3Продолжувањето на дијалогот со Бугарија е позитивен чекор, но се уште не сме блиску до решение – оценува академик Попов
Други спортовиПо десетгодишна пауза Македонија домаќин на ЕП во кајак Македонската кајакарска федерација од 3 до 6 јули ќе го организира Европското првенство во кајак за јуниори и сениори до 23 години, настан кој во нашата држава се случува по пауза од една деценија.На првенството се најавени повеќе од 400 кајакари од 35 држави, а доделената организацијата на Македонија е признание за вложувањата на државата во спортот. - Да се биде домаќин на овој настан е чест и голема обврска. Но, само поради подготвеноста на државата и стекнатото искуство од претходните купови, ни беше доделена оваа привилегија. Европското првенство е нешто што го посакувавме долго време. Среќни сме што во Македонија ќе се случува вакво нешто, истакна на денешната прес-конференција Атанас Николовски, спортскиот директор на Кајакарската федерација на Македонија. Настаните од ваков тип се секогаш безрезервно подржани од Агенцијата за млади и спорт, па така и на ова европско првенство тие се јавуваат како генерални покровители. - Да се организира Европско првенство, не е мала работа. Затоа, Агенцијата за Млади и Спорт, повторно и дава безрезервна поддршка на Кајакарската федерација на Македонија, која е организатор на оваа манифестација и која верувам дека успешно ќе си ја реализира зададената задача, рече директорот на Агенцијата за Млади и Спорт, Марјан Спасески. Тој додаде дека сите подготовки се завршени и првенството може да почне веднаш, иако до стартот има уште еден месец. Со оваа прес-конференција се најави и почетокот на настанот „Спорт Сити Дејс“ во Скопје Сити Мол, настан наменет за промоција на спортот во Македонија. - Во текот на денешниот ден, сите посетители ќе имаат можност да дознаат нешто повеќе за триесеттината федерации изложувачи, како и да дознаат нешто повеќе за нивните успеси преку музеите со пехари и медали кои се поставени. Од утре, до недела, сите заинтересирани ќе можат да си ја пробаат кондициската подготвеност, заедно со тренерите од „Кросфит Скопје“, преку сите интересни содржини кои ги подготвивме за нив.“ изјави Борче Боев, генералниот секретар на спортските федерации во Македонија. Инаку, Европското првенство во кајак на диви води официјално ќе се отвори на 2 јули кога ќе има свечено дефиле на сите држави учесници, а натпреварите ќе се одржуваат на патеката „Матка“ крај Скопје.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ТенисСтрашна повреда на италијанска тенисерка: Ногата ѝ пропадна во земјениот терен (ВИДЕО)Италијанската тенисерка Елеонора Алвизи претрпе една од најтешките повреди на тениската турнеја оваа година и мораше да се повлече од натпреварот во Санта Маргарита ди Пула, турнир на ИТФ.Во тајбрејкот во вториот сет против шведската противничка Елизабет Ског, таа се обиде да влезе на теренот и да стигне до топка, но се сопна на куп земјена подлога и заврши на земја. Повредата на коленото веднаш беше јасна, а судијата истрча за да види што точно се случува. Италијанката беше изнесена од теренот, а ќе видиме дали 23-годишната ќе може да се натпреварува до крајот на сезоната. La italiana Eleonora Alvisi se acaba de lesionar de la rodilla. Por su reacción (no pongáis el volumen muy alto) no tiene muy buena pinta… https://t.co/zMcKxr5VkM — Iván Sánchez (@WTAIvan) October 13, 2026 Таа влезе меѓу првите 1000 на овој турнир, но нејзиното видео привлече големо внимание во врска со подготовката на самиот земјен терен.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаСиљановска-Давкова со Баренбаум: Историската вистина за македонските Евреи мора да се зачува Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска го прими д-р Мајкл Баренбаум, истакнат професор по еврејски студии и експерт за Холокаустот, кој во март годинава ја придружуваше за време на посетата на Меморијалниот комплекс „Треблинка“ во Полска.