АЛТА банка ги зголемува лимитите на платежните картички и отвора два нови шалтера во Тетово и Струмица
2АЛТА банка ги зголемува лимитите на платежните картички и отвора два нови шалтера во Тетово и Струмица
ЗдравјеПо појавата на птичји грип, ИЈЗ со препораки до граѓанитеПериодот на инкубација за птичјиот грип се проценува дека е до седум дена, иако обично е два до пет дена по последната изложеност со болна или мртва живина. Првичните симптоми примарно се респираторни, со покачена температура, треска и кашлица, но може да се јават и нереспираторни симптоми. Симптомите на горниот респираторен тракт - течење на нос и болки во грлото можеби не се вообичаени кај сите пациенти, но, болеста може да напредува до респираторна инсуфициенција, акутен респираторен дистрес синдром (ARDS) и повеќеорганска инсуфициенција. По појавата на птичјиот грип во Скопската Зоолошка градина, Институтот за јавно здравје излезе со препораки до граѓаните. Оттаму наведуваат дека речиси сите случаи на инфекција со вирусот се поврзани со близок контакт со заразени живи или мртви птици. - Иако можеби имало некои случаи кои не биле откриени, се чини дека вирусот не заразува лесно луѓе и не се шири од човек на човек, врз основа на сегашното знаење и разбирање на оваа болест, велат од ИЈЗ. - Инфлуенца A(H5N1) е еден од неколкуте вируси на грип што предизвикува високо заразна респираторна болест кај птиците наречена авијарна инфлуенца - или „птичји грип“. Документирани се и инфекции кај цицачи, вклучително и кај луѓето. Периодот на инкубација за инфекција со A(H5N1) се проценува дека е до седум дена, иако обично е два до пет дена по последната позната изложеност на болна или мртва живина. Сепак, периодот на инкубација може да трае и до 14 дена. Инфекцијата со вирусот на грип A(H5N1) може да предизвика низа болести кај луѓето, од благи до тешки, а во некои случаи може да биде дури и смртоносна. Смртноста е до 50 проценти, појаснуваат од ИЈЗ. Оттаму потенцираат дека заболените треба да се менаџираат правилно за да се спречат тешки болести и смрт. - Пациентите со лабораториски потврдена инфекција со вирусот на грип со прогресивна, комплицирана или тешка болест - или оние со асимптоматска или лесна болест, но, кои се изложени на зголемен ризик од тешка болест - треба да се лекуваат со антивирусни лекови, на пример „оселтамивир“, што е можно поскоро, наведуваат од ИЈЗ. Препораките за заштита се да се избегнува контакт со болни или мртви животни, контакт со животни во фарми и пазари за животни, влегување во области каде може да се колат животните, контакт со какви било површини што се чини дека се контаминирани со животински измет, колење или јадење болни животни. - Следете ги добрите практики за безбедност на храната како што се избегнување на потрошувачката на сурово млеко, јајца и месо. Одржувајте колективна и лична хигиена, вклучително и редовно миење раце со сапун и вода. Лицата со професионална експозиција треба да ги следат протоколите за работа, како и мерките за превенција поврзани со работното место, нагласуваат од ИЈЗ. Доколку некој смета дека можеби има птичји грип, од ИЈЗ велат дека веднаш треба да се побара медицинска помош ако се има симптоми слични на грип како треска, кашлица и тешкотии при дишење, или конјунктивитис или други необјаснети симптоми. Да се информира лекарот на лицето за каква било изложеност на болни или мртви животни. - Дополнително, преземете заштитни мерки: носете маска и ограничете контакт со други луѓе, покривање на устата и носот при кашлање или кивање, правилно фрлање на марамчињата, редовно проветрување на просторот каде се наоѓате, избегнувајте да ги допирате очите, носот или устата и редовно мијте ги рацете со сапун и вода, додаваат од ИЈЗ. По угинување на гуска во езерцето во скопската Зоолошка градина потврден е случај на присуство на виосокопатоген сој на вирусот на птичји грип H5N1. Директорката на ИЈЗ, Марија Андоновска вчера изјави дека од 15-те вработени во скопската Зоолошка градина, за кои веќе била завршена епидемиолошката анкета од страна на епидемиолози од Центарот за јавно здравје (ЦЈЗ) и Институтот за јавно здравје (ИЈЗ), за четворица во текот на денешниот ден ќе бидат издадени решенија за здравствен надзор, а кај еден од нив, кој во петокот пројавил симптоми на покачена температура и дијареја, ќе биде извршено тестирање за присуство на птичји грип. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЕвропаВо болница почина убиецот од Полска Напаѓач кој во саботата уби шест лица во Краков, Полска, при смртоносен напад на главниот градски плоштад, почина во болница, објави новинската агенција Ројтерс, повикувајќи се на полициски извори.24- годишниот убиец бил прогласен за мртов во 4:30 часот наутро. „Уште од самиот почеток, неговата состојба беше многу сериозна, критична. Се водеше постојана борба за спасување на животот на овој човек, и покрај злото што го стори. Тој имаше најмалку три операции“, стои во соопштението. Нападот на Главниот плоштад во Краков се случи во саботата, околу 15 часот. Дваесет и четиригодишен маж со автомобил влета на плоштадот и почна да пука кон луѓето што се наоѓале таму. Шест лица загинаа, а 16 беа повредени, меѓу кои и полицајците што интервенираа, како и самиот сторител. Напаѓачот беше застрелан за време на размена на оган со полициски службеници и е приведен. Околностите на нападот и мотивот на сторителот се предмет на тековна истрага во која се вклучени обвинителството и специјалните служби. Истиот ден, во семејната куќа на Михал О. на улицата Тилна во Островјец Свјентокшиски, полициските службеници пронашле тела на три лица, членови на семејството на напаѓачот. Станува збор за 53-годишен татко, 52-годишна мајка и 21-годишна сестра.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаАЛТА банка ги зголемува лимитите на платежните картички и отвора два нови шалтера во Тетово и СтрумицаОд денеска, клиентите на АЛТА банка ќе можат да располагаат со поголем износ од своите средства. Неделниот лимит за подигање готовина од банкомат и плаќање со платежни картички се зголемува од 10 на 15 илјади денари. Истовремено, се проширува и мрежата за шалтерска исплата. Од денеска ќе бидат отворени и шалтери и во тетово и во струмица, каде што клиентите кои немаат платежни картички ќе можат да подигнат до 20 илјади денари во период од две недели, исто како и во експозитурата во Битола. Олеснување, како што најави гувернерот Трајко Славески, ќе има и за идните приливи. Платите, пензиите и социјалните трансфери кои допрва ќе легнуваат на сметките на клиентите, доколку доаѓаат од институции или компании кои имаат сметки во други банки, ќе можат да се повлекуваат во целост..Тагови: Алта банка Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МетеоПроменливо облачно со повремени локални врнежи од дождВремето денес според УХМР ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд.Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец, поизразен долж Повардарието. Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 8, а максималната ќе достигне од 9 до 14 степени. Во Скопје, променливо облачно со повремени врнежи од дожд со слаб интензитет. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 6, а максималната ќе достигне до 12 степени. ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ Од вторник следува период на променливо облачно и потопло време. По одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла. Локални врнежи од дожд ќе има кон крајот на седмицата. Ќе дува слаб до умерен, а во петок повремено засилен до силен ветер од јужен правец.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook