НБРМ: Компаниите што редовно исплаќале плати преку „АЛТА банка“ АД Битола ќе можат да вршат исплата на плати и придонеси
1НБРМ: Компаниите што редовно исплаќале плати преку „АЛТА банка“ АД Битола ќе можат да вршат исплата на плати и придонеси
Легендарниот Арсен Венгер е кандидат за претседател на ФИФА, ќе ја нападне „фотелјата“ на Џани Инфантино
1Легендарниот Арсен Венгер е кандидат за претседател на ФИФА, ќе ја нападне „фотелјата“ на Џани Инфантино
БалканПо повеќе од две недели од железничката несреќа, Грците и натаму на насилни протести (ВИДЕО)Повеќе од две недели од страшната железничка несреќа во која загинаа 57 лица, повеќе од 40.000 Грци денеска повторно излегоа на улиците за да го изразат својот гнев поради трагедијата, при што генералниот штрајк доведе до застој во земајата. По големите протести во Атина на 8 март на кои собраа 40.000 луѓе, полицијата проценува дека денеска во центарот на градот протестираат околу 25.000 луѓе. Демонстрантите го истурија својот гнев пред седиштето на Хеленик Трејн, како што направија три дена по судирот на патнички и товарен воз во централниот грчки регион Темпи на 28 февруари. Во патничкиот воз на линијата Атина - Солун имало повеќе од 350 лица, главно студенти. Собрани пред седиштето на компанијата, демонстрантите скандираа „убијци“, „убијци“. Во Солун, универзитетски град на северот на земјата, од каде што потекнуваат повеќето жртви, денеска на улиците излегоа 8.500 луѓе. „Ќе останеме на улица додека не се казнат виновниците за несреќата“, изјави студентката по филозофија Зои Константиниду, додавајќи дека не се грижат за човечките животи. Демонстрантите се одзваа на повикот за 24-часовен штрајк на синдикатите во јавниот сектор, на кој за прв пат одговорија и најголемите синдикати од приватниот сектор. Демонстрантите ја обвинуваат конзервативната влада и политичкиот систем во земјата дека ги игнорираат повторените повици од синдикатите за неисправните системи за безбедност на железницата. „Нема да дозволиме недостигот на транспарентност, прикривање, негирање на одговорност и какви било одложувања да бидат заборавени“, велат од синдикатот ГСЕЕ. Поради 24-часовниот штрајк, појдовните и дојдовните летови се суспендирани, а бродовите и траектите остануваат закотвени во пристаништата. Затворени се бројни јавни служби и државни училишта, а имаше и прекини во јавниот превоз. Премиерот Киријакос Мицотакис, чиј мандат завршува во јули и се очекува да распише избори до мај, се извини за несреќата и вети дека ќе вработи повеќе персонал и ќе го поправи болниот железнички сектор со поддршка од Европската унија. Тој, исто така, ги повика демонстрантите да не дозволат гневот да го подели општеството. На големите протести низ земјата на 8 март, кога се собраа над 60.000 луѓе, многумина го повикаа Мицотакис да си поднесе оставка. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаНБРМ: Компаниите што редовно исплаќале плати преку „АЛТА банка“ АД Битола ќе можат да вршат исплата на плати и придонесиНародната банка продолжува со постепено олеснување на условите за клиентите на „АЛТА банка“ АД Битола. Со најновата измена на Решението за администрација се овозможува исплата на плати, заедно со уплата на соодветните даноци и придонеси, за компаниите што во последните три месеци редовно исплаќале плати преку платежните сметки во Банката. Оваа можност се однесува на компаниите за кои исплатата на плати преку „АЛТА банка“ АД Битола претставува воспоставена практика, односно кои континуирано ја користеле Банката за оваа намена и во трите месеци пред донесувањето на одлуката. Исто така, износот на средствата кои може да се користат од платежната сметка на фирмата во „АЛТА банка“ за исплата на платите може да биде повисок до 5% во однос на вкупниот износ на платите исплатени во октомври. На овој начин се овозможува продолжување на постојните текови на исплата и исполнување на обврските кон вработените и државата, а истовремено се задржува контролата врз одливите на средства од Банката. Со измената се овозможува и физичките лица во целост да располагаат со новите приливи на своите сметки во „АЛТА банка“ АД Битола, доколку средствата доаѓаат од платежни сметки отворени кај други банки и даватели на платежни услуги. Тоа значи дека граѓаните можат без ограничување на износот да ги користат средствата коишто дополнително ќе им бидат уплатени врз оваа основа. Народната банка внимателно ја следи состојбата во „АЛТА банка“ АД Битола и продолжува со приспособување на мерките, имајќи ги предвид условите за работење на Банката и потребите на нејзините клиенти. Притоа, приоритет остануваат заштитата на интересите на клиентите и постепеното олеснување на ограничувањата, со задржување на соодветната контрола врз одливите на средства.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветРепубликанците го блокираа импичментот на Пит Хегсет, демократите најавуваат нов Републиканците во Претставничкиот дом на САД го блокираа обидот за импичмент на министерот за Одбрана Пит Хегсет.Со 211 гласа „за“ и 204 „против“ беше усвоен предлогот за упатување на осумте точки за импичмент до правосудниот комитет.Иницијативата ја поднесе републиканскиот конгресмен Томас Маси, но не доби поддршка од ниту еден друг републиканец. Демократите го обвинуваат Хегсет за злоупотреба на функцијата и незаконско наредување воени операции во Иран и Јемен.Во обвиненијата се споменуваат и американските напади врз бродови на Карибите, како и заробувањето на венецуелскиот претседател Николас Мадуро. Хегсет ги отфрли обвинувањата, оценувајќи дека обидот за негов импичмент е политичка фарса.Тој ја бранеше воената политика на администрацијата на Доналд Трамп и тврдеше дека неговите наредби биле законски. Трамп и потпретседателот Џ.Д. Венс јавно застанаа во одбрана на министерот.Демократите, кои по среднорочните избори ќе ја преземат контролата врз Конгресот, најавуваат дека ќе разговараат за нова иницијатива. Незадоволството од војната во Иран беше и еден од факторите што влијаеја врз изборните резултати.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаПродолжува судењето за „Државна Лотарија“ каде обвинети се Артан Груби и Перпарим БајрамиДенеска продолжува рочиштето за предметот „Државна Лотарија“. Меѓу обвинетите се поранешниот прв вицепремиер Артан Груби и поранешниот директор на Државна Лотарија, Перпарим Бајрами, како и уште шест лица.Тие се товарат за злоупотреба на службената положба и овластувања при набавка на видеолотариски терминали. Според обвинението, со незаконско постапување на државната компанија ѝ била нанесена штета од околу 596 милиони денари, односно 9,7 милиони евра. Сите обвинети досега се изјаснија дека не се чувствуваат виновни.Бајрами на судењето се појави откако претходно беше во бегство, а притворот му беше заменет со гаранција во недвижен имот вредна над 1,1 милион евра. На Груби кој исто така беше во бегство пред судењето, му беше укинат домашниот притвор, но останува без пасош и со други мерки на претпазливост.Тагови: Државна лотарија Артан Груби Основен кривичен суд Скопје Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter