку години интенззивно ги проучува историските аспкети на Македонскиот фронт , а автор е и на книгата „ Ѓаволско око“ именувана по локацијата на која бил смстен бункер на Бугарската армија наспроти позициите на британската војска и кад загинале најголем дел од нејзините припадници. Интерсот за овој дел од светот се појавил по случајното сознание дека неговиот чичко три години се борел на овој фонт во составот на седмиот батајлон на Вилдширскиот полк. - Во тоа време не знаев многу за Македонскиот фронт мислев дека сите воени дејствија се случувале во Франција и во Белгија. Кога го запознав чичко ми тој ми рече дека се борел во Грција и во Србија против Бугарите. Кога почина се обидов да најдам некои книги. Почнав да работам во Музеј. Постојат многу писма и дневници од војници кои се бореле тука и затоа решив да напишам книга, вели Вејкфилд. Според него, книгата предизвикала голем интерес во јавноста бидејќи Солунскиот фронт е речиси заборавен во Британија, а никој не знае дека тука се бореле 228.000 британски војници. – Мојата книга беше прва посветена на Солунскиот фронт во изминатите 40 години. Во книгите за Првата светска војна за овој фронт се среќаваат по две три реченици, се е посветено на Западниот фронт, вели британскиот историчар. Официјалните комеморативни настани за британскките војници кои загинале на Македонскиот фронт, Вејкфилд посочува дека досега се организирале само на грчка територија во Солун и Поликастро. Од оваа година во септември очекува тоа по прв пат да се случува и во Македонија ( на британските воени гробишта во Скопје и во Дојран) на иницијатива на Британската амбасада, а во пресрет на стогодишнината од крајот на ПСВ. Прв пат ја посетил Македонија во 1997 година токму заради потребите од теренско истражување за книгата. Во изминатите 10 години органиизра студиски тури за членовите на Здружението за Солунскиот фронт во Дојран, по две годишно. Се подготвува да напише уште една книга за Македонскиот фронт за што вели има помош од Александар Стојчев, директорот Воениот музеј на Македонија. Дојран да добие воен музеј Стојчев, кој исто така присуствуваше на свечената вечера информира дека Здружението на походот во Солун од Лондон има донирано повеќе артефакти-документи изворни фотографии. Меѓу нив и весници од 1915 до 1918 година. - Фактички тоа е документарен музејски материјал којшто е оригинално произведен од биратанските сили во Македонија за време на Првата светска војна. Ова здружение ги обединува наследниците од учесниците во британската армија на фронтот во Македонија. Сите тие лица како наследници на војниците и офицерите имаат богати приватни колекции. Дел од нив работат и во британски институции и споделија односно привремено подарија на општина Дојран богат музејски материјал кој е обработен и кој е во фаза на докомплетирање со други извори коишто ги имаме на територија на Македонија. Се надеваме до 2018 дека ќе успееме да направиме музеј со постојана поставка за Прва светска војна во Дојран, вели Стојчев. Тој истакна дека со Вејкфил веќе неколку години остваруваат соработка која започнала кога била дадена донацијата. Тие најмалку двапати годишно доаѓаат во Дојран со големи групи на вљубени интересенти во воената историја воопшто. Главно се тоа гости од Британија. Така доаѓаме во контакт со нив и имаме прилика да ја споделиме и нашата страна од приказната, нагласува Стојчев. Во тоа време, додаде тој, Македонија фигурира во документите во интересни стории како античка земја, како земја на Александар и Филип Македонски. Иако Македонија е поделена во 1913 година со балканските војни сепак, истакнува Стојчев, британската воена канцеларија ги препознава и територијата и народот како посебен независен од другите народи. - Имаме извонредна карта од 1916 година што е направена од Британскиот генералштаб. Картата носи наслов Етнографска карта на Централна и Југоисточна Европа каде што се ставени 27 единици во легендата, народи кои во 1916 година војуваат во Европа меѓу кои под број 27 се ставени Македонците без каква било придавка, вели Стојчев. Британските офицери и картографи во октомври 1915 година се истовариле и биле први контигенти на британски сили во Македонија. Тоа се, додава тој, главно две дивизии кои се лоцирани во кампот во Солун и како што се одвивала ситуацијата на теренот биле стационирани на падините на Дојран. Покрај оперативната војска за која што во Прва светска војна карактеристика е позиционото војување, односно нема чести поместувања на теренот доаѓаат големи експедиции - тимови на етнографи, демографи, географи и историчари кои го истражуваат теренот на којшто војуваат. Така што дури во 1917 година имаме карти први што ги изработуваат стручњаци на Британската империја кои главно се донесени од Индија. Тие имаат време да одат на терен и да го истражуваат. Официјалниот дописник на силите на Антантата од Македонија Крофорд Прајс има објавено книга „Сторија за солунската армија“. Во тоа време кога го истражувале теренот тој дава еден преглед на населението во Егејскиот дел на Македонија каде вели има Турци, Бугари, Срби, Албанци, има и Грци но во помал број кои се занимаваат со трговија во поголемите градови, а вели, има и една посебна група на население кои себеси се нарекуваат Македонија. - Тој извор и други извори коишто сега сме во фаза на прибирање и колекционирање картата од Британскиот генералштаб е многу важно да се истакне дека е изработена од воена канцеларија во која што работат тимови. Таа е многу објективен извор наспроти картите коишто ги изработувале соседните држави кои вршеле пропаганда на овој простор. Така за време на Балканските војни во пропагандите на соседните држави имавме од Србија еден картограф, тоа е Јован Цвијиќ кој прави пропаганда. Од Бугарија Васил Кнчев кој прави пропаганда. За исто население Србите велат дека Македонците се Срби, а Бугарите дека тоа е бугарско население, дециден е историчарот Александар Стојчев. На Македонскиот фронт кој е познат и како Солунски фронт, биле распоредени околу 220.000 војници на Обединетотото Кралство. Меморијалниот споменик на ридот над Дојран е подигнат во спомен на околу 10.000британски војници кои загинале на македонска територија. На многумина од нив не им се знаат гробовите. Името на војникот Доџет се наоѓа на една од надгробните плочи на воените гробишта во Дојран. На планите и возвишенијата над Дојран се уште можат да се најдат остатоци од борбените дејствија кои сведочат за тоа ужасно време. Во 1914 година поголем дел од територијата на денешна Република Македонија бил дел од Кралството Србија, а Струмица и околината биле во составот на Бугарското кралство по поделбата на Македонија во Балканските војни. Во периодот од 1915 до 1918 година на македонската територија од Охрид до Дојран се протегала главната линија на Македонскиот фронт. На јужната страна на фронтот со база во Солун се наоѓале силите на Антантата - Франција, Велика Британија, Србија, Италија, Грција, Русија и Романија. На северната страна биле стационирани Централните сили - војските на Германија, Австро-унгарија, Бугарија и на Турција. / за МИА - Виолета ГеровКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЌе ги отстрани ли новиот Кривичен законик штетните последици од 2023 година?15:00Мицкоски: Жителите на Каменик ќе добијат систем за водоснабдување, проект во соработка помеѓу Кисела Вода и Владата11:55На коалициска средба ќе се пеглаат разликите во владата околу полагањето на Правосудниот испит15:00Скопје го одбележува Денот на ослободувањето – 13 Ноември08:49По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00
Мицкоски: Жителите на Каменик ќе добијат систем за водоснабдување, проект во соработка помеѓу Кисела Вода и Владата11:55
По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00
МетеоУтре променливо облачно со сончеви периодиВремето утре ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. По одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла. Попладне и кон крајот на денот ќе има повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец, поизразен долж Повардарието. Минималната температура ќе биде во интервал од 1 до 8, а максималната ќе достигне од 8 до 13 степени. Во Скопје, променливо облачно, попладне ќе има повремен дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 2, а максималната ќе достигне до 12 степени. Следува период на променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд со променлив интензитет. Од понеделник температурите ќе бидат во постепен пораст и повторно над просекот за овој период од годината. Ќе дува умерен до засилен, а од среда повремено силен ветер од јужен правец (над 60 km/h), особено во западните делови.Тагови: променливо облачно Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Култура„Мал формат / МиниАртура“ на ДЛУМ во КИЦВо организација на Друштвото на ликовните уметници на Македонија – ДЛУМ, на 16 ноември во Културно- информативниот центар –КИЦ, Скопје, во 20.30 часот ќе биде отворена изложбата „Мал формат / МиниАртура“.Во рамки на „Мал формат“ ќе бидат претставени 37 автори со 64 дела, а во „МиниАртура“ 27 автори со 47 дела. „Мал формат“ го насочува вниманието кон уметничкото дело со ограничени димензии, но со неограничен простор за визуелна, концептуална и емоционална интерпретација. Малата површина овозможува концентрација на ликовниот јазик и ја нагласува важноста на секој потег, линија, боја, форма и текстура. Претседателката на ДЛУМ, проф. д-р Јана Манева –Чупоска укажува дека во рамките на оваа изложба се среќаваат различни авторски пристапи, техники и поетики кои покажуваат дека форматот не ја ограничува идејата, туку може дополнително да ја засили нејзината експресивност. „Делото со помали димензии често создава непосредна и интимна комуникација со набљудувачот, барајќи поголемо внимание и поблизок контакт. „’Мал формат’“ , вели таа, е простор во кој малото станува значајно – како концентрација на мислата, чувството и личниот уметнички ракопис. Изложбата ја потврдува разновидноста на современото ликовно творештво и можноста во мал простор да се создаде силен и целосен визуелен исказ“. За изложбата „МиниАртура“ Манева -Чупоска ќе рече дека ја претставува уметноста на прецизноста, концентрацијата и вниманието кон деталот. „Минијатурниот формат создава специфичен ликовен простор во кој секој елемент има своја функција и значење, а малата димензија станува предизвик за уметникот и можност за исклучително концентриран визуелен израз. Во ‘МиниАртура’ големината на делото не ја определува неговата содржинска или естетска вредност, напротив, ограничениот простор отвора можност за суптилност, прецизност и истражување на формата, линијата, бојата, светлината и текстурата“, вели меѓудругото . претседателката на ДЛУМ. Особената вредност на изложбата „Мал формат“ според проф. д-р Маја Рауник Кирков, претседателка на уметничкиот совет на ДЛУМ, произлегува од коегзистенцијата на различни авторски сензибилитети, техники и поетики. „Мал формат 2026“ е афирмација на уметничката мисла, креативната слобода и способноста на визуелниот говор преку минимална физичка форма да презентира комплексни естетски, емотивни и концептуални содржини. Вистинската вредност на делата на оваа изложба се наоѓа во капацитетот одлично да ги презентираат моќта на ликовните идеи и нивните ликовни артикулации“, вели меѓудругото Рауник Кирков. Таа смета дека изложбата „МиниАртура“ претставува специфичен простор на уметничка концентрација. „Физичката присутност на ликовните дела со минијатурни димензии го менуваат ритамот на гледање, поттикнуваат побавно набљудување, приближување и откривање на визуелните слоеви што не секогаш се откриваат при првиот поглед. Овие ликовни дела бараат внимание и посветеност, но за возврат нудат богатство од значења, асоцијации и естетски доживувања. Во нивните ограничени димензии често се отвораат неограничени простори на имагинацијата. Разновидноста на авторските ракописи и ликовните решенија ја потврдува способноста на современата минијатура да ги надмине конвенционалните претстави за размерот, обемот и монументалноста на уметничкото дело. Минијатурата станува простор на истражување во кој малото не значи ограничено, туку интензивно, промислено и содржински богато. Оваа изложба ја афирмира уметноста на суптилното присуство – онаа што не ја наметнува својата големина, туку ја освојува вниманието со својата внатрешна комплексност, поетичност и изразна моќ“, потенцира претседателката на уметничкиот совет на ДЛУМ.Тагови: Мал формат Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЌе ги отстрани ли новиот Кривичен законик штетните последици од 2023 година?15:00Мицкоски: Жителите на Каменик ќе добијат систем за водоснабдување, проект во соработка помеѓу Кисела Вода и Владата11:55На коалициска средба ќе се пеглаат разликите во владата околу полагањето на Правосудниот испит15:00Скопје го одбележува Денот на ослободувањето – 13 Ноември08:49По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00
Мицкоски: Жителите на Каменик ќе добијат систем за водоснабдување, проект во соработка помеѓу Кисела Вода и Владата11:55
По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00
МакедонијаМинистерството за спорт со поддршка за инклузивната трка „Run Together 2026“ во ГевгелијаДржавниот секретар во Министерството за спорт, Сашо Огњеновски денеска присуствуваше на инклузивната трка „Run Together 2026“ што се одржa во Гевгелија, во рамките на спортскиот настан November Run, и изрази поддршка за учесниците и за организаторите.Трката која годинава го бележи третото издание, ја организира Фондацијата „Ице Бегов“ во соработка со Атлетскиот клуб „7 Ноември“. „Run Together“ е ненатпреварувачка трка на 1 км. на која лица со и без попреченост, деца, семејства, спортисти, волонтери, претставници на училишта и на здруженија се движат заедно на иста патека. Настанот создава простор за рамноправно учество и ја поттикнува инклузијата и достапноста на спортот за сите. „Вистинската вредност на спортот е во можноста секој да учествува, да биде прифатен и да се чувствува како дел од заедницата. Токму таа порака ја испраќа инклузивната трка „Run Together 2026“, настан кој преку спортот ги обединува сите луѓе со добра волја. Ми претставува особено задоволство што Министерството за спорт ја поддржува оваа прекрасна иницијатива, која покажува дека спортот е многу повеќе од натпреварување – тој е заедништво, еднаквост, почитување и можност за сите“ - истакна Огњеновски. Во трите досегашни изданија трката обедини над 2.250 учесници и поддржувачи од целата држава. Спорт достапен за сите во целата држава е една од целите и заложбите на Министерството за спорт што се реализира преку програмата за изградба и реконструкција на спортската инфраструктура и поддршка за спортските и рекреативните настани кои значат промоција на спортот и на спортските вредности. Со почит, Министерство за спортТагови: Министерство за спорт Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter