Голем пресврт: Азија го поддржа Инфантино, се очекува негова победа на изборите за претседател на ФИФА
1Голем пресврт: Азија го поддржа Инфантино, се очекува негова победа на изборите за претседател на ФИФА
БалканПо драмата во Подгорица, Црна Гора итно го укинува безвизниот режим со Турција- приведени 45 Турци Премиерот на Црна Гора, Милојко Спајиќ, синоќа објави дека денеска ќе донесе одлука за привремено укинување на безвизниот режим за турските граѓани по итна постапка.„За да се зачува економската активност и добрите билатерални односи, во наредниот период ќе иницираме интензивни разговори со Република Турција со цел да се најде најдобриот модел во заеднички интерес во духот на добрата соработка и сојузништвото“, напиша Спајиќ на „X“. Синоќа беше воведена вонредна состојба во подгоричката населба Забјело, каде што полицијата спроведе рации откако синоќа во таа населба беше претепан и избоден жител на Подгорица, М. Ј., додека од друга страна, бројни жители на таа населба, револтирани од синоќешниот чин на насилство, се собраа и во неколку наврати извикуваа навредливи пароли против Турците. На местото на настанот беа голем број полицајци и инспектори, а беа контролирани неколку локации во тој дел од градот. Репортер на Телевизија Вијести објави дека тројца турски државјани дури се забарикадирале во казино откако, според очевидци, група мештани се обиделе физички да се соочат со нив. По изнесувањето од казиното, полицијата привела двајца турски државјани, а според неофицијални информации од Телевизија Вијести, еден од нив е осомничен дека е вмешан во синоќешниот напад. После тоа, групата граѓани почнала да се растерува. Претходно, Вијести објави дека полицијата во Подгорица трага по тројца напаѓачи кои, доцна синоќа, во населбата Забјело во Подгорица, тешко го повредиле и избоделе жителот на Подгорица М. Ј. „Синоќа, околу 00:30 часот, јавниот ред беше нарушен од тепачка во која учествуваа неколку лица во угостителски објект во Забјело, во која беше употребено ладно оружје - нож, при што едно лице се здоби со телесни повреди во пределот на градите и раката. По понатамошни полициски и обвинителски мерки и дејствија, ќе се изврши правна квалификација на горенаведеното дело и ќе се процени евентуалната одговорност“, соопшти Полициската управа. Додадоа дека земајќи ги предвид настаните со елементи на насилство во последните 24 часа во кои учествуваа турски државјани кои привремено престојуваат на територијата на Подгорица, како и предизвикувањето на инцидентите на повеќе локации, службеници на Регионалниот центар за безбедност „Центар“, Секторот за гранична полиција и Регионалниот центар за гранична полиција „Центар“ спроведуваат координирани активности на територијата на Подгорица, во кои се приведени околу 45 лица - турски државјани. „Службениците на Полициската управа ќе ги проценат причините за престојот на споменатите лица, оправданоста и законитоста на престојот, како и елементите на нивното насилство што се појавиле за време на нивниот престој, по што ќе следат репресивни мерки и ќе се оценува откажувањето на престојот и протерувањето на странците. Службениците на Полициската управа бескомпромисно ќе продолжат со зголемената контрола на престојот на странците на територијата на Црна Гора во согласност со Законот за странци и ќе преземат репресивни мерки и дејствија против странците кои не ги почитуваат прописите и законите на Црна Гора и во краток временски период ќе го откажат нивниот престој и ќе ги депортираат од земјата“, заклучува Полициската управа.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаОбвинителството отвори постапка за измами на граѓани со т.н. “кубански вакцини”Основното јавно обвинителство Велес, постапувајќи во оформен предмет против едно лице за кривични дела – Измама од член 247 и Надрилекарство од член 209 од Кривичниот законик, обезбеди наредби за претреси на повеќе локации.Се постапува за обезбедување докази во однос на сознанијата дека осомничениот, со намера да прибави противправна имотна корист, довел во заблуда повеќе лица, лажно нудејќи им “кубански вакцини” против рак. При претрес на работното место на осомничениот во Велес, пронајдени се докази кои ќе бидат предмет на вештачење. Одземени се и електронски уреди, а се преземаат и други дејствија на проверки. Надлежниот јавен обвинител врши распити на оштетени и други лица кои би можеле да имаат сознанија важни за целосно испитување на настанот. Основното јавно обвинителство Велес до судот достави и предлог за определување на мерки на претпазливост – одземање на патната исправа и обврска на осомничениот да се јавува во Судот. Лицето во моментов е хоспитализирани во медицинска установа, каде му е врачено решението за определување на мерките. Како што пристигнуваат дополнителни информации и сознанија, Јавното обвинителство и МВР продолжуваат да преземаат дејствија за обезбедување докази, соопштуваат од Обвинителството.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ТехнологијаБританска банка укинува 5.000 работни места поради воведување вештачка интелигенција Британската банка Барклис денес објави дека отпушта околу 5.000 работни места, или приближно пет проценти од вкупната работна сила.Британската банка Барклис денес објави дека отпушта околу 5.000 работни места, или приближно пет проценти од вкупната работна сила, како дел од програмата за намалување на трошоците, делумно водена од поголемата употреба на вештачка интелигенција. Главната финансиска директорка Ана Крос изјави дека околу 1.000 отпуштања веќе се спроведени, додека преостанатите 4.000 се очекуваат до крајот на годината, објавува Гардијан. Според менаџментот, инвестициите во технологија и вештачка интелигенција ја зголемуваат продуктивноста на вработените и ги поедноставуваат деловните процеси. Банката планира дополнително да ја подобри оперативната ефикасност со заштеди од околу 1,1 милијарди фунти во текот на 2027 година. Во третиот квартал од 2026 година, Барклис оствари добивка пред оданочување од 2,3 милијарди фунти, или околу 2,75 милијарди евра, што е за 12 проценти повеќе отколку во истиот период минатата година. Вкупните приходи на банката се зголемија за 3 проценти на годишно ниво на 7,4 милијарди фунти, или повеќе од 8,8 милијарди евра. Приходите од тргување со обврзници на „Барклис“ се намалија за 19 проценти, што е полошо од падот од 5 проценти забележан кај американските банки, а извршниот директор на банката, Ц.Е. Венкакришнан, изјави дека е разочаран од резултатите. Банката објави нов откуп на акции во вредност од 500 милиони фунти, со што вкупниот износ вратен на акционерите оваа година достигна 2,8 милијарди фунти, или околу 3,34 милијарди евра. „Барклис“ се подготвува и за можно зголемување на данокот на банките во Велика Британија, за кое се очекува владата во Лондон да одлучи како дел од буџетот што ќе биде презентиран на 28 октомври.Тагови: банка вештачка интелигенција Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветИзраел ѝ нареди на војската да се подготви за целосно затворање на Западниот брег Израел ѝ нареди на својата војска да се подготви за целосно блокирање на Западниот Брег по нападот во кој беа повредени пет Израелци.Канцеларијата на премиерот Бенјамин Нетанјаху соопшти дека им наредила на безбедносните сили да го блокираат Хеброн и да бидат подготвени целосно да ја затворат целата палестинска територија. Наредбите дојдоа откако израелската војска соопшти дека убила двајца вооружени лица и спречила „терористички напад“ во кој биле повредени неколку лица. Војската соопшти дека вооружените лица носеле пушка М16 и пиштол. Не е јасно кој бил целта на наводниот напад, а идентитетот на убиените и повредените сè уште не е потврден.Тагови: Западниот Брег Израел Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter