Синер го смени тренерот и рече: „Нема да почнам од почеток, продолжувам да напредувам – по еден процент!“
2Синер го смени тренерот и рече: „Нема да почнам од почеток, продолжувам да напредувам – по еден процент!“
МакедонијаПо седум години, Дигиталниот самит на Западен Балкан се враќа во СкопјеДигиталниот самит на Западен Балкан по седум години се враќа во Скопје на 1-ви и 2-ри октомври, со очекувани 800 учесници.По седум години, Дигиталниот Самит на Западен Балкан се враќа во Скопје. Следната недела, на 1-ви и 2-ри октомври во Музејот на Современа Уметност експерти од цела Европа ќе присуствуваат на самитот на кој го организира Министерството за Дигитална Трансформација. Mинистерот Стефан Андоновски вели се очекуваат околу 800 учесници на самитот, а според него, клучната тема е сајбер-безбедноста и за истата ќе се разговара на повеќе панели. „Самитот ќе покрие неколку клучни теми за дигиталната трансформација и за Македонија, и за регионот. Навистина имаме што да кажеме како држава. Од тука, клучна тема на барање на поголем број панелисти и организации ќе биде сајбер безбедноста и таа ќе биде покриена на три различни панели – два на помалата text stage и еден секако на големата, односно на главната сцена. Останатото ќе бидат дигиталните паричници, мобилната апликација којашто ние ја развиваме, презентација на компаративни искуства за мобилни апликации и паричници, интероперабилност и нудењето електронски услуги за граѓаните.“ Андоновски на самитот ќе ја презентира и македонската супер-апликација која се состои од два сегменти. Тест-верзијата ќе ја искористат учесници на самитот кои подоцна ќе треба да ги увидат сите недостатоци и до крајот на годината да биде пуштена во промет првата почетна верзија на апликацијата. Како што вели, комплетно сите услуги кои се понудени на е-услуги порталот се очекува да бидат преместени во електронскиот паричник во 2026 година. „Зошто супер? –Затоа што е апликација од два клучни дела, сегменти. Едниот сегмент е вашиот дигитален паричник на којшто во оваа тест-верзија, морам да кажам дека ќе биде тест-верзија, ќе биде вашата лична карта достапна во електронска форма и две услуги во вториот модул.“ „Освен личната карта, кои се другите две услуги коишто ќе бидат вклучени во дигиталниот паричник? –Планот е да ги имаме потврдите за стаж, историјатот за работни односи и М4М2 образецот, не ме држете за збор, можеби го згрешив, но, планот е да ги имаме овие два затоа што сеуште апликацијата нема внатрешно плаќање во самата апликација. Сите други услуги кон граѓаните, најголемиот дел се плаќа административна такса, а тој елемент, тој модул го немаме сеуште вградено во тест верзијата.“ Настанот ќе го отвори премиерот Христијан Мицкоски, а свое обраќање ќе има и генералниот секретар на Советот за регионална соработка Амер Капетановиќ, министрите за дигитална трансформација од земјите од Западен Балкан, поранешниот министер за дигитализација на Полска, како и претставник од Австралија. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаПроф.д-р Јанкуловски е нов претеседател на Лекарска комораПоранешниот ректор на УКИМ и абдоменален хирург, Никола Јанкуловски е новиот претседател на Лекраската комора. Професорот Јанкуловски доаѓа на местото на досегашната претседателка доктор Калина Гривчева – Старделова. Тагови: Лекарска комора Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаГраѓански организации со 7 барања против насилството- доста е, не чекаме осма жртваПоследниот случај на убиство на 17 годишната девојка од Богданци која пријавувала насилство, заради страв не излегувала покажа дека никој не ја заштитил од насилство и убиство. Во пресрет на „16 дена ативизам против родово базирано насилство“ граѓанските организации Мрежа за заштита од дискриминација, Платформа за родова еднаквост и Националната мрежа против насилство врз жени бараат да нема протоколарни свечени настани, осветлување на згради во портокалова боја, и ветување на хартија, а жени умираат од насилство и живеат во страв дека пријавиле, а никој не ги заштитил. Повикот е доставен до владата, собранието, амбасадите, ЕУ и ОБСЕ. За една година седум жени биле убиени од нивните партнери, портокаловите ленти покажаа дека не се ефективни, потребна е навремена рекација на полицијата, социјалните работници, обвинители и судии кои итно ќе постапуват за да се спречи насилникот да го продолжи насилството, вели Аврамовска за Канал 5. Последниот случај на убиство на 17 годишната девојка од Богданци која пријавувала насилство, заради страв не излегувала покажа дека никој не ја заштитил од насилство и убиство. По собирањето на 15 илјади потписи за електорнска нараквица се чека да се направат измени во законот за спречување и заштита на насилство врз жените. Со предлог измените во законот електронските наркавици треба да ја предупреди жртвата дека насилинкот е блиску до неа и да ги алармира надлежните. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаПад од 14 отсто на продажбата на станови во третиот квартал годинаваСе помалку се купуваат, а се повеќе се изнајмуваат станови. Пазарот на недвижности во земјава во третиот квартал бележи пад на купопродажбите, а значителен раст на изнајмувањето. Продажбата на станови е намалена за 14 % додека бројот на станови дадени под закуп е зголемен за 45%. Пад од 6 проценти бележи и вкупната финансиска вредност на продадените станови, додека месечниот износ на закупнините за станови е повисок за 31%. Ова го покажува извештајот на Агенцијата за катастар на недвижности за периодот од јули до септември годинава. Но, дали ова значи дека граѓаните се почесто се откажуваат од купување стан и се одлучуваат да живеат под кирија? Од Градежната комора велат дека растот на изнајмувањето е резултат на сезонски фактори, МЕГУ НИВ почетокот на академската година, но и привремените работни ангажмани и туристичките престои.. --Значи тука има момент на изразено издавање на закуп за време на студии, за време на среднообразованија коишто доаѓаат од другите градови од државата, така да може да бидат повеќе симптоми, а делот дека од за постојано живеење, мислам дека тој тренд уште не е достигнат, да ние имаме земање на стан под закуп за долгорочен престој,- Ивица Јакимовски, претседател на Градежната комора при ССК. Дополнително, извештајот покажува дека во третиот квартал највисока постигната цена за продажба на стан во новоградба изнесувала над 199.000 евра или околу 3.160 евра за м2. Станува збор за стан во О.Центар од 63м2. Јакимовски смета дека недостигаат станови по пристапни цени. Посочува дека квадрат од околу 3.000 евра не може да си го дозволи секој граѓанин и дека е потребна поголема понуда на станови со цени до 2.000 евра за квадратен метар.. -Затоа е потребно да имаме поголема понуда на недвижност со помала вредност која би се движела околу 2.000 евра, 1.900, којашто ќе биде околу централно градско подрачје и периферно на општините коишто се – Аеродром, Кисела Вода, Карпош, за да имаме стабилен пазар на недвижности,- Ивица Јакимовски, претседател на Градежната комора при ССК. И покрај намалениот број купопродажби, становите остануваат најзастапена категорија на пазарот на недвижности. Во третиот квартал учествуваат со 34 проценти од сите купопродажби. На второ место е земјоделското земјиште и шумите со 29 проценти, а потоа куќите со 15 и градежното земјиште со 13 проценти. Над 7.600 трансакции биле регистрирани во овој период, со вкупна финансиска вредност од 339 милиони евра. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЛукаревска до Славески: Го урнисавте банкарскиот сектор, поднесете си оставка 15:16Случајот „АЛТА банка“ денеска на надзорна расправа пред матичната собраниска комисија11:21Собранието го усвои амандманот со кој се брише членот 13 од измените на Законот за јавните набавки08:34„Безбеден град“ се шири во Струмица, Штип и во Битола, МВР најавува мобилни камери на улиците15:08Учество на претседателката Сиљановска-Давкова на 9. Париски мировен форум08:35
Собранието го усвои амандманот со кој се брише членот 13 од измените на Законот за јавните набавки08:34