По патот на Дарвин - 200 години подоцна - Канал 5

По патот на Дарвин - 200 години подоцна

 Холандскиот едреник „Остершелде“ исплови од пристаништето Сатон во Плимут, на јужниот брег на Англија, и се упати југозападно кон Канарските Острови. 

По патот на Дарвин - 200 години подоцна

Тоа е, всушност, почетокот на двегодишното патување околу светот наречено „Проект Дарвин 200“, што се случува речиси 200 години по мисијата на Чарлс Дарвин.

Патешествието ќе опфаќа 32 пристаништа и илјадници луѓе, а има за цел, меѓу другото, да ја инспирира новата генерација млади екологисти и научници од иднината, да тргнат по патот на младиот Дарвин од пред 192 години што потоа доведе до неговата теорија на еволуцијата. Идните научници, како што се наведува, ќе ги проучуваат видовите откриени од Дарвин и ќе развијат проекти за нивно спасување.

Во „Дарвин 200“ ќе учествуваат околу 200 млади натуралисти и конзерватори од целиот свет. Бродот ќе служи како пловечка лабораторија на море и во пристаништата.

- Овде станува збор за надежта, иднината и за промените на светот, рече водачот на овој проект, Стјуарт Мекферсон.

Тој изјави дека оваа група млади луѓе, главно на возраст од 18 до 25 години, „нема да дозволат животните и растенијата да паднат во бездната на истребувањето“. Бродот од островите близу западноафриканското приморје ќе го премине Атлантскиот Океан - до Бразил. Пловејќи по источниот и западниот брег на Јужна Америка експедицијата ќе стигне до островите Галапагос, каде што се случиле некои од најважните откритија на Дарвин. Ботаничарката Сара Дарвин рече дека ја поддржува мисијата по стапките на нејзиниот пра-пра-прадедо, за меѓу другото, да се истакнат и воочат промените во животната средина.

- Најголемото наследство на Чарлс Дарвин е препознавањето на местото на човекот во природата. Секогаш мислам дека е многу битно секојдневно да се потсетуваме дека луѓето и остатокот од живиот свет имаат заедничко потекло. Дарвин го кажа тоа пред 160 години - дека ние сме поврзани со остатокот од природата. Ние не сме над тоа. Ние сме дел од природата, рече таа.

Бродот потоа ќе продолжи до Австралија и Нов Зеланд, па назад во Јужна Америка, па повторно преку Атлантикот до Јужна Африка и назад во Англија.

Во 1831 година, Дарвин се качил на „ХМС Бигл“ на петгодишно патување низ Јужна Америка до Австралија и Нов Зеланд.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Серафимовска -Борозан: ВМРО и Мицкоски ги бранат Алта банка, Вучиќ и Мацура - шефот и банкарот на ОКГ

Додека Давор Мацура седи во притвор во Србија за изнесени близу 400 милиони евра и сомнежи за печатење лажни банкноти од 500 евра, во Македонија ВМРО-ОКГ и Мицкоски ја бранат Алта банка. 

Серафимовска -Борозан: ВМРО и Мицкоски ги бранат Алта банка, Вучиќ и Мацура - шефот и банкарот на ОКГ

Латас, Бетмен и други квази-експерти излегуваат да ја бранат Вучиќевата пералница на пари. Да го бранат банкарот на Мицкоски.

Сега се обидуваат да ја префрлат одговорноста спојувајќи ја СДСМ со ДУИ.

Извадија документ од „Службен весник“ од јуни 2023 година како наводен доказ дека претходната влада склучила зделка со Алта банка.

Тоа е целосна манипулација.

Станува збор за пакет од 7.213 акции (околу 1,85% од капиталот на Стопанска банка АД Битола) што државата ги конфискуваше од Сашо Мијалков и фирмата „Ексико“ со правосилната пресуда за случајот „Империја“.

Одлуката од 6 јуни 2023 година е само редовна законска процедура според Законот за управување со конфискуван имот — формална согласност Агенцијата за управување со одземен имот да ги продаде запленетите акции за да влезат пари во буџетот. Истиот ден се дадени идентични согласности и за други запленети акции.

Овие акции воопшто не беа продадени во мандатот на СДСМ. Алта банка тогаш воопшто не беше присутна во државата. Влезот на српската Алта банка и преземањето на Стопанска банка се случија во есента 2025 година со одлука на Мицкоски и неговата власт.

Запленетиот пакет беше продаден на Алта банка во јануари 2026 година за околу 375.000 евра.

Повторно фатени во лага. Мицкоски ја внесе Вучиќевата Алта банка во Македонија.

Трајко Славески му даде дозвола, јавно призна, во консултација со Мицкоски. Парите на јавните претпријатија и на граѓаните завршија таму исто така со одлука на владата на Мицкоски.

Сега кога во Србија се отвораат истрагите, ВМРО-ОКГ се обидува да го заташка скандалот.

Нема да помине. СДСМ поднесе кривични пријави против гувернерот и против сите инволвирани. Следува одговорност!

Затоа ВМРО, Латас и Мицкоски ги бранат Вучиќ и Мацура — својот шеф и својот банкар. Така изгледа кога власта е дел од мафијашки синдикат, дел од балканскиот картел.

Вистината излегува. Бандата ќе одговара.

YouTube video

Прес конференција на СДСМ, Маја Серафимовска -Борозан

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Драма на израелскиот аеродром: Исчезна двегодишно дете, пронајдено на лента за багаж

Двегодишно дете накратко исчезна на меѓународниот аеродром Бен Гурион во Израел откако се качило на лента за багаж и пешачело неколку метри до местото каде што се сортираат куферите пред да се товарат во авиони.

Драма на израелскиот аеродром: Исчезна двегодишно дете, пронајдено на лента за багаж

Инцидентот се случил во четврток, кога семејство кое се подготвувало за лет за Ларнака, Кипар, се соочило со исчезнувањето на своето дете, објави денес Канал 12. Откако родителите не успеале да го пронајдат детето, ја известиле полицијата, која започнала потрага по исчезнатото дете на аеродромот.

Двегодишното дете било пронајдено неколку минути подоцна на лента за багаж, каде што се сортираат куферите пред да се товарат во авиони.

Аеродромските власти соопштија дека детето е пронајдено неповредено и во добра состојба, откако пешачело само неколку метри на лентата.

Во соопштението се наведува и дека детето не било под надзор на своите родители во времето на инцидентот. Израелските аеродромски власти започнале истрага за да ги утврдат околностите на инцидентот, а според извештаите на медиумите, полицијата ја разгледува и можноста за покренување истрага.

Извор: Б92

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Хаос на аеродромот во Мајами: Судир на два авиона, има повредени ВИДЕО

Товарен авион на „UPS“ и авион на „Copa Airlines“ се судрија на пистата на меѓународниот аеродром во Мајами во текот на ноќта, при што беа повредени две лица.

Хаос на аеродромот во Мајами: Судир на два авиона, има повредени ВИДЕО

Во судирот учествуваа „Boeing 767“ на „UPS“ и „Boeing 737“ на „Copa Airlines“, објави „CBS“.

„Околу 21:15 часот, авион што пристигнуваше и се повлекуваше се судрија на раскрсницата на две писти“, вели Грег Чин, директор за комуникации на меѓународниот аеродром во Мајами.

Чин вели дека противпожарната служба на Мајами им пружила помош на двајца пациенти на местото на настанот за полесни повреди и дека не им бил потребен медицински превоз, како и дека летовите биле пренасочени кон други писти, па судирот не влијаел врз работењето на аеродромот.

Карго авионот на „UPS“ требало да полета од Мајами до Богота, Колумбија, а авионот на „Copa Airlines“ слетал од Панама Сити, Панама.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер