Над 141.000 лица во Македонија живеат со дијабетес: Раното откривање може да спречи тешки компликации
1Над 141.000 лица во Македонија живеат со дијабетес: Раното откривање може да спречи тешки компликации
ЕвропаПо нападот на министерство, хакери „ја урнаа“ и француската пошта и банкаФранцускиот национален поштенски оператор La Poste и неговата банка La Banque Postale беа погодени денес од моќен сајбер напад.Францускиот национален поштенски оператор La Poste и неговата банка La Banque Postale беа погодени денес од моќен сајбер напад, предизвикувајќи прекини во испораките на пакети и онлајн плаќањата во екот на божиќната сезона. Компанијата потврди дека станува збор за таканаречен DDoS напад кој привремено ги прекинал нивните онлајн услуги, но нагласи дека податоците на корисниците остануваат безбедни, пишува Euronews. Божиќен хаос во поштите Во поштите низ Париз, украсени за празниците, вработените мораа да ги одвратат граѓаните што чекаа во ред за да испратат или подигнат пакети, вклучувајќи и божиќни подароци. Корисниците на филијалата на банката, La Banque Postale, не можеа да пристапат до мобилната апликација за да овластат плаќања и други трансакции, поради што банката привремено ги пренасочи овластувањата кон СМС пораки. „Нашите тимови се мобилизирани за брзо решавање на ситуацијата“, објави банката на социјалните медиуми. Досега, ниедна група не ја презеде одговорноста за хакерскиот напад. Интересно е што истите услуги - следење на пакети Colissimo и дигитален трезор Digiposte - беа недостапни и во саботата, иако La Poste не потврди веднаш дали станува збор за напад. Француската пошта и претходно беше цел на хакери. Во февруари 2024 година, турската група Turk Hack Team ја презеде одговорноста за DDoS напад што ја сопре нивната веб-страница на неколку часа. Франција цел на серија напади Инцидентот се случува само неколку дена откако француската влада потврди дека претрпела сајбер напад што го погодил Министерството за внатрешни работи, клучна институција за национална безбедност. Во нападот, министерот за внатрешни работи Лоран Нуњез потврди за телевизијата Franceinfo дека осомничениот хакер украл неколку десетици чувствителни документи и добил пристап до информации за полициски досиеја и барани лица. Министерот го припиша инцидентот на „невнимателност“ и лоша „дигитална хигиена“ во рамките на министерството, наведувајќи примери како што е споделување лозинки во обичен текст преку е-пошта. Хакерот кој ја презеде одговорноста на онлајн форумите тврдеше дека пристапил до податоците на 16,4 милиони француски граѓани, но властите ја оспорија таа бројка, потврдувајќи ја кражбата на само неколку десетици датотеки. Француските медиуми објавија дека 22-годишен маж е приведен за нападот. Сомневањата за странско мешање растат Тензиите дополнително се зголемија минатата недела кога обвинителите објавија дека француската контраразузнавачка агенција истражува сомнителен заговор за напад на меѓународен патнички ферибот преку кибернапад. На бродот е откриен софтвер што би овозможил далечинско управување со компјутерските системи на бродот, а еден латвиски член на екипажот е приведен под обвинение дека работел за неидентификувана странска сила. Истрагата ја спроведува Генералниот директорат за внатрешна безбедност (DGSI), што укажува на сериозноста на заканата. Малициозниот софтвер пронајден на бродот GNV Fantastic, кој плови помеѓу Франција, Италија и Северна Африка, бил таканаречен тројанец за далечински пристап (RAT), способен да ја преземе контролата врз оперативните системи на бродот. Иако нема официјална потврда, министерот Нуњез силно алудираше на руска вмешаност, наведувајќи дека „странското мешање многу често доаѓа од истата земја“. Франција и другите европски земји што ја поддржуваат Украина претходно ја обвинија Русија за водење „хибридна војна“ што вклучува саботажи, кибернапади и дезинформации.Тагови: поштата хакери Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаДимитриевски од Неготино: Европскиот извештај е најверодостојниот доказ за резултатите на ЗНАМ!Движењето ЗНАМ – За Наша Македонија продолжува со средбите со граѓаните низ државата, на кои се презентираат резултатите од изминатите две години работа и придонесот на избраните и именувани функционери од редовите на Движењето. Во рамки на панел-дискусијата под мотото „Две години работа. Две години резултати. Една љубов – Македонија“, која се одржа во Неготино, се обратија претседателот на ЗНАМ, Максим Димитриевски, координаторот на пратеничката група на ЗНАМ и член на Извршниот одбор, Бобан Карапејовски, директорот на Агенцијата за планирање на просторот, Александар Гелевски, како и државниот секретар во Министерството за земјоделство, сточарство и водостопанство, Надица Џерковска. Претседателот на ЗНАМ, Максим Димитриевски, истакна дека Извештајот на Европската комисија за 2026 година е доказ за напредокот и предизвиците во клучните области од работењето на институциите, посочувајќи дека во областите во кои ЗНАМ има свои функционери е нотиран значаен напредок. „Резултатите не се мерат според тоа колку гласно зборувате за нив, туку според тоа што навистина сте го направиле. Европскиот извештај е најверодостојниот доказ за оценување на институционалниот напредок, а ЗНАМ преземените одговорности ги преточи во конкретни промени и подобри институции.“ истакна Димитриевски. Во таа насока, тој се осврна на резултатите во областите на правосудството, јавната администрација и дигиталната трансформација. Извештајот на Европската комисија нотира напредок во повеќе сегменти, меѓу кои усвојувањето на новиот Закон за Судскиот совет, надградбата на Информациониот систем за за управување со човечките ресурси и проширувањето на понудата на електронски услуги за граѓаните. Димитриевски посочи дека ЗНАМ е единствената партија која ги презентира резултатите од работата на своите функционери пред граѓаните, нагласувајќи ја важноста на отчетноста како принцип на политичкото и институционалното дејствување. „Отчетноста значи да застанете пред граѓаните, да кажете што сте ветиле, што сте реализирале и што останува да се направи. Тоа е суштината на јавната одговорност. Нашите средби не се само осврт на изминатиот период, туку и можност отворено да се разговара за следните чекори и за обврските што ги преземаме“ нагласи претседателот на ЗНАМ. Димитриевски нагласи и дека активно се спроведуваат активностите предвидени со Акцискиот план за 2026 година на Движењето ЗНАМ, со посебен акцент на организациското јакнење. По формирањето на Клубот на млади, во наредниот период следува и формирањето на Клубот на жени, како дел од планираните активности за развој на партиската структура. Движење ЗНАМ останува посветено на политиката на отчетност, одговорност и исполнување на преземените обврски, затоа што довербата на граѓаните не се бара со зборови, таа се гради со работа и се оправдува со резултати. Центар за комуникации и аналитика ЗНАМТагови: ЗНАМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЌе ги отстрани ли новиот Кривичен законик штетните последици од 2023 година?15:00Мицкоски: Жителите на Каменик ќе добијат систем за водоснабдување, проект во соработка помеѓу Кисела Вода и Владата11:55На коалициска средба ќе се пеглаат разликите во владата околу полагањето на Правосудниот испит15:00Скопје го одбележува Денот на ослободувањето – 13 Ноември08:49По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00
Мицкоски: Жителите на Каменик ќе добијат систем за водоснабдување, проект во соработка помеѓу Кисела Вода и Владата11:55
По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00
СветСудир на танкер и крузер во Њу Орлеанс: Најмалку 32 повредени (ВИДЕО)Нафтен танкер се судри со речен крузер во пристаништето во Њу Орлеанс во американската сојузна држава Луизијана.Во несреќата се повредени најмалку 32 лица, кои се пренесени в болница. Американските медиуми пренесуваат дека крузерот „Американ Херитиџ“, кој пловел по реката Мисисипи, пристигнал во пристаништето во Њу Орлеанс и патниците почнале да се симнуваат од него, кога од засега не познати прични во бродот танкер за нафта. По сударот, крузерот, на кој имало 129 патници и околу 20 членови на екипажот, се превртел. Спасувачките екипи успеале да ги извлечат сите патници. Хелена Морено, градоначалничка на Њу Орлеанс, на прес-конференција изјави дека сите се спасени. „Од нив, 32 лица се пренесени во болница, но никој од нема критични повреди“, изјави Морено, нарекувајќи го настанот „чудото на Мисисипи“. Крајбрежната стража на САД соопшти дека дел од реката е затворен за секаков вид пловен сообраќај. Не е познато како дошло до несреќата. Гувернерот на Луизијана, Џеф Лендри, изјави дека е во тек „активна истрага“ за судирот. „Сакаме да се осигураме дека оваа истрага ќе биде спроведена темелно и дека точно ќе дознаеме што се случило, за да можеме да ги решиме проблемите и да гарантираме дека Мисисипи ќе остане многу безбедно место“, истакна Лендри.Тагови: крузер Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаСДСМ: Уште неколку членови од ЗНАМ 2.0 официјално се приклучија на организираната криминална група!Здружението ЗНАМ веќе не постои, тоа го покажуваат и анкетите на нивниот шеф Мицкоски. Партиските редови на СДСМ денес се почисти за неколку лица кои ровареле по партијата. Кога ги откривме сите оние кои за пари се обидуваат да ја спречат борбата против мафијата, неколкумина брзо-брзо преминаа во ЗНАМ - здружението на Максо Димитриевски, спонзорирано од Мицкоски. Здружението ЗНАМ веќе не постои, тоа го покажуваат и анкетите на нивниот шеф Мицкоски. Откако се дозна дека сè е договорено и под контрола на Мицкоски, пратеник, советници и цели групи луѓе го напуштија ЗНАМ. Денес, преминувањето во ЗНАМ е исто како некој во 1945 година да преминал кај четниците. За жал, на таквите не им е до Македонија, туку до ситни пари, не сфаќајќи дека самите се етикетирале за целиот живот. Соединетите Американски Држави, нашиот стратешки партнер, вчера во своето соопштение наведоа дека во Србија ќе ѝ помогнат на новата влада која го собори Вучиќ и дека ќе помогнат во расветлувањето на транснационалната криминална мрежа на Западен Балкан, која претставува опасност за Америка, но и за целиот регион. Кај нас овие деновите се расветлуваат случајот со Алта банка и перењето пари од дрога, криминал и корупција, а токму Максим Димитриевски учествуваше во носењето на таа банка, заедно со Мицкоски и директорот на БИА од Србија. Додека се работи на случајот со петте тони дрога, истата оваа група преминува во ЗНАМ, кај тој истиот Максо, познат по тендерот во Пошта, во време кога вработените немаа пари за плати, или по продажбата на плацот на компанијата Лидл и стекнувањето стотици илјади евра преку ноќ. Таквите повеќе не можат да бидат во нашите редови и подобро е што сега го покажуваат своето вистинско лице, отколку и понатаму да роварат против нас одвнатре. Додека граѓаните и поединци застануваат на страната на СДСМ и Фронтот за вистина и правда во борбата против бандата на власт предводена од Мицкоски, ЗНАМ се фали со своите нови платеници. ЗНАМ е сателит. И ЗНАМ 2.0 е алатка на Мицкоски. Максо го наплати предавството на партијата и гласачите. Сега ја извршува последната задача – да го собере она што им останало од нивната екипа во нашите редови. Сега сите се на исто место. Им благодариме. Вистината излегува на виделина. Бандата ќе одговара. СДСМТагови: СДСМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЌе ги отстрани ли новиот Кривичен законик штетните последици од 2023 година?15:00Мицкоски: Жителите на Каменик ќе добијат систем за водоснабдување, проект во соработка помеѓу Кисела Вода и Владата11:55На коалициска средба ќе се пеглаат разликите во владата околу полагањето на Правосудниот испит15:00Скопје го одбележува Денот на ослободувањето – 13 Ноември08:49По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00
Мицкоски: Жителите на Каменик ќе добијат систем за водоснабдување, проект во соработка помеѓу Кисела Вода и Владата11:55
По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00