3Македонецот Волкановски ја одбрани титулата Светски шампион- го нокаутира досега непоразениот Евлоев
БалканПо протестот на опозицијата во Тирана, во притвор седуммина граѓаниКривични пријави за 21 пратеник и 19 претставници на партии.По синоќешниот протест на опозицијата во Тирана, со две и пол часовно блокирање на пет главни улици во градот, и судири со полицијата, во притвор завршија седуммина учесници, додека кривични пријави поднесени се против 21 пратеник и 19 претставници на политички партии. -Притворените се на возраст од 21 до 59- годишна возраст, а се товарат за „Попречување на нормалното одвивање на сообраќајот“ „Спротивставување на полициски службеник“ „Организирање и учество во собири и нелегални демонстрации“ „Нарушување на јавниот ред и мир“. Под истите обвиненија против 21 пратеник и 19 претставници на политички партии, се поднесени кривични пријави и ќе се бранат од слобода, стои во полициското соопштение. Се додава дека од досегашните истраги, произлегува дека за време на протестот, со блокирање на главни улици во Тирана, пратеници или претставници на политичките субјекти Демократската партија, Републиканската партија и Партијата на слободата, повикале на блокади, иако биле предупредени дека тоа е кривично дело и насилно се однесувале кон полициските службеници. Материјалите се доставени до Обвинителството во Тирана за понатамошна постапка. Во меѓувреме полицијата ги отфрли обвинувањата на лидерот на демократите Сали Бериша, за прекумерна употреба на сила врз Агрон Ѓекмаркај, потпретседател на партијата, пратеник и потпретседател на албанскиот парламент, кој исто така обвини дека бил нападнат од полицијата. Ѓекмаркај во еден момент изгуби свест на протестот, веднаш му беше дадена помош од екипа на брзата помош и пренесен со амбулантно возило во клиниката за трауматологија, каде синоќа го посети Бериша. Тој денеска ја напушти болницата. Бериша, кој по една година учествуваше на протест, порача дека граѓанска непослушност ќе продолжи се до исполнување на нивните цели, техничка влада и слободни избори. /МИАКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаПосебен режим на сообраќај утре во Скопје поради посета на делегација од Република КосовоНа 27.10.2026 (вторник) во официјална посета нa Македонија ќе присуствува претседателката на Собранието на Република Косово, Н.Е. г-ѓа. Албулена Хаџиу.Од тие причини Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот во централното градско подрачје на Град Скопје. Апелираме до сите граѓани учесници во сообраќајот да се почитуваат наредбите кои ќе ги даваат полициските службеници.Тагови: режим на сообраќај Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
БалканУпад на Информер: Драма на телевизија, Вучиќевиќ повика полицијаГрупа од неколку десетици луѓе, се собраа пред ТВ Информер вечерва, а подоцна упаднаа во редакцијата.Меѓу нив е и Дијана Хрка, мајка на една од жртвите од уривањето на настрешницата на железничката станица во Нови Сад. Видео на кое се гледа групата пред Информер беше објавено на социјалните мрежи. „Да одржиме колегиум заедно“, стои во описот на видеото, во кое се слуша викање од толпата. Ma je l to dobri narod upao u Informer? https://t.co/Y9Z3rzQxr5 — Marijana 🇷🇸 (@MarijanaMM_) October 26, 2026 Група луѓе насобрани упаднаа во Информер Главниот уредник на Информер, Драган Ј. Вучиќевиќ, рече дека групата тропала по прозорците и вратите и дека, како што тврди, „скршиле една од вратите на влезот во телевизиската станица“. „Тропаат по прозорците, скршија една врата, сега одат на другиот влез. Сакаат да провалат“, рече главниот уредник на Информер. За време на емисијата, тој ја повика полицијата да реагира. Вучиќевиќ го повика лидерот на Студентската листа, Илија Срдановиќ, да реагира во живо на програмата. Vrati konju glavu Draganeeeee uživo https://t.co/zO8D1tTIfe — Bora (@BoraKonj) October 26, 2026 Потоа толпата упадна во редакцијата, вклучувајќи ја и Дијана Хрка. Како што може да се види во преносот во живо на телевизија, неколку компјутери беа скршени. Полицијата пристигна пред Информер во полна опрема. Pripadnici zborova upali u Informer. Ne znam šta će sad sa ovim, valjda da ga osedlaju prvo https://t.co/RFydWPbTEC — Nevena (@nevena227) October 26, 2026 Драган Ј. Вучиќевиќ ја напушти редакцијата во придружба на група насобрани луѓе По расправија со Дијана Хрка и другите присутни, главниот уредник на Информер Драган Ј. Вучиќевиќ ја напушти канцеларијата во придружба на насобраните луѓе. Извор: БлицТагови: Србија Информер Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Шоу бизТеа Таировиќ итно оперирана поради внатрешно крварењеСпоред пишувањата на локалните медиуми, Теа Таировиќ била подложена на итна операција поради внатрешно крварење.Веста за здравствената состојба на популарната пејачка предизвика загриженост во јавноста, откако се појавија информации дека таа во текот на ноќта била хоспитализирана, нејзиниот ПР-тим излезе со соопштение. Како што пренесува „Блиц“, лекарите одлучиле да извршат итна операција по извршениот преглед. Во соопштението од нејзиниот тим се потврдува дека Теа сега е добро. View this post on Instagram A post shared by Tea Tairović (@tea_tairovic) Веста за итната операција на Теа Таировиќ ги вознемири нејзините бројни обожаватели, кои со нетрпение очекуваат нови информации за нејзиното закрепнување. Извори за „Блиц“ наведуваат дека пејачката била примена во болница синоќа, а по лекарските прегледи, лекарите утврдиле дека е неопходна итна операција. Медиумот пренесува дека станувало збор за внатрешно крварење, а според изворите, животот на пејачката бил загрозен. Сериозноста на ситуацијата ја потврдува и фактот што медицинскиот тим реагирал веднаш. View this post on Instagram A post shared by Tea Tairović (@tea_tairovic) Теа Таировиќ сега е добро, потврдува нејзиниот ПР-тим По веста за итната операција, стигна информација и од тимот на пејачката. Нејзиниот ПР-тим потврди дека Теа Таировиќ сега е добро, но одбија да изнесат повеќе детали за нејзината здравствена состојба. „Теа Таировиќ сега е добро. Не сакаме да откриваме детали за нејзината здравствена состојба. Таа лично ќе ѝ се обрати на јавноста штом ќе биде во можност. Ве молиме за разбирање“, изјавија од ПР-тимот на Теа Таировиќ. View this post on Instagram A post shared by Tea Tairović (@tea_tairovic) Засега нема дополнителни информации за настаните што довеле до хоспитализацијата, ниту пак за тоа колку долго ќе трае нејзиното закрепнување.Тагови: Теа Таировиќ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter