КултураПо повод Денот на независноста: Бесплатни културни настани и слободен влез во музеитеПод наслов „Отворен ден за граѓаните“, ќе бидат отворени за посета, со бесплатен влез, повеќе културни установи, музеи и галерии и археолошки локалитети.По повод 8 Септември, Денот на независноста на Република Македонија, под мотото „Гласник на слободата“, Министерството за култура се приклучува во централната прослава, организирана од Владата, со многубројни пригодни манифестации, изложба, концерти на млади уметници и на оперски арии, проекции на наградувани филмови од македонската понова продукција. Под наслов „Отворен ден за граѓаните“, ќе бидат отворени за посета, со бесплатен влез, повеќе културни установи, музеи и галерии и археолошки локалитети. Во чест на Денот на независноста, 8 Септември, Музејот на македонската борба за самостојност подготвува посебна мултимедијална програма со слободен влез за сите посетители. Од 10 до 14 часот на повеќе локации во Музејот ќе бидат презентирани „Видеоприказни од музејската архива“, коишто, меѓу другото, вклучуваат музејски стории за седум исклучителни жени од македонската историја, меѓу кои и: Оливера Вера Јоциќ, Роса Плавева и Калипсо Налча; презентации на раритети од музејскитe збирки; автентични снимки од подготовките за Илинденското востание од 1900 година; Спомени од Првата светска војна, како и снимки од референдумот и прогласувањето на независноста во 1991 година, соопшти Министерството за култура. Во оваа национална установа, на 8 септември во 12 часот, гудачкиот квартет „Луј“ од ДМБУЦ „Илија Николовски-Луј“ од Скопје (кој го сочинуваат младите музички уметници: Божана Гошева – прва виолина, Илија Јовчев – втора виолина, Никола Соколовски – кларинет, Александар Ицковски – виолончело) ќе одржи концерт на кој ќе бидат изведени дела од Равел, Дворжак, Пјацола и други. Посетителите ќе имаат можност да ја разгледаат и привремената изложба „Темелник на државноста“, посветена на клучните настани во формирањето на државата – Илинден 1903, Илинден 1944 и прогласувањето на независноста во 1991 година. Националната опера и балет се приклучува во прославата со концерт на познати оперски арии, кој на 8 септември во 20 часот ќе се одржи пред платото на институцијата. Оперските солисти од Националната опера и балет: Билјана Баевска (сопран), Нико Ѓоргиевски (тенор), Виктор Битовски (тенор), Надежда Рубен (сопран), Билјана Камчева (сопран) и Марија Наумовска (сопран), со пијано-придружба на Елена Сиљаноска, ќе изведат популарни арии од познати оперски дела од: Пучини, Маскањи, Чајковски, Гершвин и Бернштајн. Во Кинотеката на Република Македонија, пак, ќе има проекција на две успешни македонски филмски остварувања на автори од помладата генерација, кои ја одбележаа македонската понова продукција, филмови кои имаат позитивен прием кај критиката и многубројни награди. По повод Денот на независноста, во Кинотеката во 18 часот ќе се прикаже еден од најтрофејните македонски документарни филмови, „Медена земја“, во режија на Тамара Kотевска и Љубомир Стефанов. Во документарниот филм за Атиџе, последната одгледувачка на диви пчели во Европа, настапуваат: Атиџе Муратова, Назифе Муратова, Хусеин Сам. Филмот „Медена земја“ се претстави на значајни европски фестивали и освои неколку награди, меѓу кои и наградите за најдобар документарен филм, за кинематографери и наградата „Impact and change“ на „Санденс филм фестивал 2019“; како и наградите за најдобар документарен филм на „DocsBarcelona 2019“, „DocAviv Film Festival 2019“ и „Montclair Film Festival 2019“. Исто така, филмот беше номиниран на 92. церемонија на Оскарите во категориите за најдобар интернационален филм и за најдобар документарен филм. Во 20 часот ќе се прикаже филмот „Исцелител“, кој е прв дебитантски долгометражен филм на режисерот и сценарист Ѓорче Ставрески. Филмот е во македонско-грчка копродукција и е добитник на десетици награди и признанија во светот. На својата премиера на „Солунскиот филмски фестивал“ во 2017, филмот ја доби наградата од публиката, со што стана прв македонски филм со ваква награда. Добитник е и на специјалната награда од жирито за сценарио на 17. издание на „Медитеранскиот филмски фестивал“ во Брисел. Во главните улоги настапуваат: Благој Веселинов, Анастас Тановски и Аксел Мехмет. Влезот и за двата филма е бесплатен. Театарот за деца и младинци, една од омилените институции во државава, кај Школката во Градскиот парк во Скопје, во рамки на програмата од 11 до 14 часот, за својата верна публика ќе ја изведе претставата „Гига Мега бајка“, во режија на Хана Миленковска, дело на Горјан Милошевски (по мотиви од Ш. Перо), На 8 септември без надомест ќе бидат отворени археолошките локалитети „Стоби“, „Херaклеја“, „Баргала“, Мегалитската опсерваторија „Кокино“, Меморијалниот центар АСНОМ-Пелинце, потоа „Куќата на Робевци“ во Охрид, црквата „Свети Спас“ во Скопје, Музејот на отворено во Тумба Маџари во Скопје, Музејот за тутун и „Участакот“ во Прилеп, Турската пошта и Галеријата на икони во црквата „Свети Петнаесет Тивериополски маченици“ во Струмица, Спомен-куќата на Тодор Проески во Крушево, Спомен-куќата на Мајка Тереза, Археолошкиот музеј – Скопје, Музејот на македонската борба за самостојност, Музејот на Македонија, Природонаучниот музеј, Музејот на современата уметност, Националната галерија на Северна Македонија: Даут-пашиниот амам и Чифте амам, како и Уметничката галерија во Тетово. Низ државава, во рамките на програмата „Отворен ден за граѓаните“, вратите ќе бидат отворени и во музеите и во заводите во: Охрид, Битола, Прилеп, Струмица, Штип, во музеите во Струга, Куманово, Гевгелија, во Историскиот музеј во Крушево, во Музејот на Тетовскиот крај, како и во Музејот на албанската азбука – Битола и Музејот на Западна Македонија во НОВ – Кичево. Во овие национални установи посетителите ќе имаат можност да се запознаат со постојаните археолошки, етнолошки и историски поставки кои се наоѓаат во установите и кои претставуваат пресек на културниот и историскиот развој на овие региони, соопшти Министерството за култура.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМихаилова ја разбранува и Бугарија – на снимка тврди дека тајните служби ѝ се заканувале дека ќе остане без помош15:00Ќе ги отстрани ли новиот Кривичен законик штетните последици од 2023 година?15:00Мицкоски: Жителите на Каменик ќе добијат систем за водоснабдување, проект во соработка помеѓу Кисела Вода и Владата11:55На коалициска средба ќе се пеглаат разликите во владата околу полагањето на Правосудниот испит15:00Скопје го одбележува Денот на ослободувањето – 13 Ноември08:49
Михаилова ја разбранува и Бугарија – на снимка тврди дека тајните служби ѝ се заканувале дека ќе остане без помош15:00
Мицкоски: Жителите на Каменик ќе добијат систем за водоснабдување, проект во соработка помеѓу Кисела Вода и Владата11:55
ЕвропаФронтекс: Речиси 110.000 мигранти влегле нелегално во ЕУ оваа годинаНелегалните преминувања во Европската Унија се намалија за 29 проценти во првите 10 месеци од 2026 година, во споредба со истиот период минатата година, објави европската гранична агенција Фронтекс.Агенцијата со седиште во Варшава регистрираше речиси 110.000 гранични преминувања во тој период. Бројките се намалија на речиси сите миграциски рути, намалување што комесарот за миграција на Европската Унија, Магнус Брунер, го припиша на посилната меѓународна соработка. Паѓање на бројките „Намалувањето на нелегалната имиграција во Европската Унија е резултат на континуирана работа и поголема стабилност во клучните региони“, изјави Брунер за германските медиуми претходно оваа недела. „Зад ова стојат реформи, меѓународни договори и заеднички мерки со нашите партнерски земји по должината на миграциските рути.“ Најостар пад е забележан на централната медитеранска рута помеѓу Северна Африка и Италија. Најголем број нелегални влегувања во ЕУ, речиси 60 проценти, се случуваат во источниот Медитеран. Сепак, бројките се намалуваат и таму, за околу 12 проценти. Спротивен тренд е забележан во западниот Медитеран, каде што има зголемување од 21 процент во споредба со 2025 година. Промените беа особено изразени на западноафриканската рута долж атлантскиот брег до шпанските Канарски Острови. Изгубени животи во Медитеранот На оваа рута, нелегалните преминувања се намалија за 13 проценти во истиот период, но вкупниот пад го прикриваше наглото зголемување во октомври, кога преминувањата беа четири пати повисоки од оние регистрирани во октомври 2025 година. Обидите да се стигне до Европа со небезбедни чамци честопати завршуваат трагично. Според Меѓународната организација за миграција (ИОМ), повеќе од 2.000 луѓе ги загубиле животите во Средоземното Море само оваа година. Извор: Индекс.хрКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветКим Џонг-ун ја повикува војската да се подготви за војнаНа севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун му се дадени дополнителни уставни овластувања, вклучително и команда на нуклеарните сили, а исто така ги повика воените команданти да ги засилат подготовките за можна војна.Промените доаѓаат во време на затегнати односи со Јужна Кореја, од чие обединување Пјонгјанг официјално се откажа, пишува „LADbible“. Северна Кореја неодамна го објави текстот на својот устав, речиси три години откако беше отстранет од нејзината официјална веб-страница. Уставот беше изменет во март оваа година, дополнително консолидирајќи ја моќта на Ким. Ким добива повеќе овластувања Изменетиот устав му дава на Ким Џонг-ун право на вето на одлуките за парламентот и можност да ги разрешува претставниците кои ја губат довербата на народот. Како претседател на Комисијата за државни работи, тој исто така доби експлицитно овластување да командува со нуклеарните сили и можност да го пренесе овластувањето за употреба на нуклеарно оружје на надлежното воено тело. Промените дополнително ја зајакнуваат неговата позиција на чело на земјата, која технички сè уште е во војна со Јужна Кореја. Корејската војна заврши во 1953 година со примирје, но мировен договор никогаш не беше потпишан. Северна Кореја се откажа од обединувањето Изменетиот устав повеќе не содржи одредби за обединување на двете Кореи и ја дефинира Јужна Кореја како посебна земја. Ова го потврди пресвртот во политиката на Пјонгјанг, што Ким го објави на крајот на 2023 година. „Промената на севернокорејскиот устав го одразува она што го знаеме веќе три години - Северна Кореја не сака ништо да има со Јужна Кореја“, изјави за Newsweek Едвард Хауел, автор на „Новата оска на превирањата: Северна Кореја, Русија, Кина, Иран“. Јужнокорејскиот претседател Ли Џе-мјунг повика на воспоставување траен мир, но Пјонгјанг ги отфрла обидите за зближување на двете земји. Ким Џонг-ун претходно изјави дека Северна Кореја нема апсолутно никаква работа со Јужна Кореја. Хауел верува дека Пјонгјанг испраќа јасна порака дека не е заинтересирана за напорите на јужнокорејската влада за обновување на односите. Ким ја повикува војската да се подготви за војна Тензиите дополнително се зголемија во последните недели поради воените активности на Северна Кореја. Според извештаите, Пјонгјанг тестирал балистички ракети, а претходно овој месец тенкови биле забележани во близина на границата со Јужна Кореја. Сестрата на Ким, исто така, се закани со „безмилосно уништување“, додека севернокорејскиот лидер ги повика воените команданти да ја зголемат борбената готовност на своите единици. „Главната револуционерна задача на командантот на чета е да ја заврши борбената готовност на своите единици за да бидат целосно подготвени за војна. Ова мора да се постигне со значително подобрување на интензивната воена обука“, рече Ким. Тој додаде дека неговата крајна цел е да изгради што е можно посилна армија и да ја забрза нејзината модернизација. Уставните промени дополнително ја зајакнаа неговата контрола врз вооружените сили, вклучително и нуклеарниот арсенал. Извор: Индекс.хрТагови: Ким Џонг-ун Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветЕстонија се подготвува да ја затвори границата со Русија по обидот за саботажаЕстонскиот премиер Кристен Михал нареди подготовки за евентуално целосно затворање на границата со Русија по обидот за напад врз компанија што произведува воени дронови.Естонските безбедносни служби се сомневаат дека руската воена разузнавачка служба ГРУ стои зад обидот за саботажа, објави естонскиот јавен радиодифузер „ERR“. Во сабота, 14 ноември, осум латвиски државјани беа приведени по обид за провала во фабриката „Треод Системс“ во Виимси, северно од Талин. Според естонските власти, целта на нападот била да се предизвика експлозија и да се запали објектот, кој, меѓу другото, произведува дронови за извидување со долг дострел и борбени летала. Премиерот нареди подготовки за затворање на границата Михал денес објави дека разговарал за евентуалното затворање на источната граница со министерот за внатрешни работи Игор Тара. Тој им наложи на министерството и владините оддели да ги подготват сите потребни мерки за да може границата да се затвори доколку безбедносната ситуација дополнително се влоши. Естонскиот премиер предупреди дека руските разузнавачки служби ги експлоатираат граничните премини за да дејствуваат против Естонија. Затворањето на границата, според него, би ги намалило безбедносните ризици и би испратило порака до Москва дека нападите врз естонската одбранбена индустрија не се прифатливи. Веќе втор напад врз одбранбената индустрија Најновиот инцидент не е прв ваков случај во Естонија. Во август, беше извршен прикриен напад врз компанијата „Милрем Роботика“ во Талин, која се занимава со развој на беспилотни воени возила и други одбранбени технологии. Естонската служба за внатрешна безбедност проценува дека обидот за напад врз „Треод Системс“ бил извршен по наредба на руската ГРУ. Премиерот Михал рече дека целта на ваквите операции е да се заплаши населението и да се ослабне поддршката за Украина. Естонија, нагласи тој, нема да ја намали својата помош за Киев, туку ќе продолжи да ја зајакнува соработката со сојузниците и да го зголемува притисокот врз Русија. Граничните премини работат со намален капацитет со месеци Естонија во моментов има три отворени гранични премини со Русија: Нарва, Лухамуа и Коидулу. Сите се отворени од 7 до 19 часот, а ноќни затворања се воведени за зајакнување на граничната безбедност и поефикасен надзор. Владата во август одлучи дека ограниченото работно време ќе важи до понатамошно известување. Во тоа време, министерот за внатрешни работи рече дека нема доволно причини за целосно затворање на границата, но најновиот безбедносен инцидент го отвори повторно ова прашање. Естонските власти сè уште не го објавија датумот на евентуалното затворање, ниту потврдија дека е донесена конечна одлука. Извор: Индекс.хрТагови: Естонија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМихаилова ја разбранува и Бугарија – на снимка тврди дека тајните служби ѝ се заканувале дека ќе остане без помош15:00Ќе ги отстрани ли новиот Кривичен законик штетните последици од 2023 година?15:00Мицкоски: Жителите на Каменик ќе добијат систем за водоснабдување, проект во соработка помеѓу Кисела Вода и Владата11:55На коалициска средба ќе се пеглаат разликите во владата околу полагањето на Правосудниот испит15:00Скопје го одбележува Денот на ослободувањето – 13 Ноември08:49
Михаилова ја разбранува и Бугарија – на снимка тврди дека тајните служби ѝ се заканувале дека ќе остане без помош15:00
Мицкоски: Жителите на Каменик ќе добијат систем за водоснабдување, проект во соработка помеѓу Кисела Вода и Владата11:55