По површината на Пацификот плови маса од вулкански камења со големина на 20 000 фудбалски игралишта (ВИДЕО) - Канал 5

По површината на Пацификот плови маса од вулкански камења со големина на 20 000 фудбалски игралишта (ВИДЕО)

По Тихиот Океан плови огромен ,,спав” од вулкански камења , што се простира на површина од 150 квадратни километри. 

По површината на Пацификот плови маса од вулкански камења со големина на 20 000 фудбалски игралишта (ВИДЕО)

Научниците објавија дека низ океанот плови огромна маса на лесна , сунѓереста карпа од вулканско потекло. Прв пат овој феномен го забележале австралиски научници кон средината на август , а потоа и други поморци , кои случајно со бродовите впловиле во оваа чудна пловечка маса. Вулканолозите сметаат дека оваа маса потекнува од подводниот вулкан во близина на Тонга , кој еруптирал на 7. август. Овие карпи се лесни , шупливи и настануваат кога лавата пребргу се лади. Австралиска двојка впловила случајно во оваа наслага со својот брод.

„Брановите одеднаш се смирија и бродот запре“, велат Мајкл Хулт и Лариса Брил за феноменот што го доживеале ноќта на 16 август. „Пловечки делови се протегаа , осветелени од Месечината до каде што допираше погледот“.

Во еден момент тие биле заглавени, но успеале да се извлечат. Земале примероци од карпите, со големина на кошаркарска топка и ги испратиле на универзитетот Квинсленд.

Геологот Скот Брајан вели дека ваквите маси во регионот можат да се видат на секои пет години. „Овој феномен се јавува од време на време. Бидејќи островите се наоѓаат во средина на океанот, луѓето ретко го забележуваат .“, објасни тој. „Понекогаш се чини како целиот океан да се претворил во земја“.

„Во моментот има повеќе од трилиони парчиња вулкански камен, но масата на крајот ќе се распадне и растури низ целата област“, додаде тој.

YouTube video

„Сплавот“ со големина од 20 000 фудбалски игралишта моментално се упатува кон Фиџи и најверојатно ќе ги помине Нова Каледонија и Вануату, а делови може да стигнат и до Австралија.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Обновен е рибниот фонд на Преспанското Езеро со околу 7.000 млади крапови

Еден тон подмладок од крап денеска е пуштен во водите на Преспанското Езеро, со што рибниот фонд е дополнет со околу 7.000 млади единки добиени од икра на матици од самото езеро.

Обновен е рибниот фонд на Преспанското Езеро со околу 7.000 млади крапови

Порибувањето е спроведено од страна на регистрираното мрестилиште „Акватика“ од Неготино, за чија реализација се обезбедени 500.000 денари од страна на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство преку Програмата за финансиска поддршка во рибарството и аквакултурата за 2026 година.

„Со денешното порибување ја поддржуваме обновата на локалната популација на крап. Ќе продолжиме и во иднина да вложуваме во рибниот фонд и да го штитиме, на тој начин исполнувајќи ја нашата обврска за зачувување на биодиверзитетот на Преспенското Езеро“, истакнува министерот Борче Серафимовски.

Инспектори од Државниот инспекторат за земјоделство го следеа порибувањето, вршејќи контрола на вкупната тежина на подмладокот и бројот на единките пуштени во езерото.

„Ќе ги засилиме контролите на Преспанското Езеро и ќе ја продолжиме соработката со риболовните здруженија за заштита на рибниот фонд преку навремено откривање и спречување на незаконскиот риболов“, нагласува директорот на ДИЗ, Ивица Ангеловски, соопштуваат од МЗШВ.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Обвинителката Искра Хаџи Василева ја презеде функцијата прв човек на ОЈО ГОКК

Обвинителката Искра Хаџи Василева ја презеде функцијата прв човек на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција, институција од која јавноста очекува конкретни резултати во борбата против високата корупција.

Обвинителката Искра Хаџи Василева ја презеде функцијата прв човек на ОЈО ГОКК

Новата шефица сепак ќе се соочи со старите предизвици. Најавува поефикасен кривичен прогон и фокус на предметите од јавен интерес, но и борба за повеќе ресурси и подобри услови за работа. Доаѓа на чело на обвинителството во време кога Европската комисија повторно констатира дека нема напредок во борбата против корупцијата.

-Свесна сум за одговорноста која ја налага моменталниот контекст и она што е наш повик и задача. Ќе се обидуваме да испорачаме, како да речам, поефикасен, директен кривичен прогон онаму каде што најмногу значи, ако можам така да се изразам — во предмети и во однос на работи кои навистина го засегаат јавниот интерес и кои навистина се интерес на сите нас, на граѓаните и на ова општество,- изјави – Искра Хаџи Василева – Основен ЈО на ОЈО ГОКК.

На прашањето дали како нова шефица ќе побара дополнителни информации за случајот со Алта банка и ќе иницира соработка со српското обвинителство, Хаџи Василева не даде конкретен одговор. Вели дека обвинителството ги следи случувањата, но за да преземе чекори мора да располага со конкретни материјали и докази. Потенцира дека кривичната одговорност не може да се темели само на сомнежи и информации што се објавуваат во јавноста.

-Дали ќе превземеме нешто зависи од она со кое во процесна смисла би располагале за да одиме обвинителски. Сакам оваа прилика да ја искористам — свесна сум дека нашето општество очекува премногу од Јавното обвинителство, очекува премногу од решенија, ако можам така да се изразам, на многу состојби низ јавнообвинителски одговор, низ кривично-правен прогон. Меѓутоа мора да бидеме свесни дека тоа не е така секогаш, тоа не е така ниту кај нас ниту било каде во светот. Кривичната одговорност за било која работа е највисока одговорност и подразбира степен на сомневање кој може да го докажете за било кое прашање, како и за ова, вон разумно сомневање,- изјави – Искра Хаџи Василева – Основен ЈО на ОЈО ГОКК.

На функцијата Хаџи Василева доаѓа по изборите од 28 октомври, кога со мнозинство гласови од обвинителите ја доби довербата за нова шефица на ОЈО ГОКК.

Таа го наследува Ислам Абази кој не побара втор мандат и се враќа на својата претходна позиција во Вишото јавно обвинителство во Гостивар.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ

По кривичните пријави од Народна банка за функционери на СДСМ, од партијата поднесоа кривична пријава против гувернерот Трајко Славески и други одговорни лица во НБРМ за случајот со Алта банка..

По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ

Од СДСМ бараат Јавното обвинителство да определи мерки на претпазливост за Славески и сите инволвирани, како и привремена забрана за вршење должноста за да се спречело влијание врз сведоци и можно уништување на документација.

-Трајко Славески и пријавените лица се теретат дека со своите дејствија на сторување и несторување, пропуштање должен надзор, во периодот од втората половина на 2025 година до октомври/ноември 2026 година. „Несовесно работење во службата“ по член 353-в и „Злоупотреба на службената положба и овластување“ по член 353. Бараме да се утврди зошто не била проверена репутацијата на сопственикот, потеклото на парите и ризиците за сигурноста и стабилноста на банката?, изјави Александар Саша Димитријевиќ – генерален секретар на СДСМ.

Лидерот на СДСМ Венко Филипче на социјалните мрежи напиша дека опозицијата нема да дозволи Мицкоски и Славески да го сокријат скандалот и да избегаат од одговорноста..

Од ВМРО-ДПМНЕ, пак, реагираат за наводите на Филипче и СДСМ дека Алта банка и нејзиниот сопственик имале некаква забрана за работа во ЕУ оценувајќи ги како лажни и манипулативни.

Според владејачката партија македонскиот регулатор и институции, немале никаква можност да забранат Алта банка да влезе во Македонија, затоа што истата не само што не била забранета во ЕУ, туку била дел од сопственичките структури на банка токму во Унијата.

-Се што кажа СДС за Алта банка е лага. Не само што Алта банка не била санкционирана од ЕЦБ, туку напротив до самиот чин на нејзино затворање таа имала удел во банка во ЕУ. Токму ова е извадок од официјалната страна на Адико банка од Виена, од кое се гледа дека токму Алта банка поседува 9,63% од акциите на Адико банка. Патем, овој удел Алта банка го поседува и ден денес и се уште е во сопственост на Алта банка Србија. Алта банка влегува во Македонија како банка која што има удели во банка во ЕУ, изјави Манасиевски.

Се огласија и од ДУИ од каде бараат јавно извинување од ВМРО-ДПМНЕ и ВЛЕН за наводите дека Владата на СДСМ и ДУИ во 2023 година побарала од Државното правобранителство да стапи во деловни односи со Алта банка Србија. Во спротивно, велат, ДУИ ќе ги преземе сите правни чекори и ќе поднесе тужби против оние што клеветеле.

Државниот јавен обвинител Ненад Савески на вчерашната надзорна расправа во Собранието изјави дека обвинителството постапува во секоја ситуација кога ќе утврди постоење на кривично-правен настан, но не каќа дека не моќе да открие дали во случајот со „Алта банка“ е отворена предистражна постапка.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер