По снежното невреме, на делови на Германија им се закануваат поплави- се очекуваат 80 литри на метар квадратен - Канал 5

По снежното невреме, на делови на Германија им се закануваат поплави- се очекуваат 80 литри на метар квадратен

По обилните снежни врнежи што ја погодија Германија во последните денови, некои делови од земјата сега се изложени на ризик од поплави поради ненадејни топења на снегот и нови дождови.

По снежното невреме, на делови на Германија им се закануваат поплави- се очекуваат 80 литри на метар квадратен

Некои потоци и реки веќе се излеаја, а експертите предупредуваат дека патиштата, подвозниците и полињата би можеле да бидат поплавени во наредните денови.

Според Германската метеоролошка служба, јужните и источните делови од земјата се особено изложени на ризик, каде што количината на истекување би можела да достигне до 80 литри на квадратен метар.

Метеоролозите велат дека големи количини снег наврнале во некои региони кон крајот на минатата недела, кој сега брзо се топи поради поблагите температури, додека новиот систем со низок притисок носи дополнителни врнежи од запад.

Особено големи количини на дожд се очекуваат во подножјето на Алпите, што ќе го забрза топењето на снежната покривка. Збиениот, стар снег содржи големи резерви на вода, па затоа постојат стравувања од ненадејно зголемување на нивото на водата.

Каде е ризикот од поплави најголем?

Предупредувањата се однесуваат првенствено на подножјето на Алпите, источните делови на Баварија и Франконија, делови од Баден-Виртемберг, границата помеѓу Хесен, Рајнска област-Пфалц и Северна Рајна-Вестфалија, како и поединечни региони во Саксонија и Тирингија.

Меѓудржавниот портал за поплави наведува дека комбинацијата од топење на снегот и врнежите ќе доведе до понатамошно зголемување на нивото на водата. Жолто предупредување за поплава веќе е издадено во некои делови од Баварија и околу Висбаден, додека неколку мерни станици се во состојба на готовност за зголемување на нивото на водата.

Нивото на водата се зголемува и на големите реки, вклучувајќи ја и Рајна, каде што некои крајбрежни области се веќе под вода.

Експертите ги советуваат граѓаните да избегнуваат престој во близина на водотеци и да ги отстрануваат возилата од областите за кои се знае дека се изложени на ризик од поплави.

Метеоролозите во Германија предвидуваат дека временските услови би можеле да се стабилизираат до средината на неделата, кога се очекува врнежите да престанат и времето постепено да се разведри. Под влијание на висок притисок, температурите на запад и југозапад од земјата би можеле да достигнат 20 степени Целзиусови, додека североистокот ќе остане малку постуден.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Веќе 21 фудбалер се платени повеќе од 100 милиони евра за трансфер

Дали фудбалерите навистина вредат толку многу? 

Веќе 21 фудбалер се платени повеќе од 100 милиони евра за трансфер

Веќе 21 фудбалер се платени повеќе од 100 милиони евра за трансфер, а Јан Диоманде би можел да биде следниот.

Најголемиот трансфер што моментално се подготвува на пазарот е доаѓањето на Јан Диоманде од РБ Лајпциг во Реал Мадрид.

Доколку трансферот се реализира, репрезентативецот на Брегот на Слоновата Коска ќе се приклучи кон ексклузивната група играчи за кои се платени повеќе од 100 милиони евра.

Досега, 21 фудбалер ја достигнале таа вредност, почнувајќи од летото 2013 година, кога Реал Мадрид му плати на Тотенхем 101 милион евра за Герет Бејл.

Оттогаш, трансферите со обештетувања од деветцифрени износи станаа многу почести и веќе не предизвикуваат толку многу полемики како порано.

Доаѓањето на клубови во сопственост на држави и милијардери дополнително го зголеми бројот на вакви трансфери.

Меѓу нив, се издвојува Пари Сен Жермен, кој во 2017 година ги сруши сите рекорди со плаќање 222 милиони евра за Нејмар, активирајќи ја неговата откупна клаузула од договорот со Барселона.

Само неколку недели подоцна, ПСЖ го доведе и Килијан Мбапе од Монако за 180 милиони евра.

Ако има еден клуб што доминира на оваа листа, тоа е Челзи.

Во ерата на Роман Абрамович, а потоа под сопственост на Тод Боели, лондонскиот клуб донесе дури пет играчи за повеќе од 100 милиони евра: Морган Роџерс, Енцо Фернандез, Мојсес Кајсед, Ромелу Лукаку и Каи Хаверц.

Клубови од Премиер лигата учествуваа во дури 11 од вкупно 22 трансфери вредни над 100 милиони евра.

Шпанската Ла Лига, вклучувајќи го и евентуалното доаѓање на Диоманде, учествув во осум такви трансфери. Четири би му припаднале на Реал Мадрид, три на Барселона и еден на Атлетико Мадрид.

Франција е претставена од ПСЖ, додека единствениот претставник на Серија А е Јувентус, поради Кристијано Роналдо.

Покрај тоа што сè уште е најскапиот трансфер во историјата на фудбалот, Нејмар е и играчот за кого се издвоени најмногу пари во текот на неговата кариера.

Барселона и ПСЖ заедно платија речиси 400 милиони евра за неговите трансфери.

На второто место е Ромелу Лукаку, за кого клубовите издвоија вкупно околу 370 милиони евра, додека Кристијано Роналдо е трет со 247 милиони.

Трансфери над 100 милиони евра:

1.Нејмар – 222 милиони евра (Барселона → ПСЖ)

2.Килијан Мбапе – 180 милиони евра (Монако → ПСЖ)

3.Александар Исак – 145 милиони евра (Њукасл → Ливерпул)

4.Морган Роџерс – 138 милиони евра (Астон Вила → Челзи)

5.Елиот Андерсон – 135 милиони евра (Нотингем Форест → Манчестер Сити)

6.Жоао Феликс – 127,2 милиони евра (Бенфика → Атлетико Мадрид)

7.Флоријан Вирц – 125 милиони евра (Баер Леверкузен → Ливерпул)

8.Енцо Фернандес – 121 милиони евра (Бенфика → Челзи)

9.Филипе Кутињо – 120 милиони евра (Ливерпул → Барселона)

10.Антоан Гризман – 120 милиони евра (Атлетико Мадрид → Барселона)

11.Џек Грилиш – 117,5 милиони евра (Астон Вила → Манчестер Сити)

12.Мојсес Каиседо – 116 милиони евра (Брајтон → Челзи)

13.Еден Азар – 115 милиони евра (Челзи → Реал Мадрид)

14.Ромелу Лукаку – 113 милиони евра (Интер → Челзи)

15.Кристијано Роналдо – 112 милиони евра (Реал Мадрид → Јувентус)

16.Сандро Тонали – 108 милиони евра (Њукасл → Тотенхем)

17.Пол Погба – 105 милиони евра (Јувентус → Манчестер Јунајтед)

18.Усман Дембеле – 105 милиони евра (Борусија Дортмунд → Барселона)

19.Џуд Белингем – 103 милиони евра (Борусија Дортмунд → Реал Мадрид)

20.Герет Бејл – 101 милион евра (Тотенхем → Реал Мадрид)

21.Каи Хаверц – 100 милиони евра (Баер Леверкузен → Челзи)

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Жешки фотографии на српска ТВ водителка ги „запалија“ социјалните мрежи

Младата српска ТВ водителка Маша Михаиловиќ објави фотографии од својот одмор по раскинувањето на свршувачката и привлече големо внимание кај своите следбеници.

Фото: Жешки фотографии на српска ТВ водителка ги „запалија“ социјалните мрежи

Водителката на популарно реално шоу Маша Михаиловиќ, привлече големо внимание во јавноста откако на социјалните мрежи објави фотографии од својот одмор.

Атрактивната водителка позираше во минијатурно бикини во маслинесто-зелена боја, истакнувајќи ја својата затегната фигура и изгледот на кој со години ѝ завидуваат многубројни следбеници.

Фотографиите од песочната плажа, направени за време на зајдисонцето, за кратко време предизвикаа бројни реакции, а комплиментите за нејзиниот изглед постојано пристигнуваа.

Со својот изглед, Маша уште еднаш покажа зошто важи за една од најистакнатите телевизиски личности во регионот, а нејзините следбеници особено ја истакнаа самодовербата и енергијата што ги покажа по големата животна промена.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Сидни повторно најде причина да го покаже своето тело

Холивудската убавица актерката Сидни Свини, уште еднаш најде причина да го покаже своето тело.

Фото: Сидни повторно најде причина да го покаже своето тело

Сидни Свини повторно го привлече вниманието на јавноста. Таа го искористи својот добро познат трик – односно брендот – за да најде повод да ги покаже своите облини .

Сексапилната актерка деновиве е вистинска атракција, како во реалниот свет, така и на социјалните мрежи. Таа често е активна на Инстаграм, каде што објавува фотографии од својот приватен и професионален живот, а нејзината најнова објава предизвика вистинска помпа меѓу обожавателите на нејзините облини.

Се чини дека популарната актерка пронашла доволно добра причина повторно – по којзнае кој пат – да ги покаже своите прекрасни облини и бујни гради.

Таа ја претстави новата колекција на својот бренд за долна облека SYRN, а кампањата веднаш привлече големо внимание во јавноста.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер