По Франција и Велика Британија, и Канада планира да ја признае палестинската држава во септември - Канал 5

По Франција и Велика Британија, и Канада планира да ја признае палестинската држава во септември

Премиерот Марк Карни објави дека Канада планира да ја признае палестинската држава во септември, следејќи го примерот на Франција и Велика Британија.

По Франција и Велика Британија, и Канада планира да ја признае палестинската држава во септември

Тој кажа дека потегот зависи од демократските реформи, што вклучува одржување избори без Хамас.

Ден порано, Велика Британија најави дека ќе ја признае палестинската држава во септември доколку Израел не прифати прекин на огнот и други услови.

Израелското министерството за надворешни работи ја отфрли објавата на Канада, опишувајќи ја како награда за Хамас.

Карни кажа дека Канада формално ќе ја признае Палестина на претстојното Генерално собрание на ОН. Тој ги наведе проширувањето на израелските населби на окупираниот Западен Брег, влошувањето на хуманитарната ситуација во Газа и нападите на Хамас врз Израел од 7 октомври 2023 како причини за драматичната промена во надворешната политика на Канада.

„Нивото на човечко страдање во Газа е неподносливо и брзо се влошува. Канада долго време е посветена на решение со две држави како дел од преговорите за мировен процес, но овој пристап повеќе не е одржлив. Перспективата за палестинска држава се еродира пред нашите очи“, рече Карни.

Од 193 членки на Обединетите нации, 147 ја имаат признато палестинската држава. Доколку Франција и Велика Британија формално го направат тоа, САД ќе бидат единствената постојана членка на Советот за безбедност на ОН која не го сторила тоа.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ: Политиката на изолација на Мицкоски најдобро се гледа на граничниот премин

Додека Христијан Мицкоски со државниот авион (што веќе го третира како приватен) оди на своите екскурзии,  македонските граѓани со децата, стојат со саати под жешкото сонце на граничните премини.

СДСМ: Политиката на изолација на Мицкоски најдобро се гледа на граничниот премин

Колони од повеќе километри.

Чекање од 4, 6, понекогаш и 10 часа.

Луѓе што сакаат само да стигнат до море.

Ова е реалната слика на политиката што ја спроведува организираната криминална група ВМРО-ОКГ.

Половина од Владата и голем дел од функционерите на ВМРО имаат бугарски пасоши.

Нивните семејства имаат бугарски пасоши.

Имаат фирми во Бугарија.

Имаат европски документи.

Тие и нивните најблиски минуваат преку посебен - ЕУ премин.

Тие си обезбедија Европа за себе.

За граѓаните на Македонија не им е гајле.

Единствената нивна грижа е што во буџетот сѐ помалку има пари за нови криминални тендери.

Тоа е најголемата грижа на „тендер-патриотите“.

Додека народот стои во колона, тие летаат.

Додека децата седат во прегреани автомобили, тие уживаат во привилегиите што си ги обезбедија преку бугарските пасоши.

Ова е нивна политика - изолација за народот, Европа за себе.

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Герасимовски: Нов потпорен ѕид во градинката „Кочо Рацин", инвестиција од 5,99 милиони денари

Општина Центар информира дека во кругот на градинката „Кочо Рацин" се отстранува стариот потпорен ѕид и на негово место се гради нов со должина од 37,26 метри и висина од 3,6 метри.

Герасимовски: Нов потпорен ѕид во градинката „Кочо Рацин", инвестиција од 5,99 милиони денари

Станува збор за ѕид кој беше стар 25 години, кој сега ќе биде заменет со конструкција од армиран бетон, со темели пошироки од претходните.

„И ова лето вложуваме во воспитно-образовната инфраструктура. Во моментов се работи и на поставување нова енергетски ефикасна фасада на училиштето „Кирил и Методиј", следно е спортската сала во училиштето „Коле Неделковски" и „Гоце Делчев“, а во тек се и санации во ООУ „Димитар Миладинов", рече градоначалникот Герасимовски.

Изградбата на ѕидот се изведува по сите важечки стандарди, со посебно внимание на квалитетот на материјалот и техничката изведба. Проектот е вреден 5.992.394,00 денари и ќе биде целосно завршен во рок од еден месец.

Со оваа инвестиција, Општина Центар продолжува со континуираниот процес на подобрување на инфраструктурата во училишните и предучилишни установи на својата територија.

Со почит,

Одделение за односи со јавност

Општина Центар - Скопје

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ: Скопје има градоначалник на екскурзија - исто како и неговиот шеф!

Орце Ѓорѓиевски, еден од најблиските соработници на Мицкоски, исто така е на екскурзија.

СДСМ: Скопје има градоначалник на екскурзија - исто како и неговиот шеф!

Како што шефот ја води државата, како на екскурзија, така и Орце го води Скопје - место каде што главна активност се тендерите.

Сѐ уште нема одговор:

• Колку чинеше AI-решението за билбордот? (Веруваме дека е поскапо од вообичаено, бидејќи коњот на билбордот има пет нозе).

• Која фирма го работеше?

• Дали таа фирма има врска со Орце?

• Како е можно билборд што треба да го промовира Скопје повеќе да го промовира Белград и Храмот Свети Сава?

Нема одговор ни за водата.

Не знаеме што покажа дронот што од воздух ги испитуваше Лепенец и Вардар - кој ги загади реките?

Единствено што добија граѓаните од Орце е апел да си го чистат градот од ѓубре,

затоа што тој не е способен да го направи тоа.

Тоа е сѐ што доби Скопје од Орце Ѓорѓиевски: екскурзии, скапи AI-билборди со петножни коњи, промоција на Белград и апел граѓаните сами да си го чистат градот.

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер