По изгласаната недоверба, се бараат оставки од Дамева, Црвенковска, Мустафа, .... - Канал 5

По изгласаната недоверба, се бараат оставки од Дамева, Црвенковска, Мустафа, ....

Морална одговорност и напуштање на позициите очекува премиерот Христијан Мицкоски од петмината членови на Судскиот Совет, на кои им беше изгласана недоверба во Собранието. 

По изгласаната недоверба, се бараат оставки од Дамева, Црвенковска, Мустафа, ....

Заменик министерот за правда Ален Деребан, пак, го повика Судскиот совет итно да закаже седница и да расправа за заклучоците на Собранието, а членовите опфатени со интерпелациите да си поднесат оставки.

Собранието на седницата во вторникот изгласа недоверба на петмината членови на Судскиот совет избрани од Собранието - Весна Дамева, Павлина Црвенковска, Миљазим Мустафа, Тања Чачарова-Илиевска и Селим Адеми. Зад иницијативата за интерпелациии, поднесена на 7 февруари, застанаа 67 пратеници од владејачкото мнозинство, но за заминувањето од функциите на петте члена на Судскиот совет ќе треба да одлучат самите, а така налага и Законот за Судски совет.

Премиерот Мицкоски вчера во изјава за медиуите рече дека очекува Дамева, Црвенковска, Мустафа, Чачарова - Илиевска и Адеми да ги напуштат позициите, затоа што немаат кредибилитет да бидат на тие места.

-Јас очекувам нивна морална одговорност и да ги напуштат позициите коишто ги имаат заробено, затоа што немаат никаков кредибилитет да бидат на тие места, изјави Мицкоски.

Заменик - министерот за правда Деребан рече дека изгласаната интерпелација значи дека тие немаат легитимитет да земат учество, а уште помалку да одлучуваат во рамки на Советот.

-Судскиот совет мора да ја разгледа оваа интерпелација. Да закаже итна вонредна седница по однос на истото, а од нив очекувам да поднесат неотповикливи оставки. Прво, треба да разјасниме дека тие пет членови не се судии, туку се носители на јавни функции на кои се избрани од Собранието. Собранието согласно Уставот е надлежно да врши надзор над нивната работа. Интерпелацијата е уставна категорија и вчерашната интерпелација која им беше изгласана на овие пет члена на Судскиот совет избрани од Собранието е многу сериозна работа и мора да биде сфатена сериозно, затоа што со истата се утврдува дека овие пет члена имале значителен придонес во загрозување на независноста на угледот на судството и судската власт, но и значителен придонес за намалување на довербата на граѓаните во судството, рече заменик-министерот.

Според него, каква било квалитетна законска рамка и да имаме, доколку, како што рече, не се почитуваат не може ништо да се спроведе.

- Министерството за правда продолжува со преземање на сите чекори кои значат реформи во правосудниот систем преку донесување на нови законски решенија. Меѓутоа, како што кажав, најважното за правосудниот систем е почитувањето на тие законски решенија од страна на чинители. Не дека претходните законски решенија биле лоши, туку станува збор за селективна примена на Уставот и законите на Република Македонија, рече Деребан.

Во моментов се работи на измените и дополнувањата на Законот за Судскиот совет, формирана е нова работна група и, како што кажа Деребан, очекувa најдоцна до јуни истиот да биде донесен во собраниска процедура.

Инцидент меѓу демонстрантите и полицијата на влезот на судот во Нови Сад

Пред зградата на судот и обвинителството во Нови Сад утрово се собраа голем број граѓани и студенти, кои бараат ослободување на активистите на организацијата СТАВ и ПСГ, кои веќе два месеци се во притвор во затворот на Клиса.

Инцидент меѓу демонстрантите и полицијата на влезот на судот во Нови Сад

Пред зградата на судот и обвинителството во Нови Сад утрово се собраа голем број граѓани и студенти, кои бараат ослободување на активистите на организацијата СТАВ и ПСГ, кои веќе два месеци се во притвор во затворот на Клиса, а на кои во вторникот на 13 мај им беше продолжен притворот за уште 30 дена.

На задниот влез на зградата, 50-тина вработени се обиделе да влезат во зградата, и таму се собрала исто така група граѓани, јави Н1. Тука дошло до инцидент, односно туркање меѓу припадниците на интервентната единица на полицијата, која се обидела да им овозможи на вработените да влезат, и собраните граѓани. Кога интервентната единица не успеала да им овозможи на вработените во судот да влезат, на помош им пристигнал голем број припадници на жандармеријата.

На граѓаните кои биле во првите редови им бил фрлен солзавец или бибер спреј, изјави за Н1 една студентка.

Еден граѓанин преку мегафон ѝ викал на полицијата: „Немој на голорак народ, што правите, не на мирни граѓани“.

Граѓаните извикувале „Србија“ и „Пуштете ги сите“. Една студентка преку мегафон ги предупредила граѓаните дека пристигнува полициско засилување, кое ќе им пријде на граѓаните од грб, што предизвикало немир меѓу собраните.

Шестмина активисти и студенти на опозициското Движење на слободни граѓани (ПСГ) и организацијата Студенти против авторитарна власт (СТАВ) се во притвор веќе 60 дена откако се обвинети за обид за уривање на уставниот поредок, а судот во вторникот им го продолжи притворот за уште 30 дена.

Уште шестмина активисти на СТАВ се товарат за исто дело, а тие во моментот на апсењето се наоѓале во странство, каде што се и денес.

Сите се обвинети врз основа на аудио снимка од незаконски прислушуван разговор, кој беше емитуван на режимските телевизии на 14 март. Бранителите на обвинетите во повеќе наврати тврдеа дека Безбедносно-информативната агенција (БИА) разговорот го прислушувала незаконски и додадоа дека аудио снимката не може да биде правно валиден доказ во тој процес.

Видео: Најмалку 21 лице загина во сообраќајка во Мексико

 Најмалку 21 лице загина во сообраќајна несреќа на автопатот што ги поврзува мексиканските држави Оахака и Пуебла, соопшти висок мексикански државен службеник.

Видео: Најмалку 21 лице загина во сообраќајка во Мексико

Во објава на социјалните мрежи, министерот за внатрешни работи на Пуебла, Самуел Агилар, напиша дека во несреќата учествувале три возила и дека има многу повредени луѓе.

Мексиканскиот весник Ла Хорнада јави дека смртоносната несреќа се случила кога камион што превезувал цемент се обидел да претекне друго возило пред да премине во спротивната лента и да удри во автобус, а потоа челно се забил во комбе. Камионот мешалка по сударот паднал во бездна и се запалил.

Несреќата се случила на кривулести, стрмни патишта во оддалечените делови на Мексико, каде што сообраќајните несреќи се чести. Во март, најмалку 11 лица загинаа кога автобус се преврте во Оахака. Пред две години загинаа 29 лица откако автобус падна во бездна во јужните делови на Мексико.

Без струја делови од Центар, Аеродром, Сарај и Бутел

Без струја денеска од 9 до 11 часот ќе бидат објектите во околината на Транспортниот центар, односно делови од улиците: „Мирче Ацев“ и „Никола Карев“, Општина Центар, а од 9 до 12 часот делови од ул. „Ѓорѓи Капчев“...

Без струја делови од Центар, Аеродром, Сарај и Бутел

Без струја денеска од 9 до 11 часот ќе бидат објектите во околината на Транспортниот центар, односно делови од улиците: „Мирче Ацев“ и „Никола Карев“, Општина Центар, а од 9 до 12 часот делови од ул. „Ѓорѓи Капчев“, Општина Аеродром, и од село Никиштани, Општина Сарај.

Најавен е прекин во снабдувањето со електрична енергија и на објектите во околината на БОРА ПЕТРОЛ во Индустриската зона - Качанички Пат, Визбегово, Општина Бутел, од 11 до 14 часот.

РЦУК Скопје соопшти дека прекинот е поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа најавени од ЕВН Македонија.

притисни ентер