По критиките за цензура , српската Влада ја повлече одлуката за информирање за коронавирусот

Премиерката на Србија, Ана Брнабиќ, изјави денеска дека  владата ќе ја повлече контроверзната одлука за централизирање на информациите за време на пандемијата „Ковид-19“ од Кризниот штаб, по поплаките на здруженијата дека станува збор за цензура.

Брнабиќ изјави за Радио Телевизија на Србија (РТС) дека згрешила и дека контроверзниот заклучок на владата ќе се повлече „на експлицитно, директно барање на српскиот претседател Александар Вучиќ“ за да не се „фрли сенка“ на она што е сторено досега во низа контрамерки против ширење на инфекцијата со коронавирус.

"Тоа е моја глупост и моја вина што донесовме вакво нешто. Моја глупост е што, кога ја донесевме оваа одлука, не објаснив ... За да не се фрли сенка на сè што направивме, ќе ја повлечеме одлуката", објасни Брнабиќ за РТС по реакциите на новинските организации, невладиниот сектор и професионалните организации кои вчера ја споредија одлуката со воведување цензура.

Таа изјави дека е донесена одлука за тоа кој може да дава информации во врска со епидемиолошката состојба, така што „граѓаните ќе добијат точни, навремени и целосни информации“, но дека ќе биде повлечена на седница на владата пред денешниот состанок на Кризниот штаб.

притисни ентер