На средбата присуствуваа Горан Садикарио, директор на Фондот на холокаустот на Евреите од Македонија, Љиљана Мизрахи и Тодор Чепреганов. Сиљановска-Давкова укажа на опасноста од историски ревизионизам, минимизирање и негирање на Холокаустот и од антисемитизам. За неа, Треблинка каде што биле убиени 7.144 македонски Евреи, односно 98 проценти од македонската еврејска заедница е длабоко потресно искуство, но и споменик што сведочи за историските факти, како и причина за прераснување на одбележувањето во традиција. Претседателката му се заблагодари на Баренбаум за експертското и човечко ангажирање во одбраната на историската вистина за Холокаустот врз македонските Евреи, особено за аргументираната заложба да се сочува автентичниот натпис на спомен-плочата во Треблинка, наспроти обидите за негова измена. За професорот, присуството на Претседателката, пратеници и претставници на македонската Eврејска заедница на одбележувањето на 11 Март - Денот на депортацијата на македонските Евреи, во Треблинка, е од исклучителна важност. Баренбаум потсети дека со испишувањето на имињата на македонските Eвреи на ѕидот во Меморијалниот комплекс, секоја жртва ќе добие траен спомен и заслужена заштита од заборав. Тој укажа на важноста од документирање на историјата и едукација на младите генерации за Холокаустот во сите степени од образовниот процес, како и организирање студентски посети на Меморијалниот комплекс во Треблинка. Директорот на Меморијалниот центар на холокаустот на Евреите од Македонија информираше за тековните активности, меѓу кои и иницијативата за формирање на едукативен институт во негови рамки, како и за утрешната изложба посветена на еврејските партизани во Скопје, соопштуваат од Кабинетот.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиБугарија не сака да ја екстрадира Ива Михајлова во Македонија, потерницата од Интерпол не им е важна 17:26Се чешла медицинската документација на Ива Михаилова – како било констатирано дека нема услови за лекување во Македонија?15:00Клековски: Нема здравствен случај кај Михаилова, бегството е поради доаѓањето на бугарскиот конзилиум кој ќе го потврдеше тоа13:11МВР распиша меѓународна потерница по Ива Михаилова08:3930 дена притвор за Михаилова, распишана е и меѓународна централна потерница поради убиството на Дурмиши 16:32
Бугарија не сака да ја екстрадира Ива Михајлова во Македонија, потерницата од Интерпол не им е важна 17:26
Се чешла медицинската документација на Ива Михаилова – како било констатирано дека нема услови за лекување во Македонија?15:00
Клековски: Нема здравствен случај кај Михаилова, бегството е поради доаѓањето на бугарскиот конзилиум кој ќе го потврдеше тоа13:11
30 дена притвор за Михаилова, распишана е и меѓународна централна потерница поради убиството на Дурмиши 16:32
МетеоУтре сончево време со температура до 20 степени Времето утре ќе биде сончево со мала до умерена облачност, соопштуваат од УХМР. МАКСИМАЛНА ТЕМПЕРАТУРА 4 Попова Шапка, 8 Маврови Анови, 9 Крушево, Берово, 13 Крива Паланка, Претор, Прилеп, 14 Битола, Охрид, 16 Струмица, Виница, Штип, Тетово, 17 Кавадарци, Скопје Петровец, Скопје – Зајчев Рид, Демир Капија, Велес, 18 Гевгелија. ВРЕМЕТО ДЕНЕСКА И ДО КРАЈОТ НА ДЕНОТ Времето денес беше променливо облачно со сончеви периоди. Наместа дуваше засилен до силен ветер, кој во источните делови повремено достигнуваше брзина од 60 km/h. Во вечерните часови и во текот на ноќта ќе биде умерено облачно. Ќе дува засилен ветер од северен и северозападен правец. ВРЕМЕТО УТРЕ Сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен до засилен ветер од северозападен правец, кој долж Повардарието ќе надминува брзина од 60 km/h. Минималната температура ќе биде во интервал од 0 до 9, а максималната ќе достигне од 12 до 20 степени. Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен, во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 6, а максималната ќе достигне до 15 степени. ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ Следува период на променливо облачно и стабилно време, освен во петок кога ќе има слаби локални врнежи од дожд кои на повисоките планини ќе бидат од снег. Утре ќе дува засилен до силен ветер од северен правец, а од петок до крајот на периодов, ќе дува слаб до умерен северен ветер, кој ќе биде поизразен долж Повардарието.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter