Манасиевски: СДС, Левица и ДУИ намерно го опструираат носењето на Изборниот Законик поради лошите рејтинзи
Николоски: Инвестираме преку 165 милиони денари за нови улици во Гевгелија. Со општината ќе работиме на изградба на нов влез во градот
1Манасиевски: СДС, Левица и ДУИ намерно го опструираат носењето на Изборниот Законик поради лошите рејтинзи
2Николоски: Инвестираме преку 165 милиони денари за нови улици во Гевгелија. Со општината ќе работиме на изградба на нов влез во градот
3Прекинато судењето на серискиот убиец од Старо Нагоричане - Обвинетиот за сериски убиства не го потврди сопствениот идентитет
ТехнологијаПо скандалот и големиот пад, се огласи сопственикот на Фејсбук Сопственикот на Фејсбук, Марк Закерберг се огласи на својот Фејсбук профил откако компанијата претрпе невидени скандали во последните денови.Френсис Хоген, поранешна вработена во Фејсбук, задолжена за социјален интегритет во компанијата, прво излезе во јавноста и ја откри темната страна на социјалната мрежа, велејќи дека Фејсбук „го става својот астрономски профит пред луѓето“. Само еден ден по нејзиното појавување, луѓето ширум светот беа неколку часа сведоци на колапс на целиот систем, поради што корисниците не можеа да пристапат ниту до Инстаграм или Ватсап. Само за тие неколку часа, акциите на „Сината мрежа“ паднаа за 5%, поради што Закерберг загуби неверојатни 7 милијарди долари. Во својот текст, кој прво им го испрати на вработените по е-пошта, тој се осврна на се` што се случи во последните денови. „Сигурен сум дека на многумина од вас им е тешко да го следат неодамнешното известување во медиумите, бидејќи тоа не ја одразува компанијата што ја знаеме“, им напиша тој на своите вработени, негирајќи ги наводите на својата поранешна вработена. „Главното обвинување се заснова на идејата дека го ставаме профитот пред безбедноста и благосостојбата на корисниците. Ова едноставно не е точно. Една од нашите преиспитани одлуки беше да воведеме „Значајни социјални интеракции“. Промената им покажа на корисниците помалку вирални видеа и повеќе содржина на нивните пријатели и семејството.Ние го направивме ова знаејќи дека на овој начин луѓето ќе поминуваат помалку време на Фејсбук, но истражувањата покажаа дека тоа е позитивно во корист на корисниците. Дали некоја компанија која ќе го стави профитот пред благосостојбата на неговите корисници ќе направи такво нешто? " истакна Закерберг. Осудата на основачот на Фејсбук во вторникот дојде и од американските законодавци, кои го обвинија Закерберг за целосна рамнодушност кон безбедноста на неговите корисници. Тие, исто така, изјавија дека социјалната мрежа им штети на децата, шири омраза и побарале детална истрага за обвинувањата изнесени порано од Хоген. Закерберг одговори со пишување дека тој и неговиот тим со години работат на подобрување на регулативите за Интернет, поради што неколку пати сведочеше пред Конгресот, и конечно изјави дека во наредните денови луѓето на водечките позиции ќе направат длабинска анализа на работата на Фејсбук за да биде достапна за сите вработени.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаМанасиевски: СДС, Левица и ДУИ намерно го опструираат носењето на Изборниот Законик поради лошите рејтинзиСДС, Левица и ДУИ намерно го опструираат носењето на Изборниот Законик поради лошите рејтинзи, иако со месеци се создаваше консензус меѓу политичките партии.СДС, Левица и ДУИ намерно го опструираат носењето на Изборниот Законик поради лошите рејтинзи, иако со месеци се создаваше консензус помеѓу политичките партии. Наместо договор и носење на Изборен Законик за следниот изборен циклус, СДС, Левица и ДУИ одбраа да создадат една какафонија во јавноста за овој реформски закон. Имено, потегот на Левица да се покажат како тврдокорни пред своето членство со не потпишувањето договорот за носењето на ИЗ, доаѓа откако увидоа дека рејтингот не им оди како што посакуваат, и на овој начин создаваат алиби за лошиот резултат на следните избори, и секако, прстот го вперуваат кон ВМРО-ДПМНЕ. Вистинската причина за блокирање на ИЗ е токму стравот и паниката од убедливиот пораз на следните избори. СДС пак, откако увидоа дека Левица го блокира ИЗ, и тие да не останат покуси, најдоа начин како да го блокираат ИЗ со поднесување на 10 илјади амандмани, и како што велат, гласањето на дијаспората по електронски пат, односно дека тој чин бил недемократски и неевропски. Секако и за СДС, ВМРО-ДПМНЕ е виновно. Вистинската причина и тука е стравот и паниката од убедливиот пораз на следните избори. ДУИ пак од трета страна се приклучува на блокирање на овој процес, со барање да сите одлуки кои се носат во ДИК да бидат носени со консензус, наместо досегашниот начин кој е демократски, односно мнозински модел. И тука, вистинската причина е стравот и паниката од убедливиот пораз на следните избори. Почитувани граѓани, ВМРО-ДПМНЕ јасно и гласно кажа, се она што ќе го побараат и договорат опозициските партии ние ќе го прифатиме, само да се олесни начинот на гласање на дијаспората. Со ова однесување на опозицијата, се докажува дека за нив дијаспората и враќањето на македонските граѓани во сопствената татковина не им е од интерес, туку ги интересираат само партиските интереси. Валентин Манасиевски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ Со почит, Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаНиколоски: Инвестираме преку 165 милиони денари за нови улици во Гевгелија. Со општината ќе работиме на изградба на нов влез во градотЗавршивме неколку големи проекти во Гевгелија со што инфраструктурно градот доби нов лик, едно модерно место за живеење. Вкупно инвестираме преку 165 милиони денари, поддршката од Владата за Гевгелија ќе продолжи и во таа насoка ќе работиме на изградба на нов влез во градот, најави заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски при денешната посета на Гевгелија. Заедно со градоначалникот извршија увид во реконструкција на улицата Маршал Тито, инвестиција од 81 милион денари поддршка од Владата. “Овој проект ќе даде целосно нов лик на овој дел од градот, Ќе ја врати автентичноста, но исто така има и доста модерни елементи. Тоа што целокупната инсталација се решава и оди подземно и тоа што ќе има едно прекрасно осветлување кое што навечер ќе даде целосно нов дух на овој дел од градот, мислам дека целосно ќе го смени ликот. Toa ќе значи голема шанса и за околните жители нивните имоти да добијат вредност, а тука зошто да не да се отворат и угостителски објекти во кои што ќе можат да доаѓаат и гости од државата, но и гости од странство кои што често знаат да ја посетат Гевгелија. Kако Влада и како Министерство за транспорт дадовме поддршка во реализација на овој проект, во вкупна вредност од некаде 81 милион денари”-истакна Николоски. Тој најави и нов проект за општина Гевгелија. “Заедно со градоначалникот пред некој ден разговаравме и за нов влез на градот кој што ќе го преземеме како обврска Министерството за транспорт, еве можам и официјално да најавам така што ќе работиме заеднички за еден нов влез на градот” – рече заменик претседателот на Владата, Николоски. Николоски истакна дека до сега Владата преку Министерството за транспорт во општина Гевгелија инвестира 165 милиони денари во инфраструктурата. “Покрај оваа улица на која што сме во моментов, завршена е и изградбата на улицата Новопланирана во вредност од 2,4 милиони денари, како и изградба на парк со детско игралиште на улица Деко Ковачев во вредност од 7,1 милион денари. Завршена е реконструкција и рехабилитација на дел од булевар Гевгелија и натпатник на улица Железничка во првиот повик 17,7 милиони денари. Преку средства од Министерството за транспорт завршивме и реконструиравме улици во село Моин, во село Прдејци и во село Богородица и завршен е Западниот булевар фаза 3 со средства обезбедени од Министерството за транспорт со поддршка на Светска банка во вредност од 30,8 милиони денари” – додаде Николоски.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаПрекинато судењето на серискиот убиец од Старо Нагоричане - Обвинетиот за сериски убиства не го потврди сопствениот идентитетОбвинетиот за сериски убиства не го потврди сопствениот идентитетСо вперен поглед нагоре, кон ѕидот осомничениот Трајче Бојковски го стартуваше судскиот процес против него, за според обвинението 4 убиства и два обиди за убиства, во главно врз возрасни и немоќни жени, кои живееле сами. Кога судијата го прозва да ги потврди личните податоци Бојковски гледаше кон светлата во ѕидот и не говоше ништо, туку на моменти се смешкаше кон невклучените сијалици. По 10 ти минути и неколку обиди на судијата, обвинетиот да го потврди сопственото име, даде кратка пауза за да се одлучи дали судењето може да продолжи. Главно обвинетиот Бојковски не го потврди сопственото име, по што судијата побара време, за да одлучи дали може да го продолжи рочиштето. Инаку, серискиот убиец Бојковски со полициска придружба и лисици на рацете беше донесен во Обвинителството во Куманово. Според обвинението, тој се товари за четири кривични дела за убиство како и за обид за убиство. Обвинението во судската постапка ќе го застапува јавниот обвинител Љубомир Лапе од Основното јавно обвинителство Куманово. Според претходно објавени информации во јавноста, жртвите се претежно повозрасни жени, со исклучок на една 35-годишна жена.Тагови: СВР Куманово серискиот убиец од Старо Нагоричане Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook