По 7 години Клиниката за максилофацијална хирургија ќе добие и економски директор - Канал 5

По 7 години Клиниката за максилофацијална хирургија ќе добие и економски директор

По седум години работа само со медицински директор, Клиниката за максилофацијална хирургија ќе добие и економски директор, потврдуваат извори од клиниката за Канал 5. 

По 7 години Клиниката за максилофацијална хирургија ќе добие и економски директор

Од министерството за здравство официјално на поставеното прашање ниту потврдија ниту негираа. И исто така не одговорија зошто на клиниката и е потребен економски директор кога со голем број на заминување на медицински сестри клиниката работи со намален капацитет. Она што објаснија во телефонски разговор од министерството за здравство дека економските директори законски се поставуваат и се разгледува можноста и оваа клиника да добие економски директор. Според извори на Канал 5 новиот економски диркетор доаѓа од редовите од партијата Алијанса на Алабанците, чиј член е и министерот за здравство Меџити.

Но од министерството за здравство не добивме одговор дали ќе има нови вработувања во оваа клиника. Канал 5 стапи во контакт и со другите клиники каде потврдија дека со заминување на персонал во пензија, и да нема скоро нови вработувња, а обемот на работа со панедемијата на Ковид 19 е зголемена.

Министерот за здравство Фатмир Меџити е еден месец министер. Тој и на привот брифниг со новинарите пред еден месец посочи дека економските директори ќе останат. Но, и вети дека секое испразнето место на медицински персонал ќе направи напори да се пополни.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Менаџерот на Верстапен ја откри одлуката за иднината во Ред Бул

Холанѓанецот Макс Верстапен (28) ќе остане во Ред Бул до истекот на неговиот договор во 2028 година, потврди неговиот менаџер Рејмонд Вермелен, со што се стави крај на шпекулациите за иднината на четирикратниот светски шампион.

Менаџерот на Верстапен ја откри одлуката за иднината во Ред Бул

Менаџерот на 28-годишниот Холанѓанец беше јасен во врска со гласините што го поврзуваат Верстапен со трансфер во Мекларен или Мерцедес. „Имаше многу написи, но единствената вистина е дека Макс сака да го почитува својот договор до крајот, до 2028 година“, рече Вермелен. Тој потврди дека договорот содржи клаузула за предвремено раскинување, но нагласи дека нема да се активира. „Не ја користевме таа клаузула порано, а нема ни во иднина“, рече тој.

Лоша сезона како извор на шпекулации

Гласините за заминување на Верстапен се засилија поради невообичаено лошите резултати на Ред Бул оваа сезона. Четирикратниот светски шампион (2021-2024), кој има 71 победа во кариерата, моментално е само на седмото место во пласманот кај возачите со 76 бода. Лидер е Италијанецот Кими Антонели со 179 бода, а пред Холанѓанецот се уште Џорџ Расел (154), Луис Хамилтон (147) и Шарл Леклер (108).

Ситуацијата не е подобра ниту во пласманот кај конструкторите, каде што Ред Бул го држи четвртото место со 128 бода. Напред се Мерцедес со 333 бода, Ферари со 255 и Мекларен со 179 бода.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Најмалку 11 загинати во пожар во дом за згрижување во Алжир, пожарникарите со часови неуспешно се бореле (ВИДЕО)

Единаесет лица загинаа, а 19 се повредени во пожар што избувна во дом за згрижување во Алжир, главниот град на истоимената земја.

Најмалку 11 загинати во пожар во дом за згрижување во Алжир, пожарникарите со часови неуспешно се бореле (ВИДЕО)

Цивилната заштита објави дека пожарникарите ја започнале интервенцијата ноќеска во 3:30 часот по локално време, пишува Би-Би-Си.

Интервенција на пожарникарите

Повеќе од три часа по почетокот на операцијата, пожарот сè уште се гаснел.

Десет противпожарни возила и 16 амбулантни возила биле испратени на терен. Властите известија дека за време на интервенцијата, пет лица со посебни потреби биле згрижени и преместени на безбедна локација.

Посетата на премиерот и контекст на топлотниот бран

Алжирскиот премиер Сифи Гриб посети две болници во Алжир за да ги посети повредените во пожарот. Државните медиуми објавија информации за посетата со фотографија од премиерот покрај дете во болнички кревет.

Податоците за возраста на жртвите не се објавени. Инцидентот се случил во време кога Алжир е во канџите на топлотен бран. Според извештајот на новинската агенција АФП, во земјата се регистрирани речиси 1.000 пожари за период од една недела.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Американскиот астронаут Олдрин на Месечината однел и советско знаме, сега е продадено за 80.000 долари

Советското знаме што астронаутот Баз Олдрин го носеше на мисијата Аполо 11 што слета на Месечината е продадено во „Сотбис“ во Њујорк за 80.000 долари, според резултатите од аукцијата.

Американскиот астронаут Олдрин на Месечината однел и советско знаме, сега е продадено за 80.000 долари

Семејството на Олдрин го објави знамето со проценета цена од 7.000 до 10.000 долари пред продажбата. Знамето беше придружено со потпишано писмо од астронаутот со кое се потврдува неговото потекло.

Според огласот, црвено-жолтото советско знаме, со димензии 10 x 15 сантиметри, било носено на командниот модул Колумбија за време на историската мисија Аполо 11 во јули 1969 година.

„Летав на Месечината со Аполо 11“, напиша Олдрин на знамето.

Според астронаутот, тој го зел советското знаме со себе како гест на добра волја и за да покаже дека слетувањето на Месечината е достигнување за целото човештво, а не само за Соединетите Американски Држави. Покрај американското знаме, личниот комплет на Олдрин вклучувал знаме на Тексас, знаме на Њу Џерси и советско знаме.

Луѓето за прв пат слетаа на површината на Месечината на 20 јули 1969 година.

Американските астронаути Нил Армстронг и Баз Олдрин, членови на екипажот на Аполо 11, го постигнаа подвигот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер