По Chat GPT, компанијата Open AI претстави нов изум, но не е достапен за сите - Канал 5

По Chat GPT, компанијата Open AI претстави нов изум, но не е достапен за сите

Open AI ја претстави новата алатка Voice Engine.

По Chat GPT, компанијата Open AI претстави нов изум, но не е достапен за сите

За 15 секунди нечиј глас може да генерира - во овој случај клонира - аудио снимка

Од компанијата велат дека со нетрпение очекуваат дискусии за предизвиците што ги носи новата алатка базирана на вештачка интелигенција.

Калифорниската компанија Open AI претстави нова алатка Voice Engine која што може да го клонира секој човечки глас доколку се достапни само 15 секунди од вистинскиот глас на таа личност.

Според компанијата, Voice Engine за прв пат бил развиен во 2022 година и неговата почетна верзија била искористена за претворање на текст во говор за потребите на моделот Chat GPT AI.

На веб-страницата Open AI се објавени неколку аудио примери на вистинскиот човечки глас и неговите синтетички копии генерирани од вештачката интелигенција.

Компанијата објави дека оваа моќна технологија засега нема да биде јавно достапна поради можни опасности и злоупотреби.

„Гласовниот мотор е продолжение на нашите напори да ги разбереме границите на технолошкиот развој и да ги споделиме со јавноста можностите на вештачката интелигенција“, се вели во соопштението за печатот на Open AI.

Компанијата соопшти дека со нетрпение очекува да разговара за предизвиците и можностите на новата технологија за клонирање глас.

„Важно е луѓето ширум светот да разберат каде води оваа технологија, без разлика дали ние самите ја прифаќаме нашироко или не“, заклучуваат од Open AI.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Голем собир на студентите во центарот на Белград- говорниците на бината носеа Устав на Србија (ВИДЕО)

Завршниот предизборен митинг на студентската листа „Студенти побеѓују“, под името „Победата повикува“, започна вечерва на плоштадот Славија во Белград.

Голем собир на студентите во центарот на Белград- говорниците на бината носеа Устав на Србија (ВИДЕО)

Во 18 часот, плоштадот веќе беше полн, а толпата палеше факели и светла на своите мобилни телефони и извикуваше „Вучиќ го нема“.

„За 150 години, некој ќе каже: Промената започна тука!“

Говорите во Славија завршија со песната „Марш на Дрина“. Кандидатите ја напуштија сцената држејќи го Уставот на Србија.

„Нашите мандати ќе бидат во ваши раце, во рацете на народот. На 25 октомври, Србија победува! И знаете ли зошто? Затоа што студентите победуваат!“, рече првиот кандидат на листата, Илија Срдановиќ.

Пред него, студентката Наталија Степановиќ рече дека тие можат да ги исполнат студентските барања „само со промена на владата“. Таа исто така рече дека за 150 години некој ќе каже: „Тие беа тука и промената започна тука!“

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Први снимки од разодниот земјотрес од 7 степени во Кина: Луѓето бегаат во паника (ВИДЕО)

Првите снимки од земјотресот што го погоди кинескиот регион Тибет почнаа да се појавуваат на социјалните мрежи, додека се очекуваат подетални информации за последиците од земјотресот.

Први снимки од разодниот земјотрес од 7 степени во Кина: Луѓето бегаат во паника (ВИДЕО)

Според претходните извештаи, земјотресот го погодил подрачјето на округот Бакен во регионот Нагку, а неговите силни потреси предизвикале паника кај жителите, објави ДПА.

Според достапните информации, земјотресот имал магнитуда од 7,0 степени, а епицентарот бил на релативно мала длабочина, што може да го зголеми неговото влијание во околното подрачје. Сепак, во моментов нема сигурно потврдени податоци за бројот на можни жртви или обемот на материјалната штета.

Надлежните служби ја следат ситуацијата, додека се очекуваат нови информации од терен.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Јанчев: Нека е честит 23 Октомври - Денот на македонската револуционерна борба

Во чест на утрешниот државен празник, општинската зграда во Кавадарци е симболично осветлена во боите на македонското знаме.

Јанчев: Нека е честит 23 Октомври - Денот на македонската револуционерна борба

Со овој симболичен гест оддаваме почит кон храброста, пожртвуваноста и непокорниот дух на македонските револуционери, кои со својата борба ги поставија темелите на македонската државност.

Отсега, по повод секој државен празник, општинската зграда ќе свети во боите на македонското знаме, како симбол на почит кон нашата историја, традиција и национален идентитет.

Нека е честит 23 Октомври - Денот на македонската револуционерна борба, објави на ФБ градоначалникот Митко Јанчев.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер