По две години во фокусот на медиумите повторно се најдоа Принцот Вилијам и Роуз

„Принцот Вилијам ја изневери Кејт со долгогодишната пријателка“, ова е веста што пред околу 2 г. ја објавија речиси сите светски таблоиди.

Наводното брачно неверство се случило со поранешната манекенка, маркизата од Чомли, 37-годишната Роуз Ханбери. Триесет и деветгодишниот принц не даваше изјави за ваквите тврдења, па тие набргу исчезнаа од медиумите откако неговиот адвокатски тим наводно им се заканувал на медиумите со тужби. Но, се чини дека ова не го исплаши магазинот „Нова идеја“, (New Idea) кој сега повторно го поврзува британскиот принц со фаталната Роуз.

Според таблоидот, 60-годишниот Дејвид Чомли, 7-ми маркиз од Чомли, наводно бил забележан без венчалниот прстен на раката, што предизвикало шпекулации дека неговиот брак со поранешната манекенка е при крај. Во наводните шпекулации за разводот повторно е вовлечен 39-годишниот принц кој се наведува како една од потенцијалните причини за крај на бракот на Чомли. Иако нема конкретни докази за ова, весникот сè уште стои на своите наводи, кои ако се покажат невистинити, може скапо да го чини.

„Отровната приказна, иако лажна, заживеа во јавноста и ги натера Вилијам, Кетрин и Роуз да размислат околу преземањето правни мерки“, изјави своевремено кралскиот експерт Ендру Мортон за британските медиуми.

Да потсетиме, во 2019 година, британските медиуми пишуваа дека војводата потклекнал пред шармот на две години помладата Роуз Ханбери, додека Кејт беше бремена со нивното трето дете, денес тригодишниот принц Луис. Војвотката тогаш, наводно, била очајна поради фактот што таа вест еден ден ќе ја прочитаат нејзините деца, а парот едвај успеал да го спаси бракот, кој сега е повторно под лупата на јавноста.

Извор: story.hr

Засадени 15 дрвца во чест на работниците кои минатата година загинале на работните места

15 садници за петнаесет загинати работници минатата година на своето работно место, вака Македонското здружение за заштита при работа го одбележа Светскиот ден за безбедност и здравје при работа.

Од здружението обвинуваат државата не води статистика, судските постпаки за овие случаи се влечат со години, работодавачите не доволно се казнуваат.

„Оваа година броиме дека најмногу има загинато во градежниот сектор, но трендот на гинење на работни места се уште го држи земјоделството. Или поточно местата каде самите работници имаат најмалку пристап до создавањето на таа превентивна култура, во смисла на обуки, во смисла на лични заштитни средства, во смисла на побезбедни алатки уреди со кој работат.“- -изјави Милан Петковски – Македонско здружени за заштита при работа.

Според статистиката која ја води здруженитето иако е значително намален бројот на несреќи кои имаат фатален крај на работното место, бројот на повредени работници е висок, според нив доколку законот не е само на хартија, и овие повреди може значително да се намалат. Велат клучот лежи во казнивоста на работотдавачите кои мора да разберат дека луѓето не се само бројка.

„Доколку видиме лична одговорност кон еден кој не го почитува законот, кој што ќе биде казнет за пример на сите останати тогаш ќе дојдеме до ситуација дека свеста кај сите останати кои се обидуваат да делуваат како да ќе поминат без последица тогаш мислам дека ќе се промени. Вториот начин е кога веќе имаме несреќа на работните места задолжително мора да дојдеме во ситуација да ги разбереме механизмите кои довеле до повреда. Не може вака да поминуваат несреќи, по несреќи, по несреќи за на крајот тоа да биде само пуста статистичка бројка.“- -изјави Милан Петковски – Македонско здружени за заштита при работа.

Мината година повеќе од 2илјади работници се здобиле со сериозни повреди на своите работни места. Пред неколку дена по повод меѓународниот ден, надлежните институции во земјава посочија дека голем дел од несреќите при работа се последица на недоволното и несоодветно превземање на превентивни и заштитни мерки неопходни за заштита на здравјето и животот на рабтониците.

Поради исклучително високи температури на Филипини учениците ќе одат на онлајн настава

Властите на Филипини денеска објавија прекин на физичко присуство на настава во сите државни училишта на два дена, по рекордно високите температури за овој дел од годината во главниот град Манила. 

Голем број училишта на Филипините немаат климатизација.

Бран исклучително топло време го погоди регионот во текот на изминатата недела со темтератури над 45 степени Целзиусови, па поради тоа властите беа принудени илјадници училишта да им соопштат на учениците да останат дома.

„Со оглед на најновата прогноза за температурите... и најавата за национален штрајк во транспортот, сите државни училишта низ целата земја ќе спроведат асинхрони часови/учење на далечина на 29 и 30 април 2024 година“, соопштија властите на Фејсбук.

Одделот за образование надгледува повеќе од 47.000 училишта низ целата земја на архипелагот.

Во Тајланд, каде што најмалку 30 луѓе починаа од топлотен удар досега оваа година, метеоролошкиот оддел предупреди на „тешки услови“ откако температурите во една северна провинција во саботата надминаа 44,1 Целзиусови степени.

И во Камбоџа, Мјанмар, Виетнам, Индија и Бангладеш, синоптичарите предупредија дека температурите би можеле да надминат 40 Целзиусови во наредните денови.

Глобалните температури достигнаа рекордно ниво лани, а ОН во вторникот соопштија дека Азија се загрева со особено брзо темпо.

притисни ентер