Започна првиот ИКТ бизнис форум - Македонија – Грција: МАСИТ и Setpe потпишаа меморандум за соработка
Муцунски: Има сериозен интерес од ЕУ за раздвижување на процесите со Бугарија и доколку е искрено ќе има решение
1Започна првиот ИКТ бизнис форум - Македонија – Грција: МАСИТ и Setpe потпишаа меморандум за соработка
2Муцунски: Има сериозен интерес од ЕУ за раздвижување на процесите со Бугарија и доколку е искрено ќе има решение
МакедонијаПо 5.000 денари за секое новороденче во Општина БутелСекое новороденче во општина Бутел ќе добие еднократен паричен надомест во износ од 5000 денари. Градоначалникот Дарко Костовски изрази задоволство и истакна дека предизборното ветување за финасиска поддршка од 3000 денари за новороденче, се исполнува со зголемување на помошта, во износ од 5000 денари. - Локалната самоуправа за првпат обезбедува средства во износ од 5000 денари, како резултат на домаќинска работа и менаџирање на буџетот. Финансиската поддршка за секое новороденче е активност во рамки на програмата за социјална заштита за 2026 година и заложба на градоначалникот за подобрување на условите за младите семејства во општина Бутел. Покрај тоа, локалната самоуправа инвестира во инфраструктура која ќе ја подобри иднината на секое дете – се градат две градинки во Бутел 1 и Бутел 2, а наскоро ќе започне изградба на нови градинки во Радишани, Визбегово и Бутел 1. Општина Бутел гради и создава услови за иднина за секое семејство, се неведува во соопштението од Општина Бутел.Тагови: Општина Бутел Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаЗапочна првиот ИКТ бизнис форум - Македонија – Грција: МАСИТ и Setpe потпишаа меморандум за соработкаФорумот, организиран од МАСИТ во соработка со грчката асоцијација SETPE, ги обедини претставниците на ИКТ индустријата.Со учество на над 130 претставници на компании, институции и организации од Македонија и Грција, денеска во Скопје започна првиот „North Macedonia – Greece Digital Bridge & Business ICT Forum“, настан посветен на продлабочување на економската и технолошката соработка меѓу двете земји. Форумот, организиран од МАСИТ во соработка со грчката асоцијација SETPE, ги обедини претставниците на ИКТ индустријата, државните институции и бизнис-заедницата со цел создавање нови партнерства, размена на знаење и отворање нови можности за регионален раст. Во рамки на свеченото отворање беше потпишан и Меморандум за соработка помеѓу МАСИТ и SETPE, документ кој претставува основа за поинтензивна институционална соработка, размена на искуства и заеднички активности во областа на дигиталната економија, иновациите и технолошкиот развој. Претседателот на МАСИТ, Јордан Димитровски, истакна дека форумот е создаден со јасна цел – да ги поврзе компаниите од двете земји и да создаде конкретни деловни можности. „Денешниот форум не е само уште една конференција или настан за вмрежување. Тој е создаден со многу конкретна цел – да ги поврзе компаниите, да поттикне директен дијалог и да создаде нови бизнис можности меѓу нашите две земји. Меморандумот што денес го потпишуваме не е крајна дестинација, туку почетна точка за посилна соработка, поголема размена на знаење и повеќе можности компаниите од двете земји да работат заедно“, изјави Димитровски. На отворањето се обратија и министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски, амбасадорката на Република Грција во Македонија Н.Е. Софија Филипиду, заменик-министерот за дигитална трансформација Радослав Настасијевиќ Варџиски и претседателот на SETPE, Анастасиос Манос. Во текот на денот учесниците ќе имаат можност да присуствуваат на презентации, тематски дискусии и над 150 однапред организирани B2B средби насочени кон создавање конкретни деловни партнерства и нови заеднички проекти. Организаторите очекуваат токму овие средби да резултираат со нови соработки и да придонесат за натамошно поврзување на технолошките екосистеми на Македонија и Грција.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаМуцунски: Има сериозен интерес од ЕУ за раздвижување на процесите со Бугарија и доколку е искрено ќе има решениеЕвропската унија има желба да стимулира дијалог меѓу Македонија и Бугарија, има сериозен интерес за раздвижување на процесите и доколку е искрено ќе има решение изјави утринава Тимчо Муцунски министерот за надворешни работи и надворешна трговија.Според него наредната недела е можна средба со бугарската страна и додаде дека несомено е дека треба да има дијалог. Тагови: Тимчо Муцунски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Рецепти„Гответе со Дракче“ - Пилешко во соја сосВо четврток (28.05.2026) во емисијата гостин ни бeше Андријана Ади КостадиновскиСостојки за денешниот рецепт: 250 гр. пилешки стек 1 морков 1 тиквичка 1 главица кромид 1 страк праз 200 гр. шампињони 3 лажици соја сос малку буковка малку сусам масло сол и др. зачини по избор Погледнете како се подготвува овој рецепт: Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиКривичниот суд одреди 30 дена притвор за Стефан Богоев и други три лица10:2730 дена притвор за четворицата обвинети за тендерот во Царина, меѓу кои Стефан Богоев22:53Обвинителството бара притвор за четворицата, меѓу кои и Стефан Богоев- можна е вмешаност и на други лица 20:22Екс директорот на Царина, Стефан Богоев во Кривичен суд поради злоупотреби на јавни набавки 18:20Побаран притвор за четворицата приведени за злоупoтреба на тендери во Царина15:00
Обвинителството бара притвор за четворицата, меѓу кои и Стефан Богоев- можна е вмешаност и на други лица 20:22