По Сирија, Трамп се насочи кон Ким Јонг Ун - американски бродови тргнаа кон Северна Кореја

Американската морнарица соопшти дека испратила јуришна група бродови кон Корејскиот полуостров, на чие чело е носач на авиони, за да покаже сила во спротивставувањето на програмата за нуклеарно вооружување на Северна Кореја.

Потегот кој ќе предизвика дополнителна напнатост во ргеионот, е преземен по нападот на Сирија. Многумина го оценија како предупредување до Пјонгјанг поради неговото одбивање да се откаже од нуклеарните амбиции - јавува Франс прес.

- Американската Пацифичка команда наложи групата „Карл Винсон“ да тргне кон север, како мерка на внимателност со цел одржување на подготвеност и присуство во западен Пацифик - изјави командантот Дејв Бенам, портпарол на американската Пацифичка команда.

- Северна Кореја и натаму е закана број еден во тој регион поради својата безобѕирна, неодговорна и дестабилизирачка програма на ракетни проби со тежнение кон нуклеарни оружени капацитети - изјави тој за Франс прес.

Групата бродови тргна од Сингапур кон западен Пацифик.

Пјонгјанг настојува да развие ракета со долг домет која може да го погоди американското копно со нуклеарна боева глава и до сега изведе пет проби од кои две минатата година. Америкаските разузнавачи предупредуваат дека е можно за две години Пјонгјанг да развие нуклеарна боева глава која ќе достигне до територијата на САД.

Ако Кина не заземе потврд став кон програмата з анукеларно вооружување на Северна Кореја, САД ќе делува самостојно - предупреди минатата недела Трамп.

Арсенал се надева дека Жоргињо ќе го продолжи договорот

Фудбалерот од средниот ред на Арсенал, Жоргињо може да го напушти клубот.

Според „Standard“, за 32-годишниот Италијанец силно се заинтересирани Јувентус, Лацио и Наполи. Во исто време, лондонскиот клуб се надева дека играчот ќе ги одбие понудите и ќе го продолжи договорот со Топџиите.

Оваа сезона Жоргињо одигра 35 натпревари, постигна гол и две асистенции.

Се шпекулира дека одлуката дали Жоргињо ќе остане во Арсенал во голема мера ќе зависи дали неговиот тим ќе ја освои Премиер лигата. /МИА

Изречени 130 санкции за брзо возење на територија на државата

На територијата на државава во текот на вчерашниот ден изречени се вкупно 130 санкции за брзо возење.

Од нив, како што информираа денеска од Министерството за внатрешни работи, 12 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а две возила со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа, 53 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 77 надвор од населено место.

Санкционирани 157 возачи под дејство на алкохол

МВР информира дека вчера, во акциска контрола, се санкционирани 157 лица кои возеле под дејство на алкохол.

Контролата била спроведена од 16.00 до 22.00 часот на територијата на Република Северна Македонија.

Според МВР, санкционирани се и 183 други видови на сообраќајни прекршоци.

-Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта, наведува Министерството.

притисни ентер