По прогласувањето на епидемија, родителите масовно ги вакцинираат децата против голема кашлица - Канал 5

По прогласувањето на епидемија, родителите масовно ги вакцинираат децата против голема кашлица

Метеж пред вакциналните пунктови. 

По прогласувањето на епидемија, родителите масовно ги вакцинираат децата против голема кашлица

Зголемувањето на бројот на новозаразени од пертусис како и предлог мерките од страна на комисијата за заразни болести невакцинираните деца да не одат во градинка родителите чии деца не биле вакцинирани или ревакцинирани ги донесоа децата на вакцина и ревакцина. Дел од родителите денеска беа и на редовна вакцина за своите деца. Според нив голем дел од родителите не ги носат редовно на вакцина децата, бидејќи социјалните мрежи се погласни од науката во делот на вакцинација.

Најголем дел од вакцинираните деца се оние кои не ја примиле ревакцината ДТПР на 18 месеци. Педијатрите велат дека ревакцините се исто така важни, заради зајакнување на имунитетот.

Педијатрите посочуваат дека ДТПР вакцината и ревакцината ги заштитува децата и од тетанус доколку има детето има повреда. Од центарот за јавно здравје потврдија два нови случаи, а во клиниката Козле потврдија дека има пет деца хосипитализарни со голема кашлица, а за три се чека потврда. Засега се уште се чека потврда од владата за спроведување на мерките од комисијата каде се бара невакцинираните деца да не посетуваат градинка. Од здравствениот дом Скопје потврдија дека утре поликлиниката Букурешт за вакцинација ќе работи од осум до 14 часот, а од понеделник вакциналните пунктови ќе работат во две смени.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Сали од Даблин: Проширувањето мора да остане кредибилен, правичен и меритократски процес

Сали истакна дека проширувањето повеќе не е само политички избор, туку геополитичка неопходност и инвестиција во безбедноста, стабилноста и конкурентноста на Европа. 

Сали од Даблин: Проширувањето мора да остане кредибилен, правичен и меритократски процес

Првиот заменик-претседател на Владата и министер за европски прашања, Беким Сали, учествуваше на неформалниот состанок на Советот за општи работи на Европската Унија, одржан во Даблин под ирското претседателство со Советот на ЕУ. Сесијата посветена на проширувањето ги обедини министрите на земјите членки на ЕУ и претставниците на земјите кандидати и партнери, со цел да се разгледаат начините за забрзување на реформите и зајакнување на институционалните капацитети.

Во своето обраќање, Сали истакна дека проширувањето повеќе не е само политички избор, туку геополитичка неопходност и инвестиција во безбедноста, стабилноста и конкурентноста на Европа. Тој нагласи дека Македонија останува цврсто посветена на европската интеграција, спроведувањето на реформите и целосното усогласување со вредностите и политиките на Европската Унија.

Осврнувајќи се на искуството на земјата во пристапниот процес, Сали оцени дека Спогодбата за стабилизација и асоцијација е еден од главните столбови на европската трансформација на државата, придонесувајќи за зајакнување на законодавството, економијата и администрацијата. Сепак, тој посочи дека главниот предизвик денес е ефективното спроведување на реформите, особено во владеењето на правото, судството, борбата против корупцијата и јавната администрација.

Сали ја поздрави визијата на еврокомесарката за проширување Марта Кос за поамбициозен модел на постепена интеграција, кој ќе им овозможи на земјите кандидати постепено вклучување во политиките, програмите и делови од Единствениот пазар на ЕУ пред членството. Тој нагласи дека постепената интеграција треба да ги забрза подготовките, да донесе конкретни придобивки за граѓаните и бизнисите и да ја зајакне довербата во процесот, додека крајната цел останува полноправното членство во Европската Унија.

Во овој контекст, Сали повика на покоординирана поддршка од земјите членки преку директна експертска помош, TAIEX, Твининг и подолгорочно ангажирање европски експерти во домашните институции. Тој истакна дека пристапниот процес мора да остане правичен, предвидлив и заснован на заслуги, така што резултатите и тешките политички одлуки ќе бидат проследени со конкретен напредок.

„Македонија ја избра Европа. Подготвени сме да го исполниме нашиот дел и очекуваме посветеноста, реформите и резултатите да бидат препознаени со напредок. Инвестирањето во нашите капацитети е инвестиција во идна земја членка и во посилна Европа“, истакна Сали.

Кабинет на министерот за европски прашања

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Лишен од слобода скопјанец, пронајдени украдени пригушници од железничка пруга и вратени на „Железници“

По добиената пријава, преземени се соодветни мерки и активности.

Лишен од слобода скопјанец, пронајдени украдени пригушници од железничка пруга и вратени на „Железници“

На 03.09.2026 полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода З.С.(45) од Скопје, постапувајќи по претходна пријава за извршени две тешки кражби на пригушници од железничка пруга, од кои една на подрачје на ПС Аеродром и една на подрачје на ПС Драчево. По добиената пријава, преземени се соодветни мерки и активности и З.С. е приведен во ПС Аеродром, а украдените предмети се пронајдени и вратени на сопственикот „Железници на РМ“. По целосно расчистување и документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Во тек е исплатата на правата од социјална и детска заштита

Министерството за социјална политика, демографија и млади информира дека денеска 4 септември 2026 година започна исплатата на правата од социјална, детска и цивилна заштита за месец август 2026 година.

Во тек е исплатата на правата од социјална и детска заштита

Kорисниците на парични права коишто поседуваат дебитна картичка ќе можат да подигнат готовина на банкоматите на банките, да ги користат средствата за безготовински плаќања во продажната мрежа или преку електронско и мобилно банкарство.

Исто така, и корисниците кои не користат картички од денеска ќе можат да ги подигнат своите средства во сите отворени филијали и експозитури на банките.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер