По огромните реакции, OnlyFans се откажа од забраната за 18+ содржини (ФОТО) - Канал 5

По огромните реакции, OnlyFans се откажа од забраната за 18+ содржини (ФОТО)

OnlyFans се откажаа од плановите за забрана на порнографски содржини само една недела откако ја објавија забраната.

По огромните реакции, OnlyFans се откажа од забраната за 18+ содржини (ФОТО)

Денеска компанијата соопшти дека „обезбедила се` што е потребно за поддршка на различни креатори на содржини во заедницата“, што може да значи дека постигнале нов договор со банкарските партнери и давателите на исплати.

„Ви благодариме на сите што се потрудивте да ги слушнете. Обезбедивме се` што е потребно за поддршка на различните креатори на содржини во заедницата и ја повлекуваме промената на правилата што требаше да започне на 1 октомври. Ќе продолжиме да обезбедуваме место за сите креатори “, стои во нивната официјална објава на Твитер.

Според Variety, портпаролот на OnlyFans не сакал да открие со кои банкарски партнери постигнале или го обновиле договорот.

„Промените што требаше да се случат на 1 октомври повеќе не се потребни поради банкарските партнери и OnlyFans ќе ги поддржува креаторите на содржини од сите жанрови“, вњелат од компанијата.

Основачот и извршен директор на OnlyFans, Тим Стокли ги обвини банките за забрана на порнографски содржини, со што се укинала можноста за плаќање на креаторите, а притисокот врз компанијата да го реши овој проблем што е можно поскоро, го направија бројните лути сексуални работници за кои ова беше извор на приход , додека некои се префрлија на други платформи.

OnlyFans е основана во 2016 година и во моментов има 120 милиони регистрирани корисници и над два милиони креатори на содржини.

Особено стана популарен во светот на славните и го користат многу sвезди, меѓу кои Карди Б, Џордин Вудс, Бела Торн, Тајџ и Амбер Роуз.

Бела Торн го собори рекордот пред една година кога заработи повеќе од милион долари на таа страница за само 24 часа. Компанијата потоа била принудена да ги промени правилата и да постави ограничувања за максималните донации и претплати.

Бројни други корисници на OnlyFans сведочат за огромните пари што ги заработуваат објавувајќи експлицитни фотографии.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Трагедија во Грција: Гром удри во директорка на гимназија пред учениците

50-годишна жена била пренесена во болница откако доживеала срцев удар во областа на полициската станица во Илиополи, предградие на Атина.

Трагедија во Грција: Гром удри во директорка на гимназија пред учениците

Директорката на Второто средно училиште во Илиополи, која наводно доживеала срцев удар пред училиште во областа, откако била удрена од гром, според неофицијални информации.

Според информациите, жената била преземена од екипата на Итната медицинска помош (EKAB), која веднаш започнала со кардиопулмонална реанимација (CPR) и ја продолжила постапката континуирано во текот на целиот нејзин транспорт. Пред да ја преземат Итните служби, медицински техничар од основното училиште ѝ обезбедил и CPR.

50-годишната жена немала витални знаци кога амбулантното возило пристигнало во болницата, но лекарите успеале да ја реанимираат. Според информациите, таа е интубирана во болницата.

Првичните извештаи дека срцев удар може да биде поврзан со удар од гром во областа не се потврдени. Околностите околу инцидентот се испитуваат. Жената се струполила на улицата пред училиштето, што ги натерало минувачите да повикаат помош, а екипа на брза помош веднаш пристигнала на местото на настанот, објавија грчките медиуми.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

По пукањето во Маниса приведени малолетникот, неговите родители и дедо му - 11 се ранети

Турскиот министер за правда, Акин Гурлек, изјави дека 11 ученици се повредени во вооружениот инцидент што утрово се случи пред средно училиште во Маниса, од кои двајца се тешко повредени.

По пукањето во Маниса приведени малолетникот, неговите родители и дедо му - 11 се ранети

Гурлек соопшти дека малолетникот кој пукал пред училиштето е приведен, како и неговите родители и дедо му.

Инцидентот се случил околу 8 часот наутро по локално време во градот Тургутлу, во близина на Измир. Напаѓачот побегнал од местото на настанот, но брзо потоа бил фатен и уапсен од полицијата. Тој е снимен од камери за видеонадзор – облечен е во темна облека, а во раката држи пушка.

Мотивот за нападот сè уште е непознат, а за случајот е покрената истрага.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

САД ќе отворат две нови воени бази на Гренланд во рамките на договорот со Данска

Данска кажа дека договорот ја става безбедноста на арктикот под надзор на НАТО, наместо да им биде препуштена исклучиво на САД и Данска.

САД ќе отворат две нови воени бази на Гренланд во рамките на договорот со Данска

САД планираат повторно да воспостават воена база од времето на студената војна во јужен Гренланд и да отворат уште една на источниот брег, во рамките на договорот што треба да го потпишат со Данска и Гренланд денеска во рамките на Генералното собрание на Обединетите Нации во Њујорк.

Текстот на договорот не е јавно објавен, а три лица запознати со него изјавија дека деталите нема да бидат финализирани сè додека договорот не се потпише.

Данска кажа дека договорот ја става безбедноста на арктикот под надзор на НАТО, наместо да им биде препуштена исклучиво на САД и Данска.

Договорот доаѓа по повеќемесечниот притисок од Доналд Трамп, кој бараше САД да имаат контрола врз Гренланд и во одредени моменти не ја исклучуваше можноста за употреба на воена или економска сила за преземање на оваа полуавтономна данска територија. Заканите на Трамп, кои го достигнаа својот врв во јануари, предизвикаа дипломатска криза во рамките на НАТО.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер