3Лашкоска во Радовиш: Со инвестиции во водната инфраструктура до побезбедна животна средина и подобри услови за граѓаните
БалканПо четврти пат денеска е прекината конститутивната седница на собранието на Косово Конститутивната седница на Собранието на Косово денеска е прекината, по четврти пат, откако Самоопределување на Албин Курти побара дополнително време за да се избегне повторување на ситуацијата од 19 април.Конститутивната седница на Собранието на Косово денеска е прекината, по четврти пат, откако Самоопределување на Албин Курти побара дополнително време за да се избегне повторување на ситуацијата од 19 април, кога кандидатот на партијата за претседател на Собранието, Албуљена Хаџиу, не доби доволно гласови за да биде избрана. Седницата ќе продолжи во среда во 10 часот. Пратеникот на Ветевендосје, Глаук Коњуфца, рече дека партијата повторно ја номинира Хаџиу и побарале дополнително време бидејќи, како што рече, другите партии се изјасниле дека нема да гласаат за неа, пренесе Телеграф. Хаџију на 19 април во два круга гласање не го освои потребниот број гласови за да биде избрана, бидејќи за неа гласаа 57 пратеници, а за да биде избрана за претседател на Собранието на привремените институции, кандидатот треба да освои просто мнозинство или најмалку 61 глас. Конститутивната седница на Собранието на Косово беше прекината и на 15 и на 17 април кога не беа потврдени мандатите на пратениците, бидејќи албанските опозициски партии гласаа против извештајот на Комисијата за верификација на мандатите, со кој бараа членовите на актуелната влада да поднесат оставки пред да дадат заклетва како пратеници. На изборите одржани на 9 февруари, Ветевендосје освои 48 пратенички места, Демократската партија на Косово 24, Демократскиот сојуз на Косово 20, Алијансата за иднината на Косово и иницијативата Нисма осум, Српската листа девет, Партијата за слобода, правда и опстанок еден, а преостанатите 10 непретставнички места се на другите заедници.Тагови: Косово прекината Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаОпозициски пратенички прашања денеска на седница во Собранието Пратенички прашања од пратениците од редовите на опозицијата, денеска на собраниска седница. Планирани се вкупно 15 точки, каде пратениците меѓудругото ќе расправаат и за предлог-законот за изменување и дополнување на законот за приватизација и закуп на градежното земјиште во државна сопственост во второ читање. На дневен ред се и неколку предлог-закони по скратена постапка како предлог-законот за изменување и дополнување на законот за градењето, и дополнување на законот за здравственото осигурување.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаНајголем број на странски туристи во земјава се турски државјани, по нив се граѓани на Србија Најголем број странски туристи во септември во земјава дошле од Турција - вкупно 27.933. По нив во бројност се туристите од Србија со 8.358, потоа од Германија со над 6.000 и Полска со над 4.600 туристи. Вкупно 136.305 туристи се евидентирани во земјава во септември годинава, а од вкупниот број туристи, скоро 25 проценти биле домашни, додека 75 проценти биле странски туристи. Споредбено со периодот јануари – септември 2025 година, вкупниот број туристи е зголемен за 3 проценти притоа, бројот на домашните туристи бележи раст од 2,8 проценти, а на странските за 3 проценти, покажуваат податоците на државниот завод за статистика.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Рецепти„Гответе со Дракче“ - Пилешка салатаВо четврток (05.11.2026) во емисијата гостин ни бeше Иван Милевски.Состојки за денешниот рецепт: 250 гр. пилешки стек 5 - 6 кисели краставички 100 гр. сусам 150 гр. мајонез масло сол, бибер и др. зачини по избор Прилог потпечени лепчиња и шери домати Погледнете како се подготвува овој рецепт:Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook