По два дена расправа Собранието го донесе Буџетот за 2026 година - Канал 5

По два дена расправа Собранието го донесе Буџетот за 2026 година

По два дена расправа, Собранието денеска го донесе Буџетот за 2026 година. Поддршка дадоа 71 пратеник, 14 беа против, а воздржани немаше. 

По два дена расправа Собранието го донесе Буџетот за 2026 година

Буџетот за 2026 година тежи отприлика 6,7 милијарди евра и во него растот на БДП е проектиран на 3,8 проценти, а инфлацијата на 2,5 проценти. Вкупните приходи треба да изнесуваат 374,9 милијарди денари, расходите 414,2 милијарди денари, а буџетски дефицит 39,2 милијарди денари или 3,5 проценти од планираниот БДП.

За пратениците од власта овој буџет обезбедува поддршка за бизнисот, ги штити пензионерите со зголемување на пензиите и носи силен инфраструктурен бран со изградба на патишта, училишта, градинки... - Тоа се реани проекти кои ќе им донесат подобар живот на граѓаните, рекоа пратениците од власта.

Според опозицијата, Буџетот содржи нереални проекции и служи само за добивање на политички поени. Посочија дека за првпат доцни исплатата на социјалната помош, туѓата нега, исплатата на МојДДВ, а стагнираат и платите, иако власта се фали со раст на БДП во третиот квартал. Нагласија дека имаме најниска минимална и просечна плата во регионот и обвинија дека Владата не сака да се фати со решавање на проблемот со растот на минималната плата и затоа ги пушта за тоа да се договорат синдикатите и работодавачите. - Никогаш за зголемување на минималната плата нема да се договорат ако седнат само синдикатите и работодавачите. Затоа тука треба да биде Владата, рекоа од опозицијата.

Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска вчера во своето експозе пред пратениците рече дека проекциите за 2026 година укажуваат на континуитет на економската стабилност и раст, заснован на одговорни фискални политики, инвестиции во инфраструктура и човечки капитал, како и поттикнување на продуктивноста и конкурентноста на домашната економија.

- Буџетот е изготвен врз основа на постигнатите економски резултати и очекувањата за продолжување на позитивните трендови. Водевме сметка за реалноста во проекциите, економичноста и ефективноста во планирањето, со цел да обезбедиме стабилен развој, редовно функционирање на институциите и навремена исплата на сите обврски. Овој Буџет не е само документ со бројки и табели – тој е економска порака за стабилност, доверба и развој. Јасна потврда за одговорното управување со јавните финансии кое го воспоставивме и го продолжуваме со полн капацитет, рече Димитриеска-Кочоска.

Во тек на расправата за буџетот во матичната Комисија за финансирање и буџет од околу 200 амандмани беа прифатени шест. Со нив се обезбедуваат средства за: кадровско зајакнување на Оперативно-техничката агенција, реконструкција и проширување на натпатникот на патниот правец Штип–Чардаклија, отворање три психосоцијални центри за млади, опремување на службите за итна помош со комплети за прва помош и кислородни боци и реконструкција и внатрешно уредување на спортската сала во ОУ „Гоце Делчев“ – Гостивар.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Бесплатни скрининзи за рак на простата во „Железничар“

„Едно боцкање спасува живот, редовни контроли за навреме да се открие дали има заболување“, изјави Клековски.

Бесплатни скрининзи за рак на простата во „Железничар“

Во здравствениот дом „Железничар“ од овој четврток до крај на месецот ќе има бесплатни тестирња за рак на простата. Бесплатниот скриниг е наменет за мажи над 45 години и ќе се спроведува во рамки на кампњата „Мовембер“, месец кога мажите треба да направат контрола и да разговраат доколку имаат проблеми. Најчесто голем дел од мажите не сакаат да говорат за своите проблеми и затоа треба да има зголемена свестност.

„Треба да се работи на свесноста, редовните прегледи е здравје за себе, но и мира за целото семејство“, изјави Влатко Ужевски.

Од здравствениот дом објаснуваат дека секоја година се зголемува бројот на заинтересирани се зголемува но и кај голем дел од пациентите навреме се реагира доколку има отстапки во испитувањата.

Министерот Клековски посочи дека ќе се работи на подоборување на системите за закажување на прегледи и исто така вакви акции ќе има и во другите градови во Македонија.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Државните компании со план за задржување на цената на струјата, конечниот збор кај ЕВН и МЕПСО

Владата нема да бара покачување на цената на електричната енергија и покрај алармантната состојба на светските берзи, но дали и колку таа ќе се зголеми ќе зависи и од ЕВН и МЕПСО.

Државните компании со план за задржување на цената на струјата, конечниот збор кај ЕВН и МЕПСО

Ова денеска го најави премиерот Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање дали граѓаните од 1 јануари ќе плаќаат поскапа струја. Тој посочи дека е договорено АД ЕСМ на јавниот повик на ЕВН Хоум да достави понуда со иста цена како минатата година.

– Што се однесува до државата ние ќе се обидеме да останеме на нула, односно да нема поскапување. Направивме еден бизнис план со кој што нема да бараме покачување на цената на струјата, производот ќе биде со иста цена, зборувам како државни компании, државна компанија е АД ЕСМ и на крајот од 2027 година ќе целиме на профит, кој што би го остварила оваа компанија, таков е овој бизнис модел што го креиравме и да видиме сега дали ќе функционира,- изјави премиерот Христијан Мицкоски.

За разлика од струјата, кај парното поскапувањето ќе биде неизбежно. Мицкоски рече дека барањето за покачување на цената е значително, особено поради трикратно повисоката цена на гасот во однос на истиот период лани, но дека Владата ќе се обиде поскапувањето да го сведе на минимум.

- Што се однесува до топлификација, тука се бара поскапување, многу големо. Цената на гас е трипати поголема од минатогодишната цена за ист период, но и тука ќе се бориме да нема алармантно зголемување на цената, односно да биде во рамките на нешто што максимум, односно минимум . може да се издржи и со тоа ќе бидеме земја со убедливо најниски цени на дизел и безоловниот бензин горивата и електричната енергија и затоплувањето во Европа,- ,- изјави премиерот Христијан Мицкоски.

Премиерот кажа и дека го добиле одговорот на студентите за промена на моделот на финансирање на студентскиот оброк. Најави дека повисок износ ќе добиваат од следната учебна година, а во тек е и активирањето на онлајн платформата М-Услуги, преку која ќе го остваруваат ова право. Дополнително, студентите ќе можат да користат и попусти во одредени угостителски објекти.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Натпросечно високи температури – од утре големо заладување

Невообичаено високите температури за овој период од годината и честите временски промени сè повеќе се одразуваат врз секојдневието на граѓаните. 

Натпросечно високи температури – од утре големо заладување

Иако сме во средината на ноември, Температурите повеќе наликуваат на пролетни. Граѓаните, посебно повозрасните велат дека ваквите температурни осцилации им прават здравствени проблеми.

Дополнително, наглите температурни разлики можат да предизвикаат тегоби, особено кај хронично болните, повозрасните и лицата со кардиоваскуларни проблеми. Главоболки, вртоглавици и промени во крвниот притисок се дел од тегобите што можат да се појават при температурни осцилации. Лекарите предупредуваат дека ваквите промени можат да ги погодат и помладите, а не само повозрасните граѓани.

„Сведоци сме дека изминатиот период имаме доста варијации на температурата...Вчера,денешниот ден, утре се очекува и пад на температурите. 00:48 Секоја популација е засегната од ваква разлика на температурите , најчесто е популацијата којашто се во оние ризични години од 40 до 60, но засегнати се и помладите.Кога имаме промена на температурите најчести симптоми се вртоглавици, главоболката може да се јави и поспаност, губење на концентрација,Но. Бидејќи периодов е сезона на грип кадешто имаме доста вируси , доста се испреплетени симптомите покрај главоболка, може да се јави и покачена температура, болка во грлото“-– докторка, Итна медицинска помош.

Но, топлото време среде ноември нема долго да се задржи. Метеоролозите најавуваат голем пресврт. Веќе од утре ни следува заладување.

Инаку, силниот ветер, кој синоќа на места беше над 80 километри на час, предизвика помали штети. Во близина на црквата „Св. Богородица“ во скопје, голема гранка падна врз автобуска постојка.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер