Денеска официјално ќе биде промовирана „Везилка“ – првиот центар за вештачка интелигенција во земјава
Минчев ќе оствари билатерална средба со министерката за јавна администрација и локална самоуправа на Србија
1Денеска официјално ќе биде промовирана „Везилка“ – првиот центар за вештачка интелигенција во земјава
2Минчев ќе оствари билатерална средба со министерката за јавна администрација и локална самоуправа на Србија
БалканПо масакрот во Цетиње, Црногорците предале 608 парчиња нелегално оружје Во акцијата „Почитувај го животот, врати го оружјето“, граѓаните во Црна Гора од почетокот на месецов доброволно предале 608 огнено оружје и 19.617 парчиња муниција, соопшти Управата на полиција.Само вчера во повеќе градови низ Црна Гора доброволно се вратени 47 парчиња оружје, 1.449 парчиња муниција, четири рачни бомби и делови од огнено оружје, објави Телеграф. Од територијата на Подгорица, Даниловград и Цетиње доброволно се вратени 19 парчиња огнено оружје, од кои 10 пиштоли и девет пушки, 606 парчиња муниција од различен тип и калибар и четири бомби. Од областите Бар, Херцег Нови и Будва, доброволно се вратени 14 парчиња оружје и 502 парчиња муниција од различен тип и калибар. Од областите Бијело Поље, Беране, Мојковац и Плав доброволно ѝ се вратени на полицијата вкупно 10 парчиња оружје, од кои шест пиштоли и четири пушки, 184 парчиња муниција и три рамки за пиштоли. Во Никшиќ и Пљевља вратени се четири парчиња оружје, од кои една пушка и три пиштоли, 157 парчиња муниција и рамка од оружјето. Од почетокот на јануари до Управата на полицијата доброволно се предадени вкупно 608 огнено оружје, 19.617 парчиња муниција, 60 рачни бомби, како и повеќе делови од оружје и експлозивни направи. Ова е периодот по масакрот во Цетиње, кога на 11 јануари Ацо Мартиновиќ по расправија во кафана уби 12 лица, меѓу кои две деца, а рани четири лица, од кои едното подоцна почина, пред да се самоубие.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаДенеска официјално ќе биде промовирана „Везилка“ – првиот центар за вештачка интелигенција во земјаваДенеска официјално ќе биде промовирана „Везилка“ – првиот центар за вештачка интелигенција во земјава. Проектот е воспоставен во рамки на европската заедница за пресметување со високи перформанси, кофинансиран од Европската унија и координиран од факултетот за компјутерски науки и инженерство при УКИМ во соработка со министерството за дигитална трансформација. Проектот е од важност за зајакнување на дигиталниот суверенитет, забрзување на дигиталната трансформација, поттикнување на иновациите во јавната администрација, подобрување на одлучувањето засновано на податоци и создавање можности за истражување, претприемништво и технолошки развој. Има за цел и да ја зајакне соработката меѓу институциите, универзитетите, истражувачките центри, организациите на граѓанското општество и деловната заедница.Тагови: Везилка Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаМинчев ќе оствари билатерална средба со министерката за јавна администрација и локална самоуправа на СрбијаМинистерот за јавна администрација на Република Македонија, Горан Минчев, ќе оствари билатерална средба со министерката за јавна администрација и локална самоуправа на Република Србија.Средбата се организира со цел размена на искуства и унапредување на соработката во областа на јавната администрација. По завршувањето на билатералната средба, двајцата министри ќе дадат изјави за медиумите. Кабинет на Министер за Јавна АдминистрацијаТагови: Минчев Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаДиректорот на БЈБ Јанев во работна посета на Полициското одделение и Граничниот премин Ново СелоВчера (23.06.2026) директорот на БЈБ Јанев оствари работни посети во Струмица, Полициското одделение Ново Село и Граничниот премин Ново Село, каде се запозна со состојбите и предизвиците на полициските службеници на терен.На средбите беше разговарано за безбедносната состојба, одржувањето на јавниот ред и мир, како и за спречување на прекуграничниот криминал. Посебен акцент беше ставен на унапредување на условите за работа, техничката опременост и зајакнување на координацијата со надлежните служби и соседните држави. Беше истакнато дека ГП Ново Село е важна точка за проток на патници и стоки, при што останува приоритет обезбедување на ефикасна, професионална и безбедна услуга за граѓаните.Тагови: БЈБ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter