По 738 дена во заробеништво преживеаните израелски заложoници од Газа се вратија дома - Канал 5

По 738 дена во заробеништво преживеаните израелски заложoници од Газа се вратија дома

Страв, неизвесност и исчекување и наеднаш експлозија од емоции и воодушевување. По 738 дена во заробеништво на Хамас, сите 20 преживеани израелски заложoници од Газа се вратија дома.

По 738 дена во заробеништво преживеаните израелски заложoници од Газа се вратија дома

Плоштадот на заложниците во Тел Авив ечеше од еуфорија, додека возилата на Црвениот крст со заложниците се пробиваа по улиците на енклавата кон израелската граница. Прво заминаа на прегледи во три болници, а потоа следуваше моментот на вистината и прегратки со најблиските.

-Тој е во ред. Тој изгледа добро. Личи на себе, можеби изморено и со емоции. Според фотографијата изгледа како да бил на патување во Газа. , изјави мајка на заложник.

-Две годни ги чекаме заложниците да се вратат дома. Војната да престане, војниците да се вратат дома. Ова е историски ден, ова е среќен ден. , изјави жителка на Тел Авив.

-Само се молам сите да бидат здрави и силни. , изјави жителка на Тел Авив.

Додека израелските заложници пристигнуваа дома, и американскиот претседател Трамп пристигна во Тел Авив за да го овековечи најголемиот дипломатски успех досега во двата мандата. Следуваа 4-минутни овации во Кнесетот, а тој стана четвртиот американски претседател што некогаш се обратил во парламентот. Неговиот говор не го пореметија ниту транспарентите и негодувањата на двајца израелски левичарски пратенци, кои беа експресно исфрлен од салата. Започнува златна ера за целиот регион, рече Трамп.

-Ова не е само крај на војна. Ова е крај на ерата на терор и смрт и почеток на ерата на верата и надежта и на Бога. Тоа е почеток на голема согласност и трајна хармонија за Израел и сите нации од она што наскоро ќе биде навистина прекрасен регион. Цврсто верувам во тоа. Ова е историската зора на еден нов Блиски Исток. , изјави Доналд Трамп, претседател на САД.

-Доналд Трамп е најголемиот пријател на Израел што некогаш бил во Белата куќа. Ви благодарам што се спротивставивте на лагите против Израел во Обединетите нации. , изјави Бенјамин Нетанјаху, премиер на Израел.

Еуфоријата попладнево од Израел се прелеа и во Рамалах, каде согласно договорот, речиси две илјади палестински затвореници со автобуси пристигнаа на Западниот Брег, откако беа ослободени од израелските затвори.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

„Чорбаџи Теодос“ на НУ Народен театар Битола дел од годинешниот фестивал „Интерфест“

Кога една од најпознатите македонски драми ќе се сретне со фестивал кој со децении ја слави уметноста, сцената добива посебна енергија.

„Чорбаџи Теодос“ на НУ Народен театар Битола дел од годинешниот фестивал „Интерфест“

На јубилејното, 35. издание на Интерфест – Битола, Народниот театар Битола ја носи својата добро позната и сакана претстава „Чорбаџи Теодос“, по текст на Васил Иљоски, во режија на Дамјан Димовски.

Драматург на претставата е Билјана Крајчевска. Сценографијата е на Валентин Светозарев, костимографијата на Благој Мицевски.

Во претставата играат Живко Борисовски, Марија Стефановска, Александар Димитровски, Никола Стефанов, Сандра Грибовска Илиевска, Елена Моше, Никола Пројчевски, Александар Копања, Петар Спировски, Марија Цветановска.

Премиерата на ,,Чорбаџи Теодос“ беше на 26.мај 2026.

Напишана во 1937 година, приказната за Теодос и светот во кој живее и денес звучи неверојатно блиску. Само околностите се промениле. Човечките слабости, борбата за моќ, интересот, гордоста и потребата да се биде над другиот – остануваат препознатливи. А токму во тоа е нејзината сила: да нè насмее, да нè препознае и можеби, малку да нè замисли.

Овојпат, „Чорбаџи Теодос“ доаѓа како дел од фестивалската програма на Интерфест – празник на уметноста кој повеќе од три децении ја збогатува културната сцена на Битола. Истата ќе се изведе на 6 октомври 2026, од 20:00 часот, во Големата сала на Народен театар Битола.

Влезници онлајн на следниот линк:

https://narodenteatarbitola.com/events/teodos-interfest/

Годинешното 35 то издание на Интернационалниот фестивал на класична музика „Интерфест“ Битола беше отворено со балетската претстава „Шехерезада“ од Николај Римски-Корсаков, а во изведба на Македонската опера и балет на големата сцена на Центарот за култура.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Русите го погодија клучниот мост во Киев преполн со автомобили

Руските сили го погодија Северниот мост во Киев со дрон, оштетувајќи го патот, изјави градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко.

Русите го погодија клучниот мост во Киев преполн со автомобили

„Коловозот на Северниот мост е погоден. Службите за итни случаи се упатуваат кон местото на настанот“, рече Кличко.

Снимки од нападот на мостот, кој е преполн со автомобили, се појавија на социјалните мрежи. Постојат стравувања дека може да има жртви.

Русија отвори сосема нова фаза од својата воздушна војна против Киев оваа недела. Таа започна систематски да ги таргетира стратешките мостови преку реката Днепар што ги поврзуваат источните и западните делови на украинскиот главен град.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

OJO: Оружје, експлозив и муниција пронајдени во домот на скопјанец, поведена истрага

При претрес во домот на осомничениот, полицијата открила и запленила поголемо количество оружје, муниција и експлозивна материја која на граѓаните им е забранета.

OJO: Оружје, експлозив и муниција пронајдени во домот на скопјанец, поведена истрага

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 33-годишен скопјанец за кривични дела – Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи од член 396 став 5 во врска со став 3 и став 1 и Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од члњн 215 став 1 од Кривичниот законик.

При претрес во домот на осомничениот, полицијата открила и запленила поголемо количество оружје, муниција и експлозивна материја која на граѓаните им е забранета – една рачна бомба „М75“ со имплементирани метални кугли со дијаметар од околу 2мм со шрапнелско дејство, вкупно 240 куршуми со различен калибар, пиштол марка Црвена Застава со калибар 7.65 mm, со една рамка со седум куршуми, пиштол марка Берета, со рамка во која имало шест куршуми, како и околу 7 грама марихуана.

Во станот бил пронајден и клуч од мотор за кој постојат оперативни сознанија дека бил искористен при извршување на кривично дело убиство.

Бидејќи постојат околности што укажуваат дека мерката притвор е неопходна за непречено водење на кривичната постапка, јавниот обвинител до судот поднесе и предлог за определување на најстрогата мерка.

Притоа, јавниот обвинител ја истакна опасноста за бегство и можноста осомничениот да продолжи да врши кривични дела, како основ за определување на притворската мерка.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер