По координацијата со Џафери појасна слика за натамошната работа на Собранието

Денеска ќе се знае како ќе се одвива работата на Собранието.

Како ќе се одвива работата во Собранието по откривањето во јавноста дека двајца пратеници се позитивни на Ковид-19 и имајќи предвид дека владејачките партии со нивното отсуство на пленарните седници немаат мнозинство, веројатно ќе се знае по денешната координативна средба со претседателот на Собранието Талат Џафери и со почетокот на седницата закажана за напладне.

Од Кабинетот на Џафери нема информации како ќе постапи тој имајќи го предвид ставот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ дека нема да и прават кворум на власта, и прашањето дали во Собранието ќе бидат пратеници од Алијансата на Албанците и Алтернатива.

Од друга страна, собраниски извори брифираат дека спикерот нема да ја откаже седницата, ниту која било друга во иднина се додека може да се собере доволен број пратеници за работа на Собранието односно кворум или најмалку 61 пратеник, без разлика дали тие се од власта или од опозицијата. Од таму потенцираат дека опозицијата треба да има предвид дека ова се специфични услови за работа и дека треба да преземе одговорност и да придонесе за функционалноста на институцијата. Во однос на гласањето за точките на дневен ред, велат дека демократски е секој да се изјасни онака како што смета, но дека во случајов опозициските пратеници и од македонскиот и од албанскиот блок треба да учествуваат во работата на Собранието.

Првата појасна слика за тоа како ќе се одвива работата во Собранието треба да даде исходот од средбата на координаторите на пратеничките групи со претседателот на парламентот Џафери, а на која се очекува да присуствува и координаторот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Мицевски.

Координаторот на пратеничката група на СДСМ Јован Митрески за МИА изјави дека седницата не е откажана и дека како ќе функционира Парламентот ќе се знае по координативната средба со спикерот.

Од ВМРО-ДПМНЕ наведуваат дека пратеничката група утре ќе има координација по што и официјално ќе се знае дали ќе присуствуваат на седниците. Нивниот став претходно искажан, беше дека нема да му прават кворум на владејачкото мнозинство во Парламентот.

Позитивни на Ковид-19 се пратениците Лазе Таневски од СДСМ и Исмаил Јахоски од ДУИ. Таневски се тестирал бидејќи сакал да патува во странство, а Јахоски имал симптоми на Ковид-19 и беше хоспитализиран. По направените епидемиолошки анкети, од Центарот за јавно здравје информираа дека нема потреба од изолација на други пратеници, бидејќи мерките во Собранието се почитувале.

Владејачкото мнозинство во Собранието брои 62 пратеници од СДСМ, ДУИ, Беса и коалициските партнери, а опозицијата 58 пратеници од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата и Алијанса на Албанците и Алтернатива.

Собранието на Македонија денеска треба да го одржи продолжението на 15. седница на која на дневен ред се Предлог на закон за задолжување на Македонија со заем кај Меѓународната банка за обнова и развој – Светска банка по Договорот за заем за финансирање на Проектот за итно справување со COVID-19 во Македонија, по скратена постапка, како и измените и дополнувањата на Законот за заштита на укажувачи, на Законот за судските такси, на Законот за автокамповите и на Законот за скијалишта, сите во прво читање.

Седница треба да одржи и Законодавно-правната комисија на која на дневен ред е Предлог на закон за задолжување на Македонија со заем кај Меѓународната банка за обнова и развој – Светска банка по Договорот за заем за финансирање на Проектот за итно справување со COVID-19 во Македонија, по скратена постапка.

Неделава односно на 15 октомври во среда, во Собранието треба да почне и дебатата за ребалансот на Буџетот. /МИА

Уште еден неуспех на Боинг- одложено е лансирање на ракета во орбитата, следен обид е на 10 мај

Комерцијалното вселенско летало Старлајнер на Боинг вечерва не полета во вселената, како што беше планирано и најавено.

Причина за уште едно одложување е проблемот со ракетата Atlas V, а се верува дека за ново лансирање нема да се размислува до 10 мај.

- Денешното лансирање на Старлајнер беше откажано затоа што тимовите процениле дека системот за ослободување кислород на сцената Кентаур на вселенското летало Атлас V. Нашите астронаути излегоа од Старлајнер и се вратија во своите простории - објави НАСА на Икс (Твитер).

Старлајнер на Боинг е комерцијално вселенско летало кое чека со години, но неговото завршување беше многупати одложувано, како и неговото прво лансирање. Досега беше лансиран, но без екипаж, во 2019 и 2022 година. Сепак, целта е да се натпреварува со вселенското летало на Илон Маск, SpaceX, кое моментално превезува астронаути до Меѓународната вселенска станица.

Леталото, со помош на ракетата Атлас V, треба да го има првото лансирање од Зеленортските Острови по Аполо 7 во 1968 година.

Патем, ракетата Atlas D е изградена како прва американска интерконтинентална балистичка ракета, но Atlas D беше модифицирана за да ги лансира првите американски астронаути во вселената. Се разбира, Atlas D и Atlas V се слични само по името. Модерната верзија е дизајнирана од компанијата Локид Мартин, а има руски мотор RD-180 во првата фаза од летот и за време на горната етапа на Кентаур. Воведена е во 2002 година и е најдолготрајната ракета во употреба, а се очекува наскоро да биде пензионирана, пишува CollectSpace.

Ужас во Намибија: Нилски коњ излезе од река и нападна туристи во чамец (ВИДЕО)

На интернет кружи грозоморно видео од Намибија, каде нилски коњ ги напаѓа туристите кои крстареле по реката Чобе.

И покрај напорите на капетанот да избегне „блиска средба“, водениот џин се приближил, ги покажал вилиците и го нападнал чамецот.

Сведоците велат дека пловилото полека се движело, додека љубопитните туристи гледале група нилски коњи од безбедно растојание.

Одеднаш, еден се упатил кон нив, а пропелерот на моторот се заглавил во плитката вода и немало време за бегство, пренесува The Sun.

На видеото се гледа како монструозното животно ги забива челустите во чамецот и го уништува надворешниот мотор. Унишен е и дел од коритото, а туристите седат преплашени.

„Не можев да верувам што се случува“, изјавила Џеки Бошоф подоцна.

Таа додава дека капетанот внимавал и ги исклучил моторите за да може чамецот тивко да се приближи до групата нилски коњи.

Сепак, еден од мажјаците решил да ги избрка „непоканетите гости“.

„Одеднаш нѐ нападна. Капетанот се обиде да маневрира, но се заглавивме во плитка вода. Дури подоцна сфативме дека покрај мажјакот има и младенче“, изјавила Бошоф.

Бајден: Луѓето заборавија на нападот на Хамас на 7 октомври

За време на неговиот говор за антисемитизмот и холокаустот во Салата за еманципација на Капитол, американскиот претседател Џо Бајден рече дека луѓето ширум светот веќе го заборавиле масакрот на Хамас на 7 октомври и земањето заложници Израелци.

„Тука сме, не 75 години подоцна, туку само седум месеци подоцна, а луѓето веќе забораваат дека Хамас го започна овој терор. Не заборавив, ниту вие. И нема да заборавиме“, рече американскиот претседател , пренесува Тајмс оф Израел.

Бајден оцени дека нападот на Хамас врз Израел, во кој беа убиени околу 1.200 луѓе, а 252, главно цивили, беа киднапирани, е најсмртоносниот ден за Евреите по холокаустот.

„Оваа омраза кон Евреите продолжува да лежи длабоко во срцата на премногу луѓе во светот и бара наша постојана будност и отвореност“, рече Бајден.

притисни ентер