По околу половина час се чека на граничните премини „Богородица“ и „Табановце“ - Канал 5

По околу половина час се чека на граничните премини „Богородица“ и „Табановце“

На граничниот премин „Богородица“ се чека од 20 до 30 минути, а на ГП „Табановце“ чекањето е од половина час до 40 минути, информира АМСМ во пладневниот извештај.

По околу половина час се чека на граничните премини „Богородица“ и „Табановце“

Автомотосојузот на Македонија соопшти дека сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози, а интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен.

АМСМ препорачува приспособена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде што има можност од појава на одрони.

-Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево, соопшти Автомотосојузот.

Три месеци затворска казна доби обвинетиот за убиството на кучето Феликс

Основниот кривичен суд во Скопје ги прогласи за виновни Љубе Крстевски и Бранко Билбиловски за убиство на кучето Феликс, кое почина на 7 јануари 2025 година од последици на нанесените повреди.

Три месеци затворска казна доби обвинетиот за убиството на кучето Феликс

Според обвинителниот акт, на 19 ноември 2024 година, Крстевски, користејќи тврд предмет налик на стап, го удрил во повеќе наврати Феликс во пределот на главата без оправдана причина, нанесувајќи му потрес на мозокот и хематоми. Заедно со Билбиловски, го врзале кучето со жица и го влечеле до контејнер, каде што го фрлиле, верувајќи дека е мртво.

Судот го осуди Крстевски на три месеци затвор, а Билбиловски доби парична казна од сто дневни глоби, со вредност од 10 евра по глоба, во вкупен износ од 1.000 евра.

Делото е квалификувано според член 233 став 1 од Кривичниот законик, кој предвидува парична казна или затвор до три години за оној што ќе усмрти животно без причина или ќе го изложи на непотребни маки и болки.

Судењето го водеше судијката Лидија Петровска, а застапник на обвинението беше јавниот обвинител Зоран Здравев. Ова е прва пресуда со затворска казна за овој вид кривично дело

Лекар во струшката болница го оштетил буџетот на установата за два милиони денари

Струшката полиција поднесе кривична пријава против доктор во Општата болница, кој со несовесно работење го оштетил буџетот на установата за околу два милиони денари, соопшти денеска СВР Охрид.

Лекар во струшката болница го оштетил буџетот на установата за два милиони денари

Според информацијата, ОВР Струга поднела кривична пријава против К.С.(42) од Струга, вработен доктор во ЈЗУ „Општа болница“, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „несовесно работење во службата.

- Тој, постапил спротивно на член 144-а од Закон за здравствена заштита и од 01.07.2019 година, па се до добивање на отказното решение на 29.11.2024 година и за прекинот на специјалистичкиот стаж, не ги известил надлежните ниту се јавувал на своето работно место. Во периодот од 15.07.2020 година од кога му истекла важноста на лиценцата, па се до добивање на отказното решение не поседувал ниту лиценца за работа како доктор по медицина издадена од Лекарската комора, појасни портпаролот Стефан Димоски.

За целиот период, додаде, пријавениот примал плата и други додатоци со што, го оштетил буџетот на Јавната здравствена установа и се стекнал со противправна имотна корист од 1.956.569,00 денари.

Фото: Серена Вилијамс во теретана ги покажа стомачните

Една од најдобрите светски тенисерки во историјата, големата шампионка Серена Вилијамс ги импресионираше своите следбеници  на социјалните мрежи објавувајќи фотографии од теретана на кои ја покажува својата затегната фигура.

Фото: Серена Вилијамс во теретана ги покажа стомачните

Една од најдобрите светски тенисерки во историјата, големата шампионка Серена Вилијамс ги импресионираше своите следбеници на социјалните мрежи објавувајќи фотографии од теретана на кои ја покажува својата затегната фигура и истакнатите стомачни мускули, изглед што го немаше дури ни за време на нејзините најголеми спортски успеси.

Откако се пензионираше во 2022 година, Серена се посвети на интензивни тренинзи, вклучувајќи HIIT, кардио и тренинг за сила, а третманите со криотерапија на -110 степени Целзиусови ѝ помагаат да остане во форма.

Серена инаку, покрај фотки од теретана објави и фотографии на кои може да се види во елегентен свилен фустан на бретели, кој повторно ја истакна нејзината нова совршена става.

Иако нејзината нова фигура предизвика лавина од позитивни коментари, некои шпекулираа и за нејзината употреба на популарниот лек Оземпик.

притисни ентер