По 800 ковид случаи во земјава на месечно ниво

Во земјава на месечно ниво има по 800 регистрирани случаи на Ковид - 19, а зголемена е и бројката на лица што се тестираат, рече денеска на новинарско прашање, Злате Мехмедовиќ, портпарол на Комисија за заразни болести.

Според него, во основа не се работи за сериозни бројки што би можеле да бидат причина за загрозување на здравствениот капацитет.

Засега била доволна препораката за носење заштитни маски во здравствените установи, вели Мехмедовиќ кој присуствуваше на редовниот брифинг на Министерството за здравство за новинари на тема „Редовна вакцинација на децата – факти и дезинформации“.

Комисијата за заразни болести на Министерството за здравство препорача задолжително да се користат маски само во здравствените установи како превенција од ширење на Ковид-19, но не се однесува за во аптеките или домови за стари лица.

Чави сака Роберто да остане во Барса

Тренерот на Барселона, Чави Ернандез, изрази желба да го задржи ветеранот Серхи Роберто во тимот, пренесува денеска шпанскиот весник „Мундо Депортиво“.

„Сакам да го продолжи договорот. Сега одлуката е на него. Тој знае што мислам. Може многу да ни помогне. Да се надеваме дека ќе го продолжи договорот“, изјави Чави за 32-годишниот играч од средниот ред, чиј актуелниот договор со Каталонците истекува на крајот од сезоната.

Барселона утревечер ѝ гостува на Валенсија во натпревар од 33. коло на шпанската Ла Лига, а Чави истакна дека целта на каталонскиот клуб е да ја задржи втората позиција на табелата на крајот на сезоната.

„Нашата цел е да завршиме на второто место во лигата и да се пласираме на завршниот турнир во Суперкупот. Сакаме да ја завршиме сезоната со добро чувство и со ентузијазам и сила да се подготвиме за следната“, додаде тренерот на Барселона.

Ковачки до Лога: Какво е чувството да се биде приврзок на Али

Какво е чувството да се биде приврзок на Али, за каква Европска Македонија зборувате со 2% доверба во судството контролирано од ДУИ, од обвинители до судии сите другари и функционери на Ахмети.

Господине Лога, вие сте непозната личност, исто како вашиот труд за Македонија.

Ако не бевте министер за правда, немаше јавноста да знае дека воопшто постоите. Но последиците од вашата неспособност се познати. Тие се бројат со најкатастрофалните извештаи за државата во поглед на правдата.

Вие сте министер за правда кога довербата во судството е под 3%.

Знаете зошто е така?

Затоа што другар на Али од Зајас е Ислам Абази, првиот човек на организиран криминал, како и Бурим Сејдини, исто од Зајас, кој е претседател на Управниот суд. Претседателите на основните судови во Тетово и Кичево, Хасан Асани и Амдије Зенку се поранешни функционери и активисти на ДУИ. Во врховниот суд е и Шпенд Деваја, сопругот на поранешната градоначалничка Теута Арифи.

Ова судство е на ДУИ. Затоа нема одговорност за ниту еден од ДУИ и нивните слуги од СДС.

Кога веќе лажно морализирате и си ја приграбувате идејата за Европска Македонија, да ве прашам, како е чувството да сте привезок на Али, да седите во неговиот скут и да зборите за Македонија?

Едното со другото не оди.

Еден Палчо од Турција го екстрадирате како да го носите од месечината. Ете толку сте способни.

Вашата пресуда доаѓа од народот на 8 мај.

Колку вие подалеку од политика, толку повеќе Македонија повторно на народот.

Линк од фб статус на Драган Ковачки, носител на ИЕ 3:

https://www.facebook.com/DraganKovachki/posts/pfbid0Hrfm22m2AGWApw4Ck4hR2obGmPzf4owdEinbT9Z32kvYYjFjhU68aHwDek2ADNLjl

Со почит,

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Русин избодел до смрт двајца Украинци во трговски центар во Германија

Двајца Украинци се убиени во сабота навечер во трговски центар во Мурнау, Германија, а до смрт ги избодел 57-годишен Русин, пишува Киев пост.

Во соопштението на баварската полиција се наведува дека една од жртвите, 36-годишен маж, починал на лице место, додека другата жртва, 23-годишен маж, вечерта им подлегнал на повредите во болницата.

Осомничениот руски државјанин по инцидентот е уапсен на домашна адреса, а истрагата е во тек.

Баварската полиција ги повика сите граѓани кои можеби го виделе нападот да контактираат со нив за да се расветлат околностите на овој напад кој однесе два животи. Информации за ова убиство пренесуваат и германските медиуми.

притисни ентер