Кривичен: Пресудата со која е огласен за виновен Љупчо Пецов-Ѓаволот е донесена врз основа на признание
2Кривичен: Пресудата со која е огласен за виновен Љупчо Пецов-Ѓаволот е донесена врз основа на признание
3ВМРО-ДПМНЕ: Јасно и гласно до СДС и Филипче, вие со Заев што ја распродававте Македонија за личен профит, згради и станови во Дубаи сте во длабока опозиција
Претседателот на Наполи најави стадион со капацитет од 70.000 гледачи и упати остри критики кон ФИФА и УЕФА
1Претседателот на Наполи најави стадион со капацитет од 70.000 гледачи и упати остри критики кон ФИФА и УЕФА
БалканПо хаосот во Парламентот Рама оцени дека опозицијата го допреа днотоБарди му возврати дека е кукавицаАлбанскиот премиерот Еди Рама преку објава на социјалната мрежа Х реагираше по хаосот создаден денеска во законодавниот дом, оценувајќи дека „опозицијата го допрела дното“, поддржувајќи го поранешниот премиер Сали Бериша „лице барано од правдата“. -Во политиката го внесоа вокабуларот и уличните манири фрлајќи ја политиката во средина на четирите патишта, сеејќи хаос, насилство и жнеење загуба, загуба, загуба … Тие веќе стигнаа до крајот, преземајќи ги маките на едно лице (Сали Бериша) барано од правдата, кој нема да ги ослободи додека не се распарчат и не излезат на парчиња над водата, како остатоци од потонат брод, пишува Рама. Веднаш по објавата на Рама, реагираше Газмент Барди, кој ја предводи групата, од 45 демократски пратеници, приврзаници на Бериша, нарекувајќи го „кукавица фатен на дело, кој внесе 65 чувари во салата за да го заштитат“, бидејќи според него, се плашел од опозицијата. -Еди Рама внесе во политиката и во парламентот претставници на организираниот криминал, шверцери, убијци и крадци, со што Албанија стана единствената земја во Европа на која и требаше усвојување на закон за декриминализација на политиката. Денеска како кукавица фатен на дело со коруптивни афери вредни милиони евра, кои секојдневно ги истражува и суди правдата, внесе 65 редари во собраниската сала, за да го заштитат додека тој го одобруваше буџетот со кој се финансираат само коруптивни ЈПП и проекти кои вбризгуваат повеќе пари за тендери кои се контролирани од организиран криминал, напиша Барди. Денешната пленарна седница на чиј дневен ред беше Нацрт-буџетот за идната година, траеше само пет минути поради хаосот што го направија опозициските пратениците, но сепак истиот беше усвоен. /МИАКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиОЈО ГОК во тек е акција под кодно име „Филтер 2“10:24Продолжи судењето за Лотарија - Груби и Бајрами повторно на обвинителна клупа15:00Тошковски: Има големи злоупотреби со боледувањата во државниот и во приватниот сектор11:04Средба на Сиљановска-Давкова со претставници на организацијата „Обединети Македонци во Канада“08:36Мицкоски ќе се обрати во ООН во петок, денеска учествуваше на Самит на мултилатеризмот15:00
МакедонијаМинистерката за енергетика Божиновска и МЕРМС застануваат зад младите иноваториМинистерството покровител на Националниот средношколски натпревар за зелени иновацииМинистерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска денеска, во рамки на официјалното отворање на „Европската ноќ на истражувачите“ во МАНУ – Куќата на науката, официјално ја најави поддршката и покровителството на Министерството и нејзино лично како министер за Националниот натпревар за најдобар бизнис концепт за зелени иновации за средните училишта. Станува збор за натпревар кој речиси две децении ги поттикнува средношколците да размислуваат иновативно и претприемачки и своите идеи да ги претвораат во конкретни решенија за предизвиците на современото општество. Во последните години натпреварот е целосно насочен кон зелените иновации и развојот на вештини потребни за зелената транзиција. Настанот се одржува во рамки на „Европската ноќ на истражувачите“, иницијатива која ја приближува науката, истражувањето и иновациите до граѓаните, а особено до младите. Токму од ова место Божиновска испрати порака дека институциите мора да создаваат простор младите идеи да добијат поддршка и можност да се претворат во реални решенија. „Ако сакаме зелена и одржлива иднина, мора да инвестираме во младите кои ќе ја создаваат. Со ова покровителство застануваме зад нивното знаење, креативност и иновативност и испраќаме јасна порака дека нивните идеи се важни и дека институциите се тука да ги поддржат. Тоа е поддршка на знаењето, иновацијата, претприемништвото и храброста на младите да создаваат решенија“, порача Божиновска. Во своето обраќање пред претставниците на МАНУ, истражувачите, професорите и наставниците, министерката истакнa дека токму ваквите иницијативи се мостот меѓу науката, образованието, иновациите и реалните потреби на општеството. „Европската ноќ на истражувачите“ е можност науката да излезе од лабораториите и академските кругови и да стане поблиска до граѓаните, особено до младите. Во време на брз технолошки развој, вештачка интелигенција и нови технологии, Божиновска нагласи дека технологијата сама по себе не е доволна – потребни се знаење, креативност и одговорност за таа да се претвори во вистинска иновација. Националниот натпревар за најдобар бизнис концепт за зелени иновации за средните училишта се организира веќе 18 години, а од 2009 година ко-организатори се Националниот центар за развој на иновации и претприемачко учење (НЦРИПУ) и Машинскиот факултет – Скопје при УКИМ. Од 2021 година, во рамки на Машинскиот факултет функционира и Центарот за извонредност за зелени иновации, кој е главен организатор на натпреварот. Натпреварот веќе има и значајно европско признание – ја освои престижната ETF Green Skills Award 2025, во конкуренција на 250 апликации од повеќе од 50 земји. Оваа година интересот на средношколците е особено значаен. 42 средношколски тимови пријавија свои иновативни зелени решенија, а повеќе од 60 наставници од Скопје, Охрид и Штип учествуваа во обуки поврзани со подготовката на натпреварот. Со официјалното најавување на покровителството, Божиновска упати повик до средношколците да размислуваат смело, да истражуваат и да создаваат. „Не треба да се плашите од големите идеи. Истражувајте, експериментирајте и користете го знаењето и новите технологии за да создавате решенија. Можеби токму една идеја која започнува како училишен проект ќе прерасне во иновација, компанија или решение кое еден ден ќе придонесе за почиста енергија, поефикасно користење на ресурсите и подобар живот за сите нас“, истакна Божиновска. Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини со покровителството се приклучува кон иницијативата за поддршка на младите, развој на зелените вештини и создавање нова генерација иноватори, со цел знаењето и креативноста на младите да добијат простор да се претворат во конкретни решенија и нови можности. Говорејќи за значењето на науката и иновациите, Божиновска истакнa дека енергетската транзиција, енергетската ефикасност, обновливите извори, новите технологии и одржливото користење на ресурсите не се само прашања за институциите. „Одговорите на овие предизвици ќе ги создаваат токму денешните млади. Затоа тие не треба да бидат само идни учесници во промените – тие треба да бидат нивни активни креатори“, истакнa министерката. Од Министерството нагласуваат дека поддршката на ваквите иницијативи е инвестиција во иднината – затоа што зелената транзиција не е само промена на енергетскиот систем, туку и промена на начинот на кој размислуваме, создаваме и ја градиме економијата. Од „Европската ноќ на истражувачите“ во МАНУ, пораката е јасна: кога младите имаат знаење, идеја и храброст да создаваат, институциите треба да им дадат простор и поддршка идеите да станат реалност.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиОЈО ГОК во тек е акција под кодно име „Филтер 2“10:24Продолжи судењето за Лотарија - Груби и Бајрами повторно на обвинителна клупа15:00Тошковски: Има големи злоупотреби со боледувањата во државниот и во приватниот сектор11:04Средба на Сиљановска-Давкова со претставници на организацијата „Обединети Македонци во Канада“08:36Мицкоски ќе се обрати во ООН во петок, денеска учествуваше на Самит на мултилатеризмот15:00
МакедонијаКривичен: Пресудата со која е огласен за виновен Љупчо Пецов-Ѓаволот е донесена врз основа на признание Пресудата со која е огласен за виновен, сега осудениот Љупчо Пецов-Ѓаволот е донесена врз основа на признание на вина на 24.08.2026 година, информираат од Кривичниот суд.Пресудата со која е огласен за виновен, сега осудениот Љупчо Пецов е донесена врз основа на признание на вина на 24.08.2026 година, а со оглед да не е вложена жалба од странките истата е правосилна од 21.09.2026 година. Со пресудата обвинетиот, му се утврдува казна затвор во траење од 2 години затвор и истата нема да се реализираат ако обвинетиот во рок од 5 години не стори ново кривично дело. Воедно на обвинетиот му се изрекува и парична казна во износ од 8.000 евра, како и споредна казна Забрана за вршење на дејност - основач или управител на правно лице, односно да управува, раководи или располага со имот на правно лице во траење од 10 – десет години. Обвинетиот правно лице, ДУТУД А.К.А.П. ДООЕЛ кое е во стечај му се изрекува парична казна во износ од 1.000.000 денари, а воедно му се изрекуваат и спорни казни – Забрана за добивање дозвола, лиценца и концесија утврдени со посебен закон, Забрана за учество во постапка за јавен повик и Забрана за основање нови правни лица сите во траење од 5 години. Судот при определување на казната на овој обвинет, ја имаше во предвид и обврската за обезбедување процесна избалансираност во однос на останатите обвинетите во овој комплексен кривично - правен случај кои исто така ја признаа вината, ја надоместиле паричната штета и во раздвоените постапки им било изречена исто така алтернативна мерка. Пресудата е во фаза на анонимизиација и за кратко време ќе биде достапна.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ: Јасно и гласно до СДС и Филипче, вие со Заев што ја распродававте Македонија за личен профит, згради и станови во Дубаи сте во длабока опозицијаВенко Филипче пак се јави со, небаре, патриотска флоскула, која добро звучи но би имала значење ако не е кажана од оние кои Македонија ја распродаваа за личен профит, златни визи, згради и станови во Дубаи, јахти во Грција, фирми во Бугарија ....РЕАКЦИЈА НА ПРЕС-КОНФЕРЕНЦИЈА НА ВЕНКО ФИЛИПЧЕ Венко Филипче пак се јави со, небаре, патриотска флоскула, која добро звучи но би имала значење ако не е кажана од оние кои Македонија ја распродаваа за личен профит, златни визи, згради и станови во Дубаи, јахти во Грција, фирми во Бугарија и ред други финансиски придобивки. Венко Филипче заедно со неговиот ментор Зоран Заев се тие коишто тргуваа со националните интереси, идентитетот, историјата, јазикот, го сменија името, ја ограбија државата, ги осиромашија граѓаните. Сега, како тоа да не им беше доволно, се противат на напорите на Владата да ја развие државата, да ја развие економија и против граѓаните да живеат подобро. Развојот на рударството е една од гранките кои овозможуваат дол и стабилен раст и развој на домашната економија и индустрија, а СДС и Венко Филипче се против. Како што се против и против развојот на напредната високотехнолошка индустрија и изградбата на дата-центрите, додека одредени нивни сегашни и поранешни сопартијци и ја поддржуваат идејата, а и влегуваат во бизнисот со дата-центрите. Проблемот со развојот на Македонија, очигледно е само кај поединци од талогот на СДС под команда на Венко Филипче. Затоа што тој, под менторство на Заев единствено прифаќа марихуана економија за струмичкиот клан на Заеви, бизниси и тендери од кои лично тој би профитирал дебели провизии и проценти. Со ова Венко Филипче уште еднаш покажа дека не само што е против развојот на државата, туку, воопшто, против Македонија. Наспроти нивните ликувања и обиди државата да не успее, на СДС и Филипче им порачуваме, продолжете да се препелкате во вашиот талог, Македонија ќе се развива и ќе успее и за тоа посветено работи владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ. И јасно и гласно до СДС и Филипче, вие со Заев што ја распродававте Македонија за личен профит, згради и станови во Дубаи сте во длабока опозиција. Народот ве прочита и на следните избори, кога и да се случат, ќе ве испрати во темните страници на историјата. Со почит, Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиОЈО ГОК во тек е акција под кодно име „Филтер 2“10:24Продолжи судењето за Лотарија - Груби и Бајрами повторно на обвинителна клупа15:00Тошковски: Има големи злоупотреби со боледувањата во државниот и во приватниот сектор11:04Средба на Сиљановска-Давкова со претставници на организацијата „Обединети Македонци во Канада“08:36Мицкоски ќе се обрати во ООН во петок, денеска учествуваше на Самит на мултилатеризмот15:00