3Искра Хаџи Василева даде свечена изјава за стапување на функцијата основен јавен обвинител во ОЈОГОКК
ЖивотПо 70 години , откриен дневникот на полската Ана Франк (ВИДЕО)По речиси 70 години е откриен дневникот на полско – еврејската тинејџерка Ренија Шпигел , а бил скриен во трезор на една банка во Њујорк.Нацистите ја убиел Ренија во 1942 година , токму кога наполнила 18 години , а нејзината приказна била премногу болна за да ја прочитаат мајка и и сестра и. Книгата „Дневникот на Ренија: Животот на една млада девојка во сенка на холокаустот“ ќе биде објавена од нејзиното семејство. Тие веќе го споредуваат со дневникот на Ана Франк, пренесува Си-Ен-Ен. Издавачот на книгите „Пингвин“ ја опишува книгата како „извонредно сведоштво за ужасите на војната и животот што постои дури и во најтемните времиња“, а ќе биде објавена на 19 септември. Девојчето живеело во градот Пржимил во југоисточна Полска, кое беше под советска окупација уште од 1939 година, се додека нацистичката Германија не го нападнала Советскиот Сојуз две години подоцна. Дневникот е напишан на речиси 700 страници и започнува во јануари 1939 година, кога Рениа имала 15 години. Тоа е хроника за бегство од бомбардирањето на нејзиниот роден град, исчезнувањето на другите еврејски семејства и создавањето гета. Ренија и нејзината сестра Елизабета (која е родена Аријана) се разделени од нивната мајка, која била на германската страна за време на војната. Скоро секој запис во дневникот завршува со „Бог и Булус ќе ме спасат“, при што Ренија го користи прекарот на нејзината мајка. Како инспирирана поетеса, Ренија го наполнила дневникот со десетици песни, како и приказни за нејзината прва љубов, момчето Зигмунд Шварцер. Двајцата прв пат се бакнуваа неколку часа пред да пристигнат нацистите во Пржимил. Ренија е убиена во јули 1942 година на 18-годишна возраст, откако нацистите откриле дека се крие во таванот на семејната куќа.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Шоу бизБлокирана сметката на Јелена Карлеуша поради присилна наплата!!Сметката на Јелена Карлеуша е блокирана поради присилна наплата, должи 800.000 динари, а компанијата и претходно имала проблеми.Компанијата на Јелена Карлеуша, „JK Entertainment“, е во големи проблеми, а сега се дозна дека сметката е блокирана. Пејачката Јелена Карлеуша се најде во сериозни финансиски проблеми, а ова не е првпат таа да се соочи со ваква ситуација. Имено, најновите информации покажуваат дека фирмата во нејзина сопственост, која работи под името „JK Entertainment“, повторно е блокирана поради присилна наплата. Според податоците од официјалните евиденции на Народната банка на Србија, сметката на претприемачкиот субјект „Jelena Karleuša PR performing arts JK Entertainment“ има статус „блокирана поради присилна наплата“, а вкупниот износ на блокадата изнесува 788.703,15 динари. Најновата блокада е евидентирана на 6 ноември оваа година и, според податоците од 11 ноември, таа трае веќе пет дена. Од достапните податоци не може да се утврди кому му се должат парите, ниту пак врз која конкретна основа е покрената присилна наплата. Нејзината сметка и претходно била блокирана Ова не е првпат компанијата на познатата пејачка да се најде во ваква ситуација. Според евиденцијата, сметката била блокирана во пет наврати во текот на изминатите пет години, вклучително и оваа година. Првпат сметката на Карлеуша била во блокада на 17 октомври 2023 година, кога блокадата траела еден ден. Само една недела подоцна, на 25 октомври, сметката повторно била блокирана, овојпат во траење од осум дена. Финансиски тешкотии во вид на блокирани сметки биле забележани и на 26 септември 2024 година, кога блокадата траела еден ден. Слична ситуација се повторила и оваа есен, кога сметката била блокирана во периодот од 1 до 12 октомври, односно вкупно 11 дена, по што повторно била блокирана на 6 ноември. Присилната наплата подразбира постапка во која Народната банка на Србија, врз основа на соодветни извршни одлуки или налози, ги наплатува обврските од сметката на должникот без негова согласност. Ваквата наплата може да се спроведе по различни основи, вклучувајќи даночни и други јавни долгови, судски одлуки, како и одредени налози од доверители. Во овој конкретен случај, јавно достапните податоци го покажуваат износот и времетраењето на блокадата, но не ја откриваат природата на обврската поради која е покрената постапката. Инаку, фирмата „JK Entertainment“ е регистрирана во 2021 година за дејност во областа на изведувачките уметности.Тагови: Јелена Карлеуша Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаКанал 5 Телевизија со барање за извинување од Славе МладеновскиПоради тврдењата на Славе Младеновски од Здружението на медијатори на ЈИЕ, изнесени по електронски пат со содржина:„Има ли некој што мисли дека Канал 5 не добива пари за ваков вид емисии“, Канал 5 Телевизија бара официјално извинување во рок од 24часа Поради тврдењата на Славе Младеновски од Здружението на медијатори на ЈИЕ, изнесени по електронски пат со содржина: „Има ли некој што мисли дека Канал 5 не добива пари за ваков вид емисии“, Канал 5 Телевизија бара официјално извинување во рок од 24 часа. Во спротивно, ваквите инсинуации Младеновски ќе треба да ги докаже на суд. Бришењето на коментарот нема да влијае врз одлуката да се поведе правна постапка. На вчерашниот исечок од емисијата „Само вистина“, Младеновски коментираше и инсинуираше дека Канал 5 добивала пари за емисијата, која е бренд во македонскиот етер. На овој начин, Канал 5 сака да ги заштити својот углед, угледот на новинарите и слободата на говорот. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПродолжението на надзорната расправа во Собранието за АЛТА банка ќе биде дополнително утврдено 08:32Мицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура18:20Лукаревска до Славески: Го урнисавте банкарскиот сектор, поднесете си оставка 15:16Случајот „АЛТА банка“ денеска на надзорна расправа пред матичната собраниска комисија11:21Собранието го усвои амандманот со кој се брише членот 13 од измените на Законот за јавните набавки08:34
Мицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура18:20
Собранието го усвои амандманот со кој се брише членот 13 од измените на Законот за јавните набавки08:34
ЗабаваФото: Најпознатата хрватска навивачка покажа како навистина изгледа деколте „до папокот“Најпознатата хрватска навивачка повторно привлекува внимание: Покажа како навистина изгледа деколте „до папокот“.Хрватската навивачка, инфлуенсерка и диџејка Ивана Кнол повторно го привлече вниманието на јавноста со смело модно издание. Овој пат „жешката“ Ивана блесна на еден настап во Лас Вегас, каде што се појави во тесен, проѕирен чипкаст комбинезон кој остави малку простор за имагинацијата. Кнол, која стана позната во јавноста како една од најстрасните навивачки на хрватската фудбалска репрезентација, во последните години гради и диџејска кариера, а нејзините модни избори редовно предизвикуваат коментари на социјалните мрежи. За настапот во Лас Вегас, таа избра црн комбинезон со долги ракави, изработен од проѕирна тантела со цветен дезен.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook