По цел ден е намачкана со масло, поради неа мажите намерно си ги расипуваат автомобилите! фото - Канал 5

По цел ден е намачкана со масло, поради неа мажите намерно си ги расипуваат автомобилите! фото

Деими Розалес е девојка која работи како автомеханичар. 

По цел ден е намачкана со масло, поради неа мажите намерно си ги расипуваат автомобилите! фото

Таа си ја сака својата работа, за која вели дека можеби е малку повалкана, но е одличен извор на приходи бидејќи автомобили што се расипуваат има доволно. Неа на Тикток ја следат преку 300.000 лица, а таа покрај редовната промена на моторно масло и слични работи, почна да споделува и интересни содржини, па многу нејзини посматрачи можат да видат како бескрајно се забавува на работа. Таа таму крева тегови, боксува, вежба, танцува и слично, а сето тоа со помош на алтернативни реквизити кои претставуваат замена за теговите, пренесува Сан.

@daimeecharisma_rosales Love that I can work out on my breaks. #fyp #foryoupage #apprenticemechanic #womenintrades #garage #tires #axle #fitness #workout #strongwomen #escapism ♬ original sound - Daimee Charisma

Мажите ѝ се воодушевуваат, а жените ја фалат.

И покрај многуте објави во кои покажува дека вредно си ја врши работата слушајќи ги инструкциите од поискусните колеги, многумина се посомневаа дека Деими воопшто се занимава со механика. Таа на својот профил наТикток има и многу снимки на кои позира покрај автомобил во оскудна облека, а исто така добила и коментари во кои луѓето наведуваат дека таа всушност не е автомеханичар, туку работи како фотомодел во некоја од гаражите.

Еве што прокоментирале повеќето жени:

- Леле, верувам дека имаш многу редовни клиенти -

- Сега ми е јасно зошто маж ми нонстоп е на автомеханичар.

- Интересно е што речиси на секоја објава имаш гол грб и стомак -

- Мене шефот би ме исфрлил ако дојдам да работам во тоа -

- Дали таму работиш или си аниматор? -

- Ми се чини дека оваа млада жена само лудо се забавува – се редеа коментарите.

На крајот, Деими сподели видео на кое се гледа дека всушност нејзиниот татко е автомеханичар, а таа е вредна ќерка која трпеливо учи од него. Очигледно, може да се облекува како сака, со оглед на тоа што нејзиниот татко ѝ е шеф.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Здружението на медицински сестри „За нас, “ бараат носење на декларација за безбедност при работа

Здружението на медицински сестри и техничари „За нас“ бара спроведување на Декларацијата за безбедност кој беше донесена на петтиот меѓународен  конгрес во Струга на медицински сестри „Грижа за оние кои се грижат за сите“.

Здружението на медицински сестри „За нас, “ бараат носење на декларација за безбедност при работа

Во декларацијата се бара патека во која ќе биде заштитено здравјето на медицинскиот персонал, а со тоа и здравјето на пацеинетите.

Таа потенцира дека не само платата кај медицинскисте сестри важен е статутот, заштита на сестрите и итно носење на Законот за сестри со поддршка и на лекарската комора.

Бешлиовска како симбол ја носи униформата на медицинска сестра за правата на медицинскисте сестри. Се надева дека во наредниот период ќе бидат слушнати нејзините барања и униформата ќе биде достоен симбол на секоја сестра, акушерка и техничар во болниците.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Целата акција за вакцинација против грип ќе почне на време, уверува Клековски

Целата акција за вакцинација против грип ќе почне на време, уверува Министерот за здравство Сашо Клековски.

Целата акција за вакцинација против грип ќе почне на време, уверува Клековски

Целата акција за вакцинација против грип ќе почне на време, уверува Министерот за здравство Сашо Клековски, посочувајќи дека пристигнатите 30.000 вакцини се наменети за најризичните категории на граѓани, што значи дека принципот „прв дојден, прв услужен“ овој пат нема да важи. За да добиете бесплатна вакцина против грип ќе мора да се пријавите електронски, на „мој термин“, што се очекува да биде овозможено најдоцна од утре, а Центарот за јавно здравје ќе одредува кој има приоритет да биде имунизиран. Сепак, со цел да се поттикне пријавувањето, Министерот прв ќе се вакцинира.

-Мој термин треба да е денеска или утре подготвен и отворен за пријавување. Во моментот ја организираме логистиката и со Центрите за јавно здравје. Мое очекување е дека во оние стандардни термини кога започнувала имунизацијата во земјата а тоа е од 16-ти до 25 октомври ќе започне вакцинацијата. Јас ќе бидам првиот што ќе се вакцинирам за да го поттикнеме пријавувањето. Ние работиме да стигнеме до 80.000 дози да постигнеме. Ни беше важно да стигнат привите 30.000 за да почнеме веднаш со најризичните групи. На 15-ти ноември ќе ги имаме следните 26.000, а во меѓувреме работиме да го обезбедиме остатокот до 80.000. Ќе дадеме предност на ризичните групи. Кој проценува? Во основа по дијагнози Центрите за јавно здравје.- Сашо Клековски – Министер за здравство

Клековски вели дека денови се во прашање во однос на набавката на БСЖ вакцината против туберколоза од јапонски производител, откако пред една недела се стопираше имунизацијата на новороденцињата во Македонија со онаа од бугарскиот производител „Бул био“ поради алармот што пристигна од Хрватска за сомнежи за нејзиниот квалитет, што беше вклучен поради зголемен број на случаи на остеомиолитис, или инфекција на коските кај деца.

-Во тек е организација на логистиката, тие се набавуваат од централното депо на УНИЦЕФ, се завршуваат деталите и се навдевам дека за многу скоро ќе биде стигната во Македонија и дека нема да има проблеми во однос на прекинот на имунизацијата (колку долго ќе трае паузата), изјави Клековски.

Инаку Клековски денеска го отвори реконструираниот машки оддел во Психијатриската болница Бардовци за што се одвоени околу 300.000 евра за инсталации, решетки, прозорци и реновирање на тоалети, посочувајќи дека нечовечките услови во ваквите установи мора да станат минато.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Базенот „Партизан“ официјално предаден на Националната пливачка федерација

Училишниот базен „Партизан“ во Карпош официјално е предаден на Националната пливачка федерација на Македонија.

Базенот „Партизан“ официјално предаден на Националната пливачка федерација

Целта е базенот да се стави во функција на развојот на пливањето, со подобри услови за тренинзи и работа со младите пливачи.

Министерот за спорт Борко Ристовски најави дополнителна поддршка за Пливачката федерација, со цел пливањето повторно да добие поголемо значење во македонскиот спорт.“

„Пливањето да го вратиме онаму кадешто заслужува а тоа е да биде еден од спортовите што се приоритет на оваа Влада и на Министерството за спорт / За прв пат можеби во историјата Пливачката федерација ќе раководи со базени коишто ќе бидат доделени да ги стопанисува, за почеток се два базени и овој денес уште еден ќе бидат предадени на Пливачката федерација која ќе добие финансиска поддршка од Владата и Министерството за спорт.“ - Борко Ристевски

Базенот ќе има одредени термини за користење од страна на општината. Градоначалникот на Карпош, Сотир Лукровски, вели дека понатаму, во зависност од искуството и потребите, ќе се одлучува како ќе се организира неговото користење.

- „Во договорот кој денес го потпишавме и во разговор со претседателот и останатите членови на федерацијата одредивме број на термини кој ќе ги користи општината. Во прво време термините ќе бидат наменети за најмладите – за децата од прво до петто одделение 10:10 / 10:45 За кратко време ќе ја видиме потребата на школските деца што не значи дека доколку констатираме дека ни остануваат термини кој не се исполнуваат од децата ќе определиме нови целни групи на граѓани кои ќе можат да ги користат услугите на базенот“- Сотир Лукровски

За првпат Националната пливачка федерација на Македонија ќе управува со училишен базен. Од Федерацијата најавуваат дека базенот ќе се користи и за обука по пливање на децата од Општина Карпош, со цел уште од најмала возраст да се поттикне интересот за овој спорт.

- ,,Овој базен за прв пат во нашата историја да го управува Пливачката федерација. Ние сме благодарни и се надеваме дека пред граѓаните ќе ја оправдаме довербата што ни ја дадовте. / Пливачката федерација во наредниот период покрај спортските клубови ќе ја извршува обуката на наши спортисти и пливачи на територија на општина Карпош ќе врши обука на дечиња кои учат во основните училишта и тоа ќе биде со некоја динамика која ќе ја договараме,, - Сашо Лазаревски

Изградбата на базенот започна во септември 2023 година и чинеше 760.000 евра.. Станува збор за современ спортски објект со дименизии од 25 метри должина и 9 метри ширина, со длабочина која се движи од 0.80 до 1.20 метри, што овозможува безбедно користење и реализација на наставните и рекреативните активности.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер