По две децении Никол Кидман откри зошто се развела од Том Круз: Го добив Оскарот и отидов сама во кревет - Канал 5

По две децении Никол Кидман откри зошто се развела од Том Круз: Го добив Оскарот и отидов сама во кревет

Иако поминале 20 години откако освои Оскар за улогата на Вирџинија Вулф во „Часовите“, австралиската актерка, продуцентка и пејачка Никол Кидман неодамна проговори за сè низ што поминала во тие денови.

По две децении Никол Кидман откри зошто се развела од Том Круз: Го добив Оскарот и отидов сама во кревет

Таа се разведе од холивудската ѕвезда Том Круз кратко време по 11 години брак.

Таа посвои две деца, Изабела и Конор, со Том, а сега откри што довело до раскинувањето.

- Додека сè одеше одлично на професионален план, јас се мачев во личниот живот. Но, тоа се случува, нели? - Никол почна да му раскажува на авторот Дејв Каргер за неговата нова книга „50 ноќи на Оскар“.

- Си отидов дома, нарачав достава и завршив јадејќи вечера на подот од мојата хотелска соба. Седнав на подот и јадев помфрит и бургер со моето семејство, по што си легнав. Дури тогаш сè ме погоди и сфатив дека морам да најдам љубов, бидејќи ми е потребна во мојот живот. Си легнав сама, пред полноќ. Денес, ако повторно го освојам Оскарот, нема да се вратам дома 24 часа“, додаде таа.

По церемонијата на доделување награди, сите ја наговарале да им се придружи на традиционалната забава, но актерката не сакала.

- Им реков дека ќе изгледа како да се фалам, за да не се чувствувам понизно. Дека не би било во ред да одам низ толпата и да ја носам наградата наоколу. Тоа би било навистина несоодветно - рече Кидман, а потоа додаде дека на крајот сепак попуштила:

- Буквално влегов и го носев наоколу, но бев целосно скршена и емотивна, се тресев цело време и воопшто не уживав. Освен што не се извинив, што е толку глупаво. Жалам што не можев да уживам повеќе.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

НУ Драмски театар Скопје со „Гидионовиот јазол“ гостува на фестивалот РУТА на Бриони

 НУ Драмски театар Скопје со претставата „Гидионовиот јазол“ вечерва (24 август) ќе гостува на Бриони во Хрватска каде што театарот „Улисис“ е домаќин на фестивалот на Регионалната унија на театри (РУТА). 

НУ Драмски театар Скопје со „Гидионовиот јазол“  гостува на фестивалот РУТА на Бриони

Претставата ќе биде изведена во Летното кино во 21 часот.

„Гидионовиот јазол“ на режисерката Драгана Милошевски-Попова е претстава работена по текст на авторката Џона Адамс. Драматург на претставата е Викторија Рангелова-Петровска, а улогите ги играат актерките Биљана Драгиќевиќ-Пројковска и Ања Митиќ.

Гостувањето на Бриони ќе биде дваесетта изведба на претставата, која досега гостувала на неколку фестивали низ Македонија, како и во регионот на сцените на театрите членки на РУТА. На минатогодишниот 33. Меѓународен фестивал на камерен театар „Ристо Шишков“ актерката Биљана Драгиќевиќ-Пројковска за улогата на Корин Фел ја доби наградата за високо актерско достигнување.

Режисерка Драгана Милошевски-Попова во програмската белешка истакнува дека: „Претставата ‘Гидионовиот јазол’ е моќна и вознемирувачка приказна за вината, одговорноста, тагата и сложениот однос во комуникацијата, како и состојбите во образовниот систем, проблемите со кои се соочува детето низ периодот на детството. На училишна средба меѓу мајката Корин и наставничката Хедер, кој се случува по еден трагичен настан, преку деликатен, емотивно исполнет/напнат дијалог, се отвораат прашањата за детската креативност, слободата на изразување, за уметноста, за одговорноста на наставниците и за родителите, за социјалните мрежи, за врсничкото насилство, за осаменоста, преку кои постепено се разоткрива длабоката болка и се бара, па и се посочува можниот виновник“.

Авторката Џона Адамс е претставничка на новата генерација американски драмски автори. Таа е авторка на 20 драмски текстови во кои драмската структура ја гради преку исклучително јаки и богато нијансирани карактери и ги поставува во сложени меѓусебни психолошки ситуации. Друштвото на американските театарски критичари ѝ ја доделува наградата „Стинберг“ (Steinberg Award) за делото „Гидионовиот јазол“.

Претставата „Гидионовиот јазол“ е на редовниот репертоар на Драмски театар од премиерата која се одржа во мај минатата година.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Денеска нови цени на нафтените деривати

Регуалаторната комисија за енергетика денеска треба да донесе нова одлука за малопродажните цени на горивата.

Денеска нови цени на нафтените деривати

Со претходната одлука бензините поскапеа за 4,5 денари, а дизелот поскапи за 6,5 денари по литар. Во последната пресметка на регулаторна продолжена беше и примената на намелените акцизи и тоа за 2 денари кај бенизните и за 4 денари по литар кај дизелот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Новак Ѓоковиќ и Арина Сабаленка ги добија своите противници на Ју-Ес Опен

Најтрофејниот свтески тенисер во историјата Новак Ѓоковиќ и најдобрата светска тенисерка Арина Сабаленка ќе се соочат со Френсис Тиафо и Лејла Фернандез во осминафиналето на Грен слемот во Њујорк,  УС Опен во конкуренција на мешани двојки.

Новак Ѓоковиќ и Арина Сабаленка ги добија своите противници на Ју-Ес Опен

Ќе видиме како домашната публика ќе реагира на мечот против северноамериканскиот пар и кого ќе го поддржува, а според моменталната ситуација, натпреварот е закажан за утре, 25 август.

Во евентуалното четвртфинале, ги очекуваат победниците од дуелот меѓу брачниот пар Гаел Монфис и Елина Свитолина, односно Алекс Ил и Феликс Оже-Алијасим.

И Александра Круниќ би можела да се најде во главната ждрепка доколку таа и Мате Павиќ ги победат Пејтон Стернс и Кристијан Харисон.

Меѓу поинтересните парови во главната ждрепка се Карлос Алкараз и Серена Вилијамс, кои ги очекуваат своите противници од квалификациите.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер