Опозициските партии и денеска се обвинувања за владината реконструкција и седницата за избор на нови министри
2Опозициските партии и денеска се обвинувања за владината реконструкција и седницата за избор на нови министри
ЖивотПо што се разликуваат Американците од другите луѓе?Постои појава по којашто луѓето ширум светот ги препознаваат Американците. Тоа е „американското навалување“ - положба кога личноста се потпира на ѕид, ограда и слично, и ја префрла својата телесна тежина на една нога, додека чека или разговара со некого. Можеби изгледа смешно, секојдневно и безопасно, но оваа вообичаена навика го привлекла и вниманието на државната Централната разузнавачка агенција - ЦИА. Поранешниот шеф на Одделот за маска на ЦИА, Џона Мендез открива дека Американците често се и подгрбавени, па американските разузнавачи морале да учат како да стојат поправилно за подобро да се вклопат, на пример во европската средина. Зошто Американците го прават тоа навалување? На дискусија на „Редит“, како причини за таа својствена одлика за Американците, се наведуваат американската култура и нивниот секојдневен живот. Некои пак, велат оти, просто, се чувствуваат непријатно додека стојат. Навалувањето наназад, велат, го намалува чувството на вкочанетост и им дава чувство на пристапност и опуштеност. „Не знаев дека тоа е американска работа, но често се чувствувам чудно кога само стојам во место. Полесно е кога ќе се навалам наназад"; „Кој, по ѓав**ите, стои со двете нозе исправени? Така изгледаш како да си подготвен да се соочиш со бруталната вистина дека си здодевен"; „Ние само сме 'чил' (опуштени)“; „Американците се помалку формални, а доброто држење не е нешто што е особено на цена. Само погледнете го Џејмс Дин“ - гласат дел од коментарите. „Луѓето ги забележуваат Американците поради нивниот нагласок, облеката и манирите, па сè друго - вклучително и навалувањето наназад, им станува уште позабележливо“, ќе рече друг корисник. Се начна и еден посериозен проблем - работната култура во САД. На многу работни места, особено во малопродажбата, на вработените не им е дозволено да седат. „Крилатицата 'Ако имаш време да се потпреш наназад, имаш време да зачистиш' - е ноќна мора на секој работник“, вели следниот корисник. Натаму, корисниците се жалат и на здравствени проблеми - болки во грбот, повреди (коишто не се лекуваат поради скапото здравствено осигурување), недостатокот на паркови и клупи итн. Дали само Американците се потпираат така? Вмешувајќи се во разговорот, еден Англичанец пишува: „Стоиме и чекаме во редот - во тишина и страдање. Тоа е она во што ние сме најдобри“. Имено, некои корисници со право забележуваат дека таквото потпирање не е строго американска навика. А, има и слични други навики... Во Јужна Кореја и други држави, на пр., додека чекаат, луѓето почесто би клекнале отколку да се потпрат. /МИАТагови: САД Американци Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиОслободителна пресуда за „Талир 2″- падна основата за конфискација на партиското седиште на ВМРО-ДПМНЕ15:00Мицкоски: Сакам да се извинам на вас, на пратениците и на граѓаните што денеска бевме сведоци на овие настани08:36Собранието ги избра новите 8 министри23:39Ескалираше седницата за реконструкција: СДСМ обвини дека Стоилковиќ упатил навреди и пцовки кон Битиќи и Трајчулевски20:55Собраниска седница за реконструкција на Владата, ќе се сменат 8 министри18:18
Ослободителна пресуда за „Талир 2″- падна основата за конфискација на партиското седиште на ВМРО-ДПМНЕ15:00
Мицкоски: Сакам да се извинам на вас, на пратениците и на граѓаните што денеска бевме сведоци на овие настани08:36
Ескалираше седницата за реконструкција: СДСМ обвини дека Стоилковиќ упатил навреди и пцовки кон Битиќи и Трајчулевски20:55
ЗдравјеСашо Клековски ја презеде функцијата министер за здравствоАзир Алиу и официјално му ја отстапи министерската фотелја на досегашниот Директор на Фондот Сашо Клековски. Дел од петте столба на Алиу ќе останат приоритети, како што е изградба на нов Клинички и покрај личниот став дека не се потребни нови згради туку ефикасна регионализација, потврди Клековски на последната прес-конференција што тој ја одржа како Директор на Фондот. Тој потврди дека нема да запре дигитализацијата, но за тоа дали во сите државни болници лекарите ќе се евидентираат со отпечаток од прст наместо со картичка, Клековски вели дека ќе разговара со директорите за методите на евиденција и контрола. Клековски е задоволен од сработеното за време на изминативе две години во Фондот. Вели дека е горд што постигнал нешто повеќе од половина од она што било планирано како што е проширување на позитивната листа, зголемување на платите и повеќе пари за болниците. Но, како незавршени ги остава е-рецепт кој не функционира во целост, но и најавата дека секое дете треба да добие право на свое име да има осигурување од државата без разлика дали родителите му се осигурени или не. За безмалку 35 години независност, Министерството во просек добивало нов министер на секои неполни две години – поточно на околу една година и осум месеци. Дваесет различни луѓе го раководеле Министерството, а поради двата одделни мандати на Арбен Таравари, Клековски стапува на функцијата како 21-ти Министер по ред. Најболниот сектор останува лидер по смена на функционери, а единствената реформа која остана во континуитет е „мој термин“, додека нов клинички центар беше ветување на многу министри, но никој досега не удри камен темелник. Тагови: Сашо Клекоски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаУсловна затворска казна од една година за поранешната претседателка на ДКСК, Татјана ДимитровскаКривичниот суд во Скопје денеска ја објави пресудата во предметот против поранешната претседателка на Државната комисија за спречување на корупцијата Татјана Димитровска.Кривичниот суд во Скопје денеска ја објави пресудата во предметот против поранешната претседателка на Државната комисија за спречување на корупцијата Татјана Димитровска, изрекувајќи ѝ единствена условна казна затвор од една година за кривичните дела оддавање службена тајна и компјутерски фалсификат.. Пред судот е Дејан Трајкоски, Дејан кои се аргументите на судот? Во видеото погледнете го целиот извепштај. Тагови: кривичен суд Скопје Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиОслободителна пресуда за „Талир 2″- падна основата за конфискација на партиското седиште на ВМРО-ДПМНЕ15:00Мицкоски: Сакам да се извинам на вас, на пратениците и на граѓаните што денеска бевме сведоци на овие настани08:36Собранието ги избра новите 8 министри23:39Ескалираше седницата за реконструкција: СДСМ обвини дека Стоилковиќ упатил навреди и пцовки кон Битиќи и Трајчулевски20:55Собраниска седница за реконструкција на Владата, ќе се сменат 8 министри18:18
Ослободителна пресуда за „Талир 2″- падна основата за конфискација на партиското седиште на ВМРО-ДПМНЕ15:00
Мицкоски: Сакам да се извинам на вас, на пратениците и на граѓаните што денеска бевме сведоци на овие настани08:36
Ескалираше седницата за реконструкција: СДСМ обвини дека Стоилковиќ упатил навреди и пцовки кон Битиќи и Трајчулевски20:55
МакедонијаОпозициските партии и денеска се обвинувања за владината реконструкција и седницата за избор на нови министриРеконструкцијата е само ревидирана верзија на владата со заменети имиња на функциите кои нема да донесат подобар живот за граѓаните - оценува лидерот на СДСМ Венко Филипче. На прес конференција упати остри критики до премиерот Мицкоски дека на вчерашната собраниска седница тој и старо-новиот министер Иван Стоилковиќ навредувале пратеници од СДСМ, а на крај Мицкоски имал изнудено извинување во празна сала. Вели дека политичката комуникација била спуштена на многу ниско ниво, а потегот на премиерот според него е формален обид за спас на политичкиот углед. -Ќе беше културно и достоинствено ако се извинише, но тој само создаде привид, се извини во празна сала, кога опозициските пратеници ја напуштија салата, само за да направи еден политички театар. Едно срамежливо, изнудено извинете. Меѓутоа, тоа не може да ги избрише навредите и неговиот начин на однесување. Вистинското извинување подразбира признавање на грешката, менување на начинот на однесување и санкции за Иван Стоилковиќ, кој што истото го направи во собраниската сала. / Ова не е ново негово однесување. Граѓаните ги нарекуваше „талог на општеството“, „глодари“, „медиокритети“, „мекотели“ и други погрдни зборови, а сега почна да ги навредува и пратениците во Собранието,- Венко Филипче – претседател на СДСМ. Реакција има и од ДУИ, кои и денеска побараа одговорност за наводни навреди кон пратеничката од нивните редови Арбана Пашоли. Случувањата на вчерашната седница не биле случаен инцидент туку скандал за кој треба да има разврска. ДУИ изразува целосна солидарност со пратеничката Арбана Пашоли и бара итна политичка одговорност. Премиерот не може да молчи пред таквото однесување, бидејќи молчењето значи одобрување. Владата на ВМРО-ВЛЕН-ЗНАМ мора да разјасни пред граѓаните дали говорот на омраза, навредите и понижувањето на пратениците Албанци се нејзин нов политички стандард. – велат од партијата на Ахмети. За какви навреди конкретно станува збор од партиите не открија. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook