По брзина на интернет сме рангирани на 78 место во светот

Државава според брзината на интернет е рангирана на 78 место во светот од страна на специјализираниот британски сајт за споредба на телекомуникациски услуги Cable.co.uk. 

Државава според брзината на интернет е рангирана на 78 место во светот од страна на специјализираниот британски сајт за споредба на телекомуникациски услуги Cable.co.uk. Просечната брзина на интернет во државава изнесува 7,97 мегабити во секунда (Mbps), а за преземање 5 GB филм се потребни 1 час 25 минути и 38 секунди. Лани бевме на 68. позиција со просечна брзина на интернет од 8,82 мегабити во секунда.

Од државите во регионот Словенија е на 27 место, Србија е 44-та, Хрватска на 49, Бугарија на 50, Грција на 57, Косово на 60. позиција… Најбрз интернет во светот има во Тајван, по што следат Сингапур, Шведска, Данска, Јапонија… На дното на листата, на 208. позиција, е Јемен.

Од топ 50-те држави со најбрз интернет, 37 се во Европа.

Просечната глобална брзина на широкопојасен интернет, измерена во мај лани до мај годинава изнесува 11,03 Mbps, што претставува раст за 20,65 проценти во однос на мерењата за претходната година. – Со просечната брзина преземање HD филм со големина од 5GB во Тајван би требало да трае осум минути и две секунди, а над 30 часа во Јемен, покажува истражувањето на Cable.co.uk. /МИА

Видео: Порие го нокаутираше „големиот“Мекрегор

Дастин Порие во УФЦ спектаклот во Абу Даби го нокаутираше големиот шампион Ирецот Колин Мекгергор.

Главната борба на вечерта заврши со иненадувачки нокаут на Конор Мегрегор.

Младиот Дастин стигна го голема победа со нокаут во втората рунда.

За Ирецот Мекгерор ова е првиот нокаут во кариерата во УФЦ.

Мечот започна со агресивни напади на популарниот „Ноториус“ Колин Мекгрегор со директи го напаѓаше Дастин, која пак беше подобар во клинч.

Порие во втората рунда изненади со еден десен директ по кој следеа серија удари од кои Мекгрегор не успеа да се врати во борба. Контроверзниот Мекгрегор на крајот спортски го прифати поразот и на му ја честиташе победата на Порие.

Намален бројот на активни случаи на заболени од Ковид-19, на инфективните одделенија има слобод

По големите регистрирани бројки на заболени со Ковид-19, во последниот период полека се стабилизира состојбата со епидемијата во земјава, за што е показател намалениот број на активни случаи. 

Во текот на последнава недела за над 3000 е намален бројот на активни случаи.

Од Министерството за здравсто посочија дека бројот на хоспитализирани лица постојано се менува, но истакнаа дека на инфективните одделенија има слободни кревети.

Според последните податоци, вкупно 274 лица сомнителни и потврдени за КОВИД -19 се лекуваат на инфективните оддели во Скопје.

– Во моментов на Кожната клиника во ковид центарот се лекуваат 18 пациенти, на Клиниката за неврологија 22 болни, а на Институтот за ТБЦ се примени вкупно 22 пациенти со симтоми на корона вирусот, во ковид центарот на Клиниката за нефрологија во моментов се сместени 20 пациенти. На Клиниката за Гастроентерохепатологија лежат 15 пациенти. Во ГОБ 8 Септември има вкупно 86 болни, а на Клиниката за инфективни болести лежат 79 пациенти, додека во Иститутот за белодробни заболувања кај деца Козле има 11 пациенти. Голем дел од пациентите се на кислородна поддршка, се наведува соопштението на МЗ.

Од Министерството за здравство наведоа дека според последните извештаи на болниците кои пристигнуваат кај нив на дневна основа, во болницата во Битола се хоспитализирани 32 пациенти позитивни и суспектни на КОВИД-19, во болницата во Штип се хоспитализирани 28 пациенти, на инфективното одделение во Тетово има 15 пациенти, во Велес се лекуваат 20 болни, а во Куманово 45 пациенти позитивни и суспектни на КОВИД 19, во ковид центарот во Охрид има хоспитализирано 40 пациенти, во Прилеп 29 во ковид центарот во Гостивар 17, а во Струга 16 болни. Во болницата во Струмица хоспитализирани се 21 пациенти, во Кочани 1 во Кичево 15, Кавадарци 17, во Гевгелија 3 лица, а во Дебар 11 позитивни и суспектни на корона вирусот.

– Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 584 и има околу 590 празни болнички кревети во ковид центрите. Во тек на денот се прават и исписи на оздравени пациенти со што ќе се ослободат дополнителни легла, истакнаа од МЗ.

Од Министерството истакнаа дека бројот на приеми во изминативе денови е стабилен.

Сите инфективни одделенија имаат довод на кислород и можат да згрижат пациенти кои имат потреба од кислородна поддршка.

Вкупниот број на ковид-дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 90471, оздравени пациенти се 76423, починати 2779. Досега се направени 441134 тестирања на КОВИД-19

Прoменливо облачно, попладне врнежи од дожд, на планините од снег

Времето денеска претпладне ќе биде прoменливо облачно, попладне почнувајќи од запад со врнежи од дожд, на планините од снег. 

Во вечерните и ноќните часови врнежите ќе се прошират на секаде и ќе се интензивираат, особено во западните делови (над 25л/м2) каде на места ќе бидат поројни и проследени со повремено силен југозападен ветер.

Според УХМР, на планините снежната покривка значително ќе се зголеми, а поради ветерот ќе има услови за појава на снежни наноси. Минималната температура ќе биде во интервал од два до осум, а максималната ќе достигне од седум до 14 степени.

Во Скопје прoменливо облачно, кон крајот на денот и во текот на ноќта со врнежи од дожд кои повремено ќе бидат со умерен интензитет. Ќе дува умерен до засилен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до три, а максималната ќе достигне до 10 степени.

Во понеделник во текот на денот ќе преовладува сончево време со умерена облачност и со умерен до засилен југозападен ветер. Кон крајот на денот и во текот на ноќта ќе има врнежи од дожд, на планините од снег, пообилни во западните делови. Поради продор на студена воздушна маса врнежите ќе преминат во снег и на некои од повисоките места. Снежната покривка дополнително ќе се зголеми, а поради засилениот ветер ќе има услови за појава на снежни наноси.

Во вторник и среда ќе преовладува студено време со засилен северозападен ветер и со повремени врнежи претежно од снег.

притисни ентер