Стојаноски: Растот на просечната старосна пензија во првите две години на Владата е 12,6 пати поголем од растот во првите две години на СДС и ДУИ
1Стојаноски: Растот на просечната старосна пензија во првите две години на Владата е 12,6 пати поголем од растот во првите две години на СДС и ДУИ
3Напад со нож во училиште во Истанбул: Средношколка нападнала основци, еден е во критична состојба (ВИДЕО)
ЖивотПо два месеци отворен трговски центар , вработените во шок (ФОТО)Трговските центри во Малезија се отворија по два месеци, а вработените беа пречекани од грозоморна глетка при отворањето на продавниците и кината.Поради фактот што вентилацијата и климатизерите во продавниците не работеле два месеци, уништени се кожни чевли, торби и многу други предмети и парчиња мебел. Мувлата навлегла во стотици предмети во трговски центар во Малезија, а на својот фејсбук профил страшните фотографии ги објави еден Малезиец. На сликите е прикажана огромната штета предизвикана од исклучената вентилација. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЕК предлага квалификувано мнозинство, наместо едногласност за време на преговорите по кластери17:59Пензискиот систем е под контрола, уверува премиерот Мицкоски15:08Македонија привремено ја одложи имунизацијата на БСЖ вакцината15:00Мицкоски: Стабилен е пензискиот систем11:16 Намалени цените на горивата: Бензините за 1,5 денар, дизелот за 3 денари по литар08:34
МакедонијаСтојаноски: Растот на просечната старосна пензија во првите две години на Владата е 12,6 пати поголем од растот во првите две години на СДС и ДУИРастот на просечната старосна пензија во првите две години на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ е 12,6 пати поголем од растот во првите две години на СДС и ДУИ.Зголемени пензии. Да направиме една кратка анализа на покачувањето на пензиите во првите две години од мандатот на владата на ВМРО - ДПМНЕ и владите на коалицијата СДСМ/ДУИ. Бројките најдобро ја покажуваат разликата кога ќе ги споредиме првите две години од двете влади, а ќе ја споредуваме просечната старосна пензија. СДСМ – ДУИ. јуни 2017 – јули 2019. 15.273 денари → 15.813 денари. раст: само 540 денари. ВМРО-ДПМНЕ. јули 2024 – мај 2026. 22.858 денари → 29.663 денари. раст: 6.805 денари. 6.805 ÷ 540 = 12,6 ПАТИ ПОГОЛЕМ РАСТ НА ПРОСЕЧНАТА СТАРОСНА ПЕНЗИЈА ! За приближно ист временски период, растот на просечната старосна пензија во првите две години на владата предводена од ВМРО - ДПМНЕ е 12,6 пати поголем од растот во првите две години на СДСМ и ДУИ. 540 денари наспроти 6.805 денари или 296 денари наспроти 22 денари месечен раст. Тоа е разликата што ја покажуваат бројките. Наредната анализа ќе биде споредбата за покачувањето на пензиите во периодот од седум години влада на СДСМ/ДУИ и две години влада на ВМРО - ДПМНЕ и коалицијата, објави на ФБ Бојан Стојаноски од ВМРО-ДПМНЕ. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаФондот на ПИОМ ја демантира изјавата на нивниот директор Мемов Фондот на ПИОМ ја известува јавноста дека наводите за наводна изјава на директорот Никола Мемов — дека „доколку се продолжи вака, Фондот нема да издржи“ — се целосно неточни и паушални.Токму спротивното е вистината. Директорот Мемов во сите свои јавни настапи доследно потенцира дека исплатата на пензиите е сигурна и се реализира редовно, секој први во месецот. Никогаш не била доведена во прашање стабилноста и одржливоста на фондот, како и исплатата на пензиите. Пензионерите се сведоци дека своите пензии ги добиваат секој први во месецот. Ова тврдење се заснова врз постојното законско решение, според кое државата го надополнува евентуалниот недостаток на средства во Фондот, што значи дека државата е директен гарант за сигурната и навремена исплата на сите пензии. Фондот на ПИОМ укажува дека: ·Со реформата од 2005 година е формиран вториот пензиски столб, во кој се одлеваат 6 проценти или околу 1/3 од вкупниот придонес за пензиско осигурување (кој изнесува 18,8% од бруто-платата). ·При креирањето на овој систем, државата уште тогаш предвидела дека ќе се појави системски недостиг на средства за исплата на пензиите во Фондот. Поради тоа, во Законот за пензиското и инвалидското осигурување експлицитно е предвидено тој дефицит да се покрива директно од Буџетот на државата. Раководството на Фондот и директорот Никола Мемов, постапувајќи како одговорен менаџмент, ги анализираше состојбите во пензискиот систем и ги констатираше аномалиите на системот кои се провлекуваат со децении наназад, а кои стимулираат неплаќање на придонесите за пензиско осигурување и неправичност при определувањето на пензиите. За таа цел изготвена е детална анализа за која се дискутира во Министерството за социјална политика, демографија и млади. Дополнително, релевантните меѓународни финансиски институции, како Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) и Светска банка, укажуваат дека е неопходна реформа на пензиските системи — не само во Македонија, туку и во повеќе земји членки на ЕУ. Фондот на ПИОМ потенцира дека нема надлежности во изготвувањето на законски решенија, таа надлежност е на Министерството за социјална политика, демографија и млади. Фондот може да дава свои стручни мислења, предлози, анализи и сугеститии како да се подобри пензискиот систем во Македонија и е должен да ги спроведува законските задолженија. Фондот на ПИОМ во целост ги имплементира и ги поддржува политиките и мерките на Владата во сферата на пензискиот систем. Фондот на ПИОМ уште еднаш категорично подвлекува дека во ниту еден случај нема изјава со која се тврди дека пензискиот систем е нестабилен или дека може да биде доведена во прашање исплатата на пензиите, соопштуваат од ПИОМ.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
БалканНапад со нож во училиште во Истанбул: Средношколка нападнала основци, еден е во критична состојба (ВИДЕО) Средношколка нападнала ученици со нож во дворот на основно училиште во истанбулската населба Башакшехир.Осум деца се повредени и сите се однесени во болница. Едно дете е во критична состојба, јавува Анадолу. Нападот се случил во дворот на основното училиште „Кајашехир Шејх Шамил Имам Хатип“. Според досегашните информации, ученичката Ф. М. (родена во 2011 година), која учи во средно училиште во населбата Кучукчекмеџе, влегла во училиштето во униформа и нападнала деца со нож. Напаѓачката живее во близина на училиштето во кое провалила. Таа била совладана од обезбедувањето на училиштето, а потоа предадена на полицијата и приведена. ❗️🇹🇷#LATEST: 8 students injured in stabbing at Istanbul middle school Eight students were injured in a stabbing attack at a school in #Istanbul’s #Basaksehir district. The incident occurred on October 6 at Şeyh Şamil İmam Hatip Middle School in the Kayaşehir area. According to the report, a 15-year-old female student who attends another school came to the school and attacked other students with a knife. Eight students were injured in the incident and taken to hospital. — APA News Agency (@APA_English) October 6, 2026 Состојба на повредените Гувернерот на Истанбул, Давут Ѓул, и началникот на полицијата, Селами Јилдиз, ги посетиле повредените ученици во градската болница Башакшехир Чам ве Сакура. Гувернерот Ѓул известил дека вкупно осум деца се повредени. „Пет деца имаат полесни повреди и очекуваме нивното лекување да биде завршено во текот на денот. Двајца ученици се под надзор, но нивната состојба се подобрува. Едно дете во моментов е оперирано и, со оглед на тоа што постапката е во тек, не можеме да правиме дополнителни проценки“, рече Ѓул. Министерот за здравство Кемал Мемишоглу објави на социјалните мрежи дека осум повредени лица се лекуваат во болници. Тој потврди дека едно дете е во критична состојба, а две се во умерена до тешка состојба. Покрената е истрага, наставата е прекината Министерството за образование потврди дека напаѓачот е уапсен како ученик во 10-то одделение. Во соопштението за медиумите се наведува дека по настанот, сите надлежни државни институции презеле потребни мерки и дека е покрената судска и административна истрага. Делегација на министерството е испратена во Истанбул, а двајца образовни инспектори се назначени за да ги истражат сите околности на настанот. Тимовите за психосоцијална поддршка почнаа да работат со ученици, наставници и родители. Наставата во училиштето е прекината за денес и утре. Канцеларијата на главниот државен обвинител во Кучукчекмеџе објави дека веднаш е покрената истрага со цел целосно да се расветли случајот. Судот забрани известување за нападот Советот за радиодифузија (RTÜK) објави дека со судска одлука е воведена забрана за емитување вести за нападот. Одлуката е донесена со цел да не се меша во истрагата и да се зачува јавниот ред. Според одлуката, објавувањето на какви било вести, интервјуа или анализи во печатени, електронски и социјални медиуми е забрането сè додека не се заврши истрагата.Тагови: Истанбул нож Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЕК предлага квалификувано мнозинство, наместо едногласност за време на преговорите по кластери17:59Пензискиот систем е под контрола, уверува премиерот Мицкоски15:08Македонија привремено ја одложи имунизацијата на БСЖ вакцината15:00Мицкоски: Стабилен е пензискиот систем11:16 Намалени цените на горивата: Бензините за 1,5 денар, дизелот за 3 денари по литар08:34