По две години пауза, ќе продолжи прилепскиот карневал „Прочка" - Канал 5

По две години пауза, ќе продолжи прилепскиот карневал „Прочка"

 По двегодишна пауза, годинава ќе се одржи прилепскиот карневал „Прочка". 

По две години пауза, ќе продолжи прилепскиот карневал „Прочка"

На Велики-Поклади, Прочка, на 6 март, во Прилеп ќе продефилираат карневалските маски на чело со Мечкарите, традиционалната, вековна маска, препознатлива за прилепскиот карневал.

Според условите, Карневалот кој е јубилеенб, по 20-ти пат, ќе се одржи во помал обем, со домашни учесници, објаснува Ванчо Георгиев, претседател на меѓународниот карневал „Прочка".

– Имавме пауза од две години. Традицијата за „преправање", маскирање на Прочка е перманентна. Ако и годинава не го организиравме карневалот, полека-полека ќе згаснат традициите за изработката на маски. Ние ќе се потрудиме да се одржи. Секако, не во тој обем како што беше, зашто тешко е да има гости од странство. Оваа година ќе биде, претежно, републички. Ќе имаме гости од земјава и, наши, традиционални маски. Интересно е што бројот на „мечкари" е зголемен. Ќе има поголем број мечкари, бидејќи ние успеавме годинава и лани да купиме дел од опремата. Без разлика на сѐ, тие работат. Лани ги одржаа традициите со посетата на касапските куќи. Годинава ќе настапат според програмата. Мечкарите, традиционално, го отворат Прилепскиот карневал. Има најави дека и младите ќе изработат маски. На Карневалот сакаме да имаме и вип-гости, ќе ги очекуваме, барем по два-тројца претставници. И таму, во соседните земји, ни велат, имаат проблем со потврдите за преминувањето на границите, ама ќе се надеваме, објаснува Георгиев.

Прилепските мечкари се нестрпливи, сакаат да продолжи традицијата. Како што вели Тони Павлески, потпретседател на „Прилепските мечкари", веќе ги почнаа подготовките.

– Подготовките ги почнавме пред десетина дена, штом ја слушнавме најавата дека ќе се одржува Карневалот. Се надеваме дека меркиве ќе дозволат, а најавата е дека ќе биде со домашни гости. Мораме да ја одржиме традицијата. Лани, и пред тоа, немаше. Без прилепските мечкари, Карневалот не може да се одржи. Традицијата од пред двесте години ќе ја продолжиме. Еве, поради короната, се одложи и поканата за учество во Бугарија. Имаме уште една покана за учество на 25 февруари. Ако дозволуваат услвите ќе учествуваме, ќе ја претставиме традици оналната маска на Мечкарите, вели Павлески.

Според програмата за култура за оваа година што ја усвоија прилепските советници, се враќаат културните манифестации, фестивалите, работилниците, бројните манифестации. Снежана Ристеска, советник за култура во прилепската локална самоуправа вели дека се предвидени сите настани и со буџет од околу 9 милиона денари, Прилеп ја донесе годишната програма за поддршката на манифестациите од културата која предвидува поддршка на бројни настани од културата.

-Продолжува поддршката на фестивалите како што се: МТФ „Војдан Чернодрински", Фестивалот на народни инструменти и песни „Пеце Атанасовски", Мариовско-мегленските културни средби, Карневалот „Прочка", Интернационалниот детски музички фестивал „Ѕвездички", Пивофестивалот, Џез фестивалот, Културното ументичко лето, фестивалот „Силјан Штркот", Мелфест, Поетско маркукуле, Денови на Крали Марко, предвидена е помош н концерти на Културноуметнички друштва, перформанси на танцови групи, помош во издаваштвото на прилепски автори, ќе се одвојат средства и за одбележување значајни личности и празници. Програмата предвидува помош на развојот на туризмот со поддршка на значајна билатерална и меѓународна поддршка, различни форуми, на обуки и семинари и креирање стратегијски документ. Се чини дека годинашнава програма за поддршка на настаните од културата, би рекле, ја почнуваме со карневалот Прочка, објаснува Ристеска.

Во програмата е и одржувањето и на Пивофест нбалето, нбо сето, велат од локалната самоуправа, зависи од состојбите со пандемијата, со надеж дека ќе се надминат.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Драма на германски аеродром: Откриена дупка во оградата – некои летови откажани

Безбедносната ограда е пробиена на аеродромот во Лајпциг преку ноќ, а полицијата верува дека непознат автомобил влегол на аеродромскиот терен покрај руските товарни авиони „Антонов“ паркирани таму.

Драма на германски аеродром: Откриена дупка во оградата – некои летови откажани

Дупката во оградата е откриена околу 23 часот во саботата, соопшти полицијата, а портпаролката на полицијата Тереза ​​Леверенц изјави дека летовите на северната страна од аеродромот се откажани по инцидентот, објави „Билд“, забележувајќи дека бројни товарни авиони на „Амазон“ морале да слетаат на јужната писта на аеродромот во Лајпциг.

„Многу е веројатно дека возило ја пробило оградата. Сепак, за време на пребарувањето на областа преку ноќ, ниту возилото ниту неовластени лица не се пронајдени во аеродромскиот простор. Пребарувањето ќе продолжи денес, а северната писта останува затворена за воздушен сообраќај“, рече Леверенц.

Во август, истражителите открија дрон натоварен со експлозив во близина на аеродромската писта, настан за кој германските власти подоцна ја обвинија Русија, објави „Ројтерс“.

Русија ги негираше обвинувањата.

Фото: ВИ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Лишен од слобода 18 годишен кумановец, при претрес во дом пронајдено оружје, следува пријава

На 17.10.2026 во 19:15 часот полициски службеници од СВР Куманово го лишија од слобода Р.Д. (18) од Куманово. 

Лишен од слобода 18 годишен кумановец, при претрес во дом пронајдено оружје, следува пријава

При претрес во неговиот дом извршен по судска наредба биле пронајдени автоматска пушка, рамки од автоматска пушка со 44 куршуми, испукана чаура, рачно изработена направа поврзана со тајмер и батерија. По целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Голем пожар во канадска воена база: Има загинати (ВИДЕО)

Голем пожар во воена база во канадскиот град Вејнрајт уби непознат број луѓе, објави денес локалната општинска власт во тој град.

Голем пожар во канадска воена база: Има загинати (ВИДЕО)

Беше објавено дека пожарот е предизвикан од „сериозен инцидент“, а надлежните служби сè уште работат на локализирање на пожарот, објавува „CNN“.

Пожарот започнал во базата во Вејнрајт, град во источниот дел на покраината Алберта, и брзо се проширил поради силните ветрови, соопшти општината во објава на Фејсбук.

Повикот за помош дошол околу 16:00 часот, соопшти Кралската канадска коњичка полиција во Вејнрајт, а канадскиот министер за одбрана Дејвид Мекгинти потврди дека има и смртни случаи и повредени, без да даде детали.

„Пожарот на терен сè уште не е изгаснат и наскоро ќе биде покрената истрага“, додаде тој.

Канадската воена база Вејнрајт, која се наоѓа околу 210 километри југоисточно од главниот град на покраината Едмонтон, е една од најпрометните воени бази во земјата, наведено е на веб-страницата на владата.

Болниците преполни

Лекар во болница во градот Едмонтон, кој се наоѓа 180 километри северозападно од Вејнрајт, изјави за канадскиот национален јавен сервис дека пациентите се носат во болниците низ градот бидејќи здравствените установи во градот се „целосно преоптоварени“ со бројот на луѓе на кои им е потребна нега, објави Скај њуз.

„Овој број на пациенти би го преоптоварил градот Едмонтон“, изјави за „CBC News“ д-р Ворен Тирск, лекар од итна помош во болницата Ројал Александра.

„Ова е повеќе пациенти отколку што би сакал да изброи кој било од нас во овој момент. Тоа е катастрофа. Ова е катастрофа што се случува еднаш на секои 15 до 25 години.“

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер