Николоски: Започнуваме со најкрупната реформа - имплементација на новиот Национален едношалтерски систем
1Николоски: Започнуваме со најкрупната реформа - имплементација на новиот Национален едношалтерски систем
3Манасиевски: СДС и Левица настапуваат синхронизирано, ставовите на Венко Заев денес се утрешни ставови на Апасиев
Кучињата трагачи од целиот свет играат клучна улога во потрагата по преживеани во Венецуела, едно од нив успеа да спаси 25 луѓе.
2Кучињата трагачи од целиот свет играат клучна улога во потрагата по преживеани во Венецуела, едно од нив успеа да спаси 25 луѓе.
ЗдравјеПо кризата со хируршките клиники Канал 5 во посета на Клиниката за ортопедијаНова ургентна операција на клиниката за ортопедија. Ретко кога едната оспособена сала со надворешен компресор е слободна откако настана кризата на хируршките клиники и се затворија салите за операција поради појава на специфична миризба во операционите сали во клиниката Мајка Тереза. Хируризите велат дека се оперираат итните пациенти, но и пациентите кои се лежечки на одделите. Канал 5 беше во посета на клиниката за ортопедија големиот метеж во сите сала денеска го немаше. Само во една сала се оперираше. Министерот за здравство за Канал 5 вели дека овој систем со години бил неконторлиран и затоа треба да се направи организација во делот на одржување на компресорите, стерилизацијата. Демири вели дека освен во 8 септември каде имало промена во овој систем во ниту една хирушка клиника нема смена на компресорите. Според него пред да почне да се гради ново треба да се задржи и одржи она што им е потребно на пациентите и персоналот. Засега од германската компанија нема одговор за проблемот со хируршките клиники. Проблемот во хируршките клиники настана откако имало чудна миризба на улје и пластика кога ќе се вклучеле компресори. Иако пристигнувањето на кислород е стабилно мирисот направил недовреба на хирургија и салите за операција не се користат. Сега се ставени шест надворешни компресори само за итни и неодложни интервенции. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаНиколоски: Започнуваме со најкрупната реформа - имплементација на новиот Национален едношалтерски системЗапочнуваме со најкрупната реформа - имплементација на новиот Национален едношалтерски систем. Од една точка ќе се даваат услуги од 15 институции за поефикасни постапки за увоз, извоз и транзит на стока.Националниот Едниошалтерски Систем претставува еден од најзначајните проекти за дигитализација и модернизација на постапките со увозот, извозот и транзитот на стоки. Неговата цел е да обезбеди единствена електронска платформа преку која компаниите ќе можат побрзо и поефикасно да ги спроведуваат законските постапки поврзани со надворешната трговија, истакна денеска заменик претседателот на Владата, Александар Николоски на седницата на која претседаваше со Комитетот за управување со Националниот Едношалтерски Систем. На Комитетот беше потврдено успешното завршување на тендерската постапка, како и информацијата за склучување на Договорот со најповолниот понудувач за испорака и инсталација на новиот едношалтерски систем НЕС. Според Договорот, избраниот Конзорциуми има обврска до крај на 2027 година да го операционализира системот и да го стави во функција. Овој софтвер подразбира дека во иднина сите дозволи за увоз, извоз и транзит како и плаќањето, ќе се одвива по електронски пат на една точка. Целта на реформата е да ја олесни трговијата преку рационализација на процесите при апликација и издавање на дозволи, да се постигне размена на податоци меѓу сите инститиуции на национално ниво, подобра соработка како и координирани активности во рамки на овој систем. Република Македонија е дел од проектот за олеснување на транспортот и трговијата во земјите од Западен Балкан каде една од компонентите е имплементацијатa и овој Национален Едношалтерски Систем што подразбира целосна замена на тековниот систем за управување со дозволи за увоз, извоз и транзит на стоки со нов систем.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиВо Анкара почнува самитот на НАТО, македонската делегација е предводена од претседателката Сиљановска Давкова08:42Потпишан договор со ЕБОР и ЕУ за изградба на автопат Скопје-Блаце, ќе чини речиси 200 милиони евра15:00Мицкоски: Оваа Влада ќе биде запаметена по проекти, по две децении најава, наскоро започнува изградбата на автопатот Скопје - Блаце12:43Продолжува судењето за пожарот во „Пулс“, обвинителство треба да презентира листинзи од телефонска комуникација09:07Мицкоски на потпишување на договор за изградба на автопат Скопје-Блаце08:50
Во Анкара почнува самитот на НАТО, македонската делегација е предводена од претседателката Сиљановска Давкова08:42
Потпишан договор со ЕБОР и ЕУ за изградба на автопат Скопје-Блаце, ќе чини речиси 200 милиони евра15:00
Мицкоски: Оваа Влада ќе биде запаметена по проекти, по две децении најава, наскоро започнува изградбата на автопатот Скопје - Блаце12:43
Продолжува судењето за пожарот во „Пулс“, обвинителство треба да презентира листинзи од телефонска комуникација09:07
МакедонијаСДСМ: Со ребалансот Владата на ВМРО крати пари од младите, а не од криминалните тендериВладата на ВМРО не инвестира во младите, туку крати од младите.Со ребалансот на Буџетот власта повторно покажаа кои им се приоритетите. Наместо повеќе пари за младите и демографските политики, тие ги кратат средствата. Сега има помалку пари за демографски политики, за над 70 проценти – од 71 на само 21 милион денари. Програмата за млади ја кратат за уште 1 милион денари. За младите нема пари, но затоа има милиони за нови задолжувања и криминални партиски тендери. За две години ја задолжија државата, ги задолжија младите и исните генерации за нови 2,5 милијарди евра. Нема 600 евра минимална плата, нема повеќе средства за младите, образованието и студентите, но има пари за криминални тендери и партиски бизниси. Младите не си заминуваат затоа што не ја сакаат Македонија, туку затоа што власта им ја одзема перспективата. Во држава во која партиската книшка вреди повеќе од дипломата, а врските повеќе од знаењето, младите не гледаат иднина. СДСМ со амандмани бара повеќе пари за младите, за демографските политики, за студентскиот и ученичкиот оброк, како и за образованието. Ќе продолжиме да се бориме за држава во која буџетот ќе инвестира во младите, а не во криминални тендери. Скопје, 07.07.2026 СДСМКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаМанасиевски: СДС и Левица настапуваат синхронизирано, ставовите на Венко Заев денес се утрешни ставови на АпасиевСтавовите на Венко Заев денес се утрешни ставови на Апасиев, односно она што го вели СДС, утредента го повторува политичката партија Левица.Веќе се потврдува договорот помеѓу СДС и Левица за координирано дејствување кога станува збор за блокирањето на новиот Изборен законик. Очигледно е дека нивните ставови не се разликуваат, напротив тие се надополнуваат. Не е случајност што и СДС и Левица се противат на решението македонската дијаспора да добие полесен пристап до гласањето. Заедничката цел на политичката партија Левица и СДС им е да го спречат проширувањето на демократското право на нашите иселеници и да создадат нови пречки во изборниот процес. Се повеќе им станува јасно на граѓаните дека синхронизацијата на ставовите на Венко Заев и Апасиев, е однапред договорена политичка стратегија. ВМРО-ДПМНЕ ќе продолжи да се залага за донесување на Изборниот законик со широк политички консензус, за спроведување на реформите и за обезбедување можност македонската дијаспора да го оствари своето право на глас на поедноставен начин. Валентин Манасиевски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиВо Анкара почнува самитот на НАТО, македонската делегација е предводена од претседателката Сиљановска Давкова08:42Потпишан договор со ЕБОР и ЕУ за изградба на автопат Скопје-Блаце, ќе чини речиси 200 милиони евра15:00Мицкоски: Оваа Влада ќе биде запаметена по проекти, по две децении најава, наскоро започнува изградбата на автопатот Скопје - Блаце12:43Продолжува судењето за пожарот во „Пулс“, обвинителство треба да презентира листинзи од телефонска комуникација09:07Мицкоски на потпишување на договор за изградба на автопат Скопје-Блаце08:50
Во Анкара почнува самитот на НАТО, македонската делегација е предводена од претседателката Сиљановска Давкова08:42
Потпишан договор со ЕБОР и ЕУ за изградба на автопат Скопје-Блаце, ќе чини речиси 200 милиони евра15:00
Мицкоски: Оваа Влада ќе биде запаметена по проекти, по две децении најава, наскоро започнува изградбата на автопатот Скопје - Блаце12:43
Продолжува судењето за пожарот во „Пулс“, обвинителство треба да презентира листинзи од телефонска комуникација09:07