Стадион од 12 милијарди долари со капацитет од 115.000 луѓе- дали на него ќе се одржи Светското првенство 2030.?
2Стадион од 12 милијарди долари со капацитет од 115.000 луѓе- дали на него ќе се одржи Светското првенство 2030.?
3 Осаменоста го менува мозокот и ја зголемува желбата за алкохол? Научници открија изненадувачки механизам
СветПо 76 дена , во Вухан е укината блокадата По 76 дена, кинеската влада ја укина блокадата на Вухан, градот каде што за прв пат се појави коронавирусот кон средината на ноември.Градот со 11 милиони жители ги затвори сите влезови и излегувања уште на 23 јануари и денеска конечно ги отвори, што значи дека туристите и жителите на другите градови конечно можат да го напуштат Вухан. Но, иако станува збор за голема промена, мерките за карантин сè уште важат за неговите жители. Градските власти предупредија дека опасноста од епидемија е сè уште заканувачка и дека нема причина да се напушти. Јавниот превоз на Вухан е во функција од крајот на март, а разни комерцијални и угостителски објекти полека се отвораат, иако сè уште е во сила забраната за граѓаните. Мерките воведени во Вухан на крајот на јануари беа досега невидени без преседан, но наскоро беа воведени од сите други земји што се борат против епидемијата. Повеќе од 50.000 луѓе биле заразени во Вухан, а 2.500 починале, иако жителите велат дека бројките не се реални, а бројот на загинатите е многу, многу поголем.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаО. Карпош: Обновена урбаната опрема во паркчето спроти „Олимпико“Во паркчето пред зградата на ул. „Митрополит Теодосиј Гологанов“ бр. 147, Општина Карпош спроведе активности за обнова и уредување на постојната урбана опрема. Целосно се заменети дотраените дрвени даски на клупите, додека масата е освежена и повторно офарбана, со што просторот доби поуреден и естетски изглед. Паркчето е простор што жителите го користат за одмор, релаксација и соседски дружења, па одржувањето на ваквите јавни површини е од особено значење за квалитетот на секојдневното живеење. Општина Карпош продолжува континуирано да вложува во одржување, обновување и унапредување на урбаната опрема, како и во поставување нова опрема согласно потребите и приоритетите на граѓаните. Заедничката грижа за јавните простори придонесува за уреден, функционален и пријатен Карпош. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаЈО: Постапка за загрозување на сигурноста на Претседателот на Владата на РМЈавен обвинител од Основното јавно обвинителство Куманово поведе постапка против 39-годишен жител на селото Черкези, поради основано сомнение да сторил кривично дело – Загрозување на сигурноста од член 144 став 5 од Кривичниот законик.Осомничениот, во пораки преку социјални мрежи, го навредувал и му се заканувал на Претседателот на Владата на РМ. Ценејќи ги околностите на извршување на делото, ризикот од бегство, а особено фактот дека осомничениот се јавува како извршител на други кривични дела од областа на насилниот криминал – насилство, лихварство и поголем број на прекршоци за нарушување на јавниот ред и мир, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерка притвор. Притоа, согласно обезбедените докази во однос на претходното поведение на осомничениот, станува збор за конфликтна личност која влегува во постојани расправии, закани и физички пресметки со пријавители, па се оценува дека постои реален ризик ваквите агресивни испади да прераснат во потешки кривични дела со животозагрозувачки последици со кои се заканува, стои во соопштението од Јавното Обвинителство. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЦУК: Во изминатото деноноќие 11 пожари, само еден е активен, останатите се изгасени08:25По „Безбеден град“ намален вкупниот број загинати на македонските патишта15:17Министерот Тошковски и премиерот Мицкоски во СВР Велес: „Безбеден град“ ставен во функција14:00Димитриеска-Кочоска: Бројките ја покажуваат реалната состојба, резултатите се видливи12:34Двајца загинати и тројца тешко повредени во директен судир15:00
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ: Политичките инсталации на СДС и ДУИ во правосудството повторно ја газат правдатаПолитичките инсталации на СДС и ДУИ во правосудството повторно ја газат правдата и ги штитат криминалците.Последните одлуки на правосудните органи се јасен доказ дека политичките инсталации во правосудството на СДС и ДУИ се уште работат. Судиите и обвинителите избрани во Зајас и Струмица, од Заев и Ахмети се уште работат во интерес на оние кои ги поставиле и ја нарушуваат довербата на граѓаните во правосудството. Во случајот „Ласкарци“ загинаа 16 граѓани. Во трагедијата со модуларната болница во Тетово животот го загубија 14 лица. Десетици семејства останаа без своите најблиски. А граѓаните денес гледаат правосуден систем од кој очекуваат одговорност, но наместо тоа добиваат одлуки што дополнително ја рушат довербата во институциите. Врховниот суд преводен од Африм Фидани, Џемаили Саити и Сафет Кадрии, ја укинаа пресудата за случајот Ласкарци во кој загинаа 16 граѓани и ги ослободи виновниците. Врховниот суд исто така на слобода го пушти и Стевчо Јакимовски, кој беше правосилно осуден за криминал. На Македонија не и треба судство кое ќе ги штити СДС и ДуИ. Владеење на правото и правдата во Македонија мора да има. Со почит, Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЦУК: Во изминатото деноноќие 11 пожари, само еден е активен, останатите се изгасени08:25По „Безбеден град“ намален вкупниот број загинати на македонските патишта15:17Министерот Тошковски и премиерот Мицкоски во СВР Велес: „Безбеден град“ ставен во функција14:00Димитриеска-Кочоска: Бројките ја покажуваат реалната состојба, резултатите се видливи12:34Двајца загинати и тројца тешко повредени во директен судир15:00