Министерство за култура: Објавен е Конкурсот за доделување на државната награда „Св. Климент Охридски“ во 2026 година
1Министерство за култура: Објавен е Конкурсот за доделување на државната награда „Св. Климент Охридски“ во 2026 година
3Австралија соопшти дека вештачката интелигенција на „Опенаи“ извршила упад во владин портал за здравствени податоци
ЖивотПо разводот, продал сѐ на Ибеј, купил остров и пак се вљубил: Ми недостига само едно (ВИДЕО)Приказната за Британецот кој го „продаде животот“ на eBay, а потоа купи тропски остров, повторно и повторно се ажурира на мрежите.Иан Ашер живеел во Австралија кога неговата сопруга поднела барање за развод. После тоа решил дека му е доста од „стариот живот“ и направил радикален потег. Иан ја ставил куќата и целиот свој имот на продажба и ги искористил парите за да купи пуст остров на Карибите. Со нешто повеќе од 200.000 фунти решил да го изгради својот „мал рај“, каде што немало ни вода ни струја. Покрај тоа, тој морал да одгледува овошје, зеленчук и живина за да се прехрани. Во една прилика, за време на едно патување во Лондон, ја запознал Ванеса, која набрзо му се придружила во големата авантура, пренесува LadBible. Иан постојано дава интервјуа и го опишал животот на пуст остров. Уживаше во работите што требало да ги работи, а ги имало доста. Освен што се грижел за овошјето и зеленчукот, тој се грижел и за 10 кокошки кои слободно шетаат, за нивните јајца да бидат целосно органски, откри тој. Понекогаш го посетувале рибари од кои купувал риба. Во најблискиот град имало и два супермаркети до кои оделе на секои 10 дена со брод. Во моментите на одмор тој заедно со својата избраничка уживал на плажа и во нуркање. За медиумите признал дека му фали само едно. „Ми недостига излегувањето во петок со семејството и пријателите во стариот добар паб“, рече тој. Ја споменал и лошата интернет конекција, но и губењето на џет ски. И тогаш, пред девет години, решил да сврти нов лист! Го продал островот и почнал да патува низ светот со Ванеса. Последен пат медиумите ги „лоцирале“ во Франција, каде што се преселил парот. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиОЈО ГОК во тек е акција под кодно име „Филтер 2“10:24Продолжи судењето за Лотарија - Груби и Бајрами повторно на обвинителна клупа15:00Тошковски: Има големи злоупотреби со боледувањата во државниот и во приватниот сектор11:04Средба на Сиљановска-Давкова со претставници на организацијата „Обединети Македонци во Канада“08:36Мицкоски ќе се обрати во ООН во петок, денеска учествуваше на Самит на мултилатеризмот15:00
КултураМинистерство за култура: Објавен е Конкурсот за доделување на државната награда „Св. Климент Охридски“ во 2026 годинаОдборот за доделување на државната награда „Св. Климент Охридски“ распиша Конкурс за доделување на државната награда „Св. Климент Охридски“ во 2026 година.Со државната награда „Св. Климент Охридски“ се оддава највисоко признание за долгогодишни остварувања во областа на воспитанието, образованието, културата, уметноста, здравството, заштитата и унапредувањето на човековата околина и во социјалната дејност. Државната награда се доделува на поединци, група творци, екипи, установи, трговски друштва и здруженија на граѓани. Државната награда може да се додели и на странски државјани, група творци, екипи и институции од странство за долгогодишни остварувања кои се од јавен интерес за Република Македонија. Конкурсот ќе трае од 25.9.2026 до 15.10.2026 година. Конкурсот и пријавата се достапни на веб-страницата на Министерството за култура и туризам: Државни награди - Државни награди - Конкурси - Министерство за култура и туризам - Република Северна МакедонијаКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЗабаваФото: Бред Пит повторно е најголемата ѕвезда во Холивуд, а воопшто не се оптоваруваНајголемиот заводник во Холивуд, актерот Бред Пит повторно воодушеви со својот изглед на Филмскиот фестивал во Сан Себастијан.Мегапопуларниот актер на филсмкиот фестивал се појави во тексас комбинација. Бред Пит веќе подолго време го привлекува вниманието на јавноста. Често можеме да го видиме во необични, лежерни изданија што не ги следат правилата на светот на модата кога станува збор за големи филмски настани и проекции. Неодамна, на Меѓународниот филмски фестивал во Сан Себастијан, тој се претстави во шарена комбинација што спојува дури шест навидум неспоиви бои, а сега нè воодушеви со младешки изглед. Тој присуствуваше на прес-конференцијата за филмот „Срцето на ѕверот“ и за таа прилика одлучи да ја продолжи својата низа лежерни комбинации, кои изгледаат како воопшто да не се трудел да го шармира светот на модата. Се појави во тексас од глава до пети, постигнувајќи го оној лежерен, младешки изглед. Сепак, главниот адут на стајлингот беа парчињата облека што се „криеја“ под неговата тексас-јакна. Носеше бела кошула со розова вратоврска, со што постигна ефект на модерна елеганција која не делува премногу круто. Ќе се согласите, ретко кој маж би се осмелил на ваква модна комбинација...Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Шоу бизЏејми Фокс го очекува своето трето дете: „Сè уште имам сила“Холивудската ѕвезда, актерот 58-годишниот Џејми Фокс за време на гостувањето во емисијата „Jimmy Kimmel Live!“ потврди дека тој и неговата 31-годишна партнерка, Алис Хакстеп, го очекуваат своето прво заедничко дете, шегувајќи се: „Бебе е на па Сè уште ме бидува“. Како Фокс се подготвува за оваа нова улога? Добитникот на Оскар, кој веќе има 32-годишна ќерка, Корин, и 18-годишна ќерка, Анелиз, од претходни врски, изјави дека се подготвува повторно да ги извршува секојдневните родителски обврски – вклучително и возењето на децата до училиште. Тој призна дека, на 58-годишна возраст, е свесен оти ова искуство ќе биде поинакво од претходните. Што рече тој за здравствената криза низ која помина? „Дејли мејл“ (Daily Mail) пренесува дека за време на разговорот, Фокс се осврна и на мозочното крварење и мозочниот удар што ги доживеа во 2023 година додека работеше на филмот *Back in Action*. Тој изјави дека сега се чувствува одлично и дека, по тоа искуство опасно по живот, станал поблагодарен за секој момент. Колку долго се заедно Фокс и Хакстеп? Фокс и Хакстеп се поврзуваат уште од 2022 година, а нивната врска стана јавна следната година. Откако се појавија информации дека раскинале на почетокот на 2025 година, неколку месеци подоцна повторно беа видени заедно; бебето што го очекуваат ќе биде негово трето, а нејзино прво дете.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter