По сообраќајка, Германка сликала маж на умирање, па отишла на работа- од денеска е на суд - Канал 5

По сообраќајка, Германка сликала маж на умирање, па отишла на работа- од денеска е на суд

Во окружниот суд во Дизелдорф започна судењето на 41-годишна жена, која во јули 2020 година, по сообраќајна несреќа, со мобилен телефон фотографирала маж на умирање, а потоа отишла на работа.

По сообраќајка, Германка сликала маж на умирање, па отишла на работа- од денеска е на суд

Како што пренесуваат германските медиуми, 41-годишната жена возела автомобил и наеднаш свртела на недозволено место. Зад неа имало 60-годишен маж на мотор кој се лизнал и удрил во ограда. Жената го видела повредениот мотоциклист, излегла од автомобилот и го фотографирала него и мотоциклот. Потоа отишла на работа, а мажот починал.

Жената тврди дека не била виновна за несреќата бидејќи директно не се судрила со мотоциклистот.

Таа е обвинета за убиство од небрежност, загрозување на сообраќајот, удирање и бегство и повреда на личните права со фотографирање на лице на умирање.

„Доцна сфатив дека згрешив, улицата не ја знаев“, рекла обвинетата.

Таа рекла дека фотографиите од мотоциклистот веднаш му ги испратила на шефот за да поверува дека несреќата е причината поради која доцнела на работа.

Тројца сведоци на несреќата пред судот потврдиле дека жената рекла дека мора итно да оди на работа и се оддалечила.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ПСЖ преговара за трансфер на Феран Торес

Европскиот и француски фудбалски шампион ПСЖ продолжува со директни разговори со претставниците на  фудбалерот на Барселона, Феран Торес во врска со можен трансфер ова лето. 

ПСЖ преговара за трансфер на Феран Торес

Барселона не сака да го продаде шпанскиот напаѓач, а до договор би можело да дојде само доколку самиот Торес побара да го напушти клубот.

ПСЖ размислува да ги ангажира и Торес и младиот белгиски крилен напаѓач Мика Годс.

Парижаните бараат засилувања во нападот по заминувањата на Ли Канг-ин, Гонсало Рамос и Ибрахим Мбаје.

Во исто време, Ливерпул силно инсистира на ангажман на Бредли Баркола од ПСЖ – потег што би можел да ги принуди француските шампиони да направат дополнителни промени во својата напаѓачка линија.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Ќерка на славен тенисер е бездомничка и моли за помош: Таткото-милионер се откажа од неа

Шарлот Настасе посвоената ќерка на легендарниот романски тенисер Илие Настасе откако нејзиниот славен татко  јавно се откажа од неа, сега живее како бездомничка.

Ќерка на славен тенисер е бездомничка и моли за помош: Таткото-милионер се откажа од неа

80 годишниот Илие Настасе е најдобриот романски тенисер на сите времиња. Тој има освоено две Грен слем титули (УС Опен во 1972 и Ролан Гарос во 1973 година), а двапати играл и во финалето на Вимблдон.

Во игра на двојки освоил три Грен слем титули (Ролан Гарос, Вимблдон и УС Опен), а во мешани двојки двапати победил на Вимблдон, со што вкупно има седум Грен слем титули.

Сепак, она по што е попознат се контроверзите надвор од теренот и неговиот начин на живот. Неговата посвоена ќерка Шарлот денес живее на улица. Таа е бездомничка и моли за помош. И нејзиниот татко знае за тоа, но не се грижи. Тој јавно се откажа од својата посвоена ќерка.

https://www.instagram.com/reel/DTyNr6IlBqX/?utm_source=ig_embed&ig_rid=A0kdDgMpLR8j4REqTZcO3DW

„Ѝ посакувам добро здравје, но ја молам да престане со скандалите. Таа си го тера својот пат. Ѝ помогнав кога ѝ беше потребно. Платив речиси половина милион евра за нејзиното образование. Таа живее во Америка, јас сум во Романија и веќе не ми е грижа. Секој си има свој живот“, рече Настасе, ставајќи крај на приказните за неа.

Илие Настасе некогаш беше тенисер број еден во светот и освои вкупно 64 титули во поединечна конкуренција и 45 во двојки, но повеќе се зборува за неговиот приватен живот. Зошто јавно се откажа од својата посвоена ќерка Шарлот?

Затоа што во 2021 година таа одлучи да отвори профил на платформата за возрасни „OnlyFans“. Тогаш тој ја прекина секоја комуникација со неа. Пред тоа, таа се испроба во разни професии.

Во 2020 година работеше како фитнес-тренер, потоа за американската авиокомпанија „American Airlines“, а кратко време беше активна и во модната индустрија.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Контроверзниот Менди го продаде трофејот од Светското првенство: „Можам да правам со него што сакам“

Поранешниот француски репрезентативец Бенжамен Менди на аукција ја продаде репликата на трофејот што го доби во 2018 година по освојувањето на Светското фудбалско првенство . 

Контроверзниот Менди  го продаде трофејот од Светското првенство: „Можам да правам со него што сакам“

Од продажбата тој заработи 54.000 евра. Станува збор за трофејот што секој играч го добива – покрај медалот – за освојувањето на Светското фудбалско првенство.

Тој ја објасни својата одлука на „Снепчет“ (Snapchat): „Дали е тоа мој трофеј или ваш? Мој е и можам да правам со него што сакам. Ми зафаќаше многу простор во плакарот. Имам уште работи што можам да ги продадам“, рече Менди, покажувајќи ги своите полици полни со медали и трофеи.

А ги има навистина многу. Со Манчестер Сити, тој четири пати беше англиски шампион и освои еден ФА куп и три Лига-купови. Со Сити го освои и англискиот Суперкуп. Менди беше и француски шампион со Монако во 2017 година. Денес, Менди е играч на полскиот клуб Погоњ Шчечин.

Во еден момент, тој беше најскапиот одбранбен играч во светот. Манчестер Сити го доведе од Монако во 2017 година за 57,5 ​​милиони евра.

Во тоа време, трансферот на францускиот лев бек беше највисокиот дотогаш за еден одбранбен играч.

На почетокот во Сити го мачеа повреди, а во август 2021 година клубот го суспендираше откако беше обвинет за силување во шест наврати.

Две години подоцна, тој беше ослободен од сите обвиненија и успешно го тужеше Сити за неисплатени плати. Ја оживеа кариерата во Лориен, но е далеку од формата што – меѓу другите успеси – му ја донесе титулата светски првак со Франција во 2018 година. Минатата сезона одигра само 11 натпревари за Погон.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер