По иницијатива на Мирчевски и Видновски спорниот код „НМК“ падна на Уставен – правилникот е поништен - Канал 5

По иницијатива на Мирчевски и Видновски спорниот код „НМК“ падна на Уставен – правилникот е поништен

Мислам дека од позиција на земја – апсурд или „апсурдистан“ ако сакате повеќе, изминативе 35 години, мислам дека последниве година и пол, две години, влегуваме во позиција на земја во обид да биде нормална земја. 

По иницијатива на Мирчевски и Видновски спорниот код „НМК“ падна на Уставен – правилникот е поништен

Откако правилникот за сообраќајни знаци, кој го содржеше кодот „НМК“, Уставниот суд го „запечати“ како неуставен, директорот на Канал 5 Иван Мирчевски, кој со новинарот Александар Видиновски ја поднесе иницијативата за негово поништување, им порача на сите оние кои сакаат да се бават со политика, прво да научат да прочитаат што потпишуваат. Тој на тогашните министри Наќе Чулев од ВМРО-ДПМНЕ и Ѓорѓи Сугаревски од СДСМ, кои самоиницијативно го потпишале ваквиот правилник, спротивен на сите меѓунардони одреби, им порача да стојат понастрана од политиката, а ваквата одлука на Уставниот суд Мирчевски ја оценува како позитивна насока во која треба да се движи државата..

-Мислам дека од позиција на земја – апсурд или „апсурдистан“ ако сакате повеќе, изминативе 35 години, мислам дека последниве година и пол, две години, влегуваме во позиција на земја во обид да биде нормална земја. Сметам дека истовремено треба да биде сигнал за сите оние кои што сакаат да се занимаваат со политика во Македонија да внимаваат што потпишуваат. Не може повеќе Горан Сугаревски или Наќе Чулев воопшто, ако мене ме прашате, да се занимаваат со политика во Македонија. Не на маргините, тие треба да заминат во заборавот на македонската политика и истовремено, сите заедно како општествени чинители и медиуми и политичари и уметници и сите останати општествени работници да се потрудиме прво да си го очистиме домашниот двор,- - Иван Мирчевски – Директор на Канал 5 ТВ.

Новинарот Александар Видиновски пак смета дека е жалосно што македонскиот идентитет, наместо од надворешни напади, треба да се брани во сопствената држава.

-Тажен сум за тоа што борбата на македонскиот индентитет, овој пат изразен преку кодовите МК и МКД моравме да го водиме дома со нашите институции. Меѓутоа среќен сум што уште еднаш се покажа кога новинарскиот труд е насочен во право место, резултати има за доброто на државата.

На вчерашната седница, Уставниот суд донеше поништувачка одлука, односно како правилникот воопшто да не постоел и состојбата се враќа на претходниот КОД – МК, до изработката на нов правилник или како што вчера посочи уставниот судија Осман Кадриу – процедурата ќе оди „Јово – наново“. Претседателот на Уставен - Дарко Костадиновски вели дека сега на ред е исправање на грешката од надлежните.

-Поништувачкиот ефект на нашите одлуки е дека тоа што било предвидено со тој правилник не се случило, значи ќе треба да се врати претходната или да се донесе нов правилник во кој ќе бидат уредени сообраќајните знаци опремата и сигнализација на законски начин. За да ја исправиме грешката, значи кога се определуваме за уништувачка или укинувачка го гледаме ефектот, што значи тој ефект за воспоставување на уставност. Во овој случај поништувачка е одлуката,- – Дарко Костадиновски – Претседател на Уставен суд.

Кодот НМК можеше да се сретне на сообраќајните знаци во Косово, но по реакцијата беше тргнат, со што остана само во Србија, кои тогаш посочија дека се движат токму по потпишаниот правилник, кој сега е поништен.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Љубомир Гајдов вечерва во „Само вистина“

Вечерва во „Само вистина“ гостин ќе биде Љубомир Гајдов

 Љубомир Гајдов вечерва во „Само вистина“

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

„На кавга со Иван“ - Слаѓана Тасева

Вечерва, во оригиналното шоу „На кавга со Иван“ ќе гостува Слаѓана Тасева

„На кавга со Иван“ - Слаѓана Тасева

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Кога обврските ја потиснуваат романтиката

 – Како повторно да внесете блискост во односот

Кога обврските ја потиснуваат романтиката

Стресот поради работата, семејните обврски и секојдневните проблеми не влијаат само на сонот и расположението, туку може да ја ослабат и желбата за блискост.

Кога сме исцрпени и постојано размислуваме на обврските, тешко ни е да се опуштиме и да уживаме во времето што го минуваме со партнерот.

Зошто стресот влијае на желбата за интимност?

Кога сме под притисок, организмот се подготвува да се соочи со предизвиците, па тешко се опуштаме. Повишеното ниво на кортизол и адреналин влијае на сонот, расположението и енергијата, што се одразува на партнерскиот живот.

Долготрајната напнатост често носи умор и раздразливост, и чувство дека немаме доволно време за себе. Кога сме исполнети со грижи, често немаме енергија за нежност, романтика и заеднички моменти.

Хормонaлните промени, особено симптомите на перименопауза и менопауза, промените во нивото на естроген, како и физичките тегоби за време на односот, кои не треба да се занемаруваат, влијаат на желбата, Сепак, намалената желба не значи автоматски дека привлечноста исчезнала или да врската е во криза. На неа влијаат и здравствената состојба, квалитетот на сонот, одредени лекови и емоционални проблеми поради што важно е да се согледа целокупната ситуација.

Како повторно да се разбуди блискоста?

Првиот чекор е да најдете начин да ја намалите секојдневната напнатост. Прошетка, вежби со дишење, јога или активност која ви причинува задоволство, сето тоа може да ви помогне да се опуштите и да се одвоите од проблемите што ве преокупираат.

Важно е да разговарате со партнерот без обвинување и создавање дополнителен притисок. Објаснете како се чувствувате, сослушајте ја неговата перспектива и заедно размислете што би можеле да промените за да имате повеќе време еден за друг.

Не мора веднаш да планирате големи романтични гестови. Заедничката прошетка, вечера, прегратка или разговор без телефони може да ви помогне повторно да се поврзете. Нежноста не мора секој пат да води кон интимен однос, а токму отсуството на очекување може да помогне во опуштањето.

Обидете се да го подобрите квалитетот на сонот и да најдете рамнотежа помеѓу обврските и одморот. Редовното движење, сонот и времето посветено на себе може да придонесат за подобро расположение и поголема енергија, што позитивно се одразува на односот со партнерот.

Ако намалената желба трае, предизвикува незадоволство и влијае на вашиот однос, разговарајте со лекар за можните причини. Особено е важно да побарате помош ако се јавува болка и изразена непријатност во текот на интимниот однос.

Блискоста не се мери со честите интимни односи, туку со чувството на сигурност, разбирање и поврзаност. Кога ќе си дадете доволно време себеси и на партнерот, ќе разговарате отворено без да создавате дополнителен притисок, полесно ќе најдете начин повторно да уживате во заедничките моменти, пренесува Ordinacija.hr

Извор: srecne.republika.rs

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